Господи,
Ти си му помогнал на кроткиот Давид во борбата и си го направил способен да го
надвладее иноплеменикот; Притекни напомош на Твојот Православен народ, и со
оружјето на Крстот порази ги нашите противници. Со Твојата штедрост покажи ни ја
Твојата милост како некогаш и направи да познаат (противниците наши) дека Ти Си
Бог и дека ќе победиме ние, кои на Тебе се надеваме. По молитвите на Твојата
Пречиста Мајка, дарувај ни милост голема.
Вечерна, Крстопоклнона
Недела
Поуки на светите отци: Ако малку проштевате, и
Он малку ќе ви прости! Ако многу проштевате, Он многу ќе ви
прости!
Свети Јован Златоуст
Молитва:
Со вера во силата на Чесниот
Крст Твој да го положиме животот во Твоите раце, Господи, и да бидеме
непоколебливи кога ќе ни отежне патот, предано служејќи Ти без отстапување,
зашто сакаме да ти служиме по волјата Твоја. Амин.
Читање од Светото Писмо:
Исаија 9, 9-21;
10, 1-4
Битие 7, 1-5
Соломонови Изреки 8, 32-36; 9, 1-11
Созерцание: Зашто кој ме наоѓа мене, наоѓа живот и добива љубов од
Господа.
Соломонови Изреки 8, 17
Подготви: А.Л.
Светата маченичка Фотина
Таа е жената Самарјанка која ја имаше ретката среќа да позборува со Самиот Господ Христос, на Јакововиот извор кај Сихем (Јован 4). Откако поверува во Исус Христос, таа тргна да го проповеда Евангелието заедно со своите двајца синови Виктор и Јосија и со петте сестри, коишто се викаа: Анатолија, Фота, Фотида, Параскева и Киријакија. Тие дојдоа во Картагена во Африка. Но во времето на царот Нерон ги осудија и ги доведоа во Рим, па ги фрлија во затвор. По Божја Промисла Домнина, ќерката на Нерон, дојде во допир со Света Фотина и ја прими Христовата вера. После затворот сите пострадаа за Христа. Фотина ја фрлија во бунар и таму го заврши земниот живот влегувајќи во бесмртното царство на Господ Христос.
Друго:
Великопосни Богослужби (14.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
+++
Друго:
- Великопосни Богослужби (14.02.2010)
- ПОНЕДЕЛНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (15.02.2010)
- ВТОРНИК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (16.02.2010)
- ЧЕТВРТОК ОД ПРВАТА СЕДМИЦА ОД ПОСТОТ (18.02.2010)
СИНАКСАР - Оној што отпадна заедно со паднатите (ангели), поради слатката храна (Сиропусна недела)
дготви: А.Л.