логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 14321.Donacija.jpg

ДОНАТОРСКИ ВИП КОКТЕЛ ЗА ДЕТСКИОТ УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

 14321.Donacija.jpg

 14321.Donacija.jpg

       Маја Иванова: Да донираме, за нашите деца станува збор!



Во првата фаза од кампањата се собрани 55 илјади евра за реконструкција на Клиниката за детски болести, а во втората фаза кампањата ќе опфаќа донации за набавка на медицинска опрема
14321.Donacija.jpg

Собрани се сите средства за реконструкција на просторот на детскиот ургентен центар на Универзитетската клиника. Околу 55 илјади евра колку што првично било проценето дека ќе биде потребно за обнова на Клиниката за детски болести како донација стигнале од турската Меѓународна агенција за соработка и развој "Тика".
14321.Donacija.jpg

Информацијата завчера ја соопшти првата дама на Република Македонија и покровител на кампањата, Маја Иванова на специјално организираниот донаторски ВИП коктел во Младинскиот културен центар. Иницијатори на кампањата се Амбасадата на Кралството Холандија во РМ, сопругата на амбасадорот на САД во Македонија, Мери Џо Волерс, невладината организација "Линк акрос" и маркетинг агенцијата "Њу момент".
- Сакам да искажам посебна благодарност до човекот, чија визија е дека треба да изградиме иднина за младите, но и млади за иднината. Од кога го слушна концептот на кампањата веднаш ја даде својата лична поддршка, за нашите деца станува збор ми рече, тие се иднината на нашата земја, благодарам за безрезервната и огромна поддршка за оваа кампања и за сите активности, што ги добивам од мојот сопруг Ѓорѓе Иванов, рече Иванова.

Првата фаза е наменета за реновирање и адаптирање на просторот, односно да се додадат водовод, канализација, довод на гасови бидејќи ќе се направи и мини интензивна во која ќе може веднаш да се згрижат тешките случаи. За изведбата на градежниот дел ќе се објави тендер на кој ќе се избере најповолната понуда од компаниите.

Освен "Тика", списокот на донатори е долг, пристигнале и донациите од Тинекс маркет, амбасадата на државата Катар, амбасадата на Сојузна Република Германија, бизнис-заедницата.
Во последно време почнаа да се случуваат многу работи на универзитетската клиника за детски болести, но ова е кулминацијата на сето тоа за кое се бориме, а тоа се спасување на животи на нашите дечиња, посочија од детската клиника.
14321.Donacija.jpg

-Практично во оваа донаторска кампања која заврши со ваков донаторски коктел, верувам и знам дека ќе ги добиеме средствата потребни да го направиме тоа што го ветуваме, а тоа ќе значи и врв во медицината што барем за мене значи остварување на мојот сон, а тоа е да ги спасуваме дечињата адекватно како што тоа го прават секаде во светот, изјави д-р Аспасија Софијанова.

14321.Donacija.jpg


Сопругата на американскиот амбасадор во Македонија, пак, посочи дека една од причините да се приклучи на оваа кампања е што работела како медицинска сестра.
- Во САД работев како медицинска сестра и знам што значи да се помага на луѓето, па ми изгледаше одлична прилика да се помогне и на Клиниката за детската болести. Ова е една од поголемите кампањи што ги имам видено, ја сакам Македонија и сакам да помагам, посочи Мери Џо Волерс.

По првата фаза ќе следи и втора фаза од кампањата во која сите доброчинители што сакаат да ја помогнат обновата на детската клиника ќе може да донираат средства за набавка на медицинска опрема и подобар амбулантен простор.

Текст: (С.Тр.)Вечер

  14321.Donacija.jpg



 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

29/07/2024 - понеделник

Св. свештеномаченик Атиноген, епископ Севастиски во Ерменија; Св. маченичка и девица Јулија; Петанесет илјади Свети маченици; Св. маченик Атиноген; Споменот на шесте Вселенски Собори;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Младенци постојано кон Тебе итаат Христе Боже,душа не знае за години,Кирик топла љубов посакувајќи,

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная