логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 28 март 2013 (МИА) - Национална кампања почнува денеска со цел собирање средства за реконструкција и адаптација на простор за педијатриски Ургентен центар на Клиниката за детски болести, кој ќе овозможи подобра и навремена здравствена заштита на децата, односно на пациенти до 18 години. Во рамки на кампањата која се одвива под мотото „Да помогнеме навреме“ потребно е да се соберат 55 илјади евра. Ургентниот центар ќе биде сместен на приземјето на Клиниката на површина од 130 м2.

Директорката на Клиниката, Аспазија Софијанова денеска на прес-конференција рече дека средствата ќе бидат наменети за реновирање и адаптирање на просторот, спроведување електрична инсталација, вентилација, водовод, канализација и системи за медицинска грижа. Тоа, посочи таа, во превод значи една мала мини болница каде што ќе можат веднаш да се згрижат децата.

- Средствата е предвидено да се соберат на донаторски коктел за ВИП личности што под покровителство на сопругата на претседателот, Маја Иванова ќе се одржи на 2 април во Македонскиот културен центар, како и преку лични донации од граѓаните на специјално отворениот телефонски број за оваа кампања 14321, истакна Софијанова.

Посочи дека моментално општата амбуланта на Клиниката каде се третираат сите пациенти, како и итните случаи е само една просторија со несоодветни услови за закажување на овие пациенти, а посебно за обезбедување соодветна и квалитетна итна помош.

- Со изградба на детскиот Ургентен центар ќе ги надминеме сегашните проблеми. Имаме недостиг од простор кој сметаме дека е важен особено просторот за тријажа, што значи распределување односно групирање на болните во групи според природата на болеста и според обликот и итноста на медицинската помош која треба да ја добие едно дете, набљудување и првичен третман, додаде Софијанова.

Главен покровител на Националната кампања е сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова која рече дека за секој родител не постои ништо повредно и поскапоцено од животот на неговото дете.

- Јас ќе кажам за секој од нас не постои ништо повредно и поскапоцено од животот на секое дете. Верувам и очекувам дека граѓаните на Република Македонија ќе ја препознаат оваа голема и благородна мисија и акција и ќе дадат голема поддршка без разлика на нивната верска, етничка или национална припадност, зошто децата се нашата иднината, а и се тие кои секогаш не обединуваат. Секундите се многу значајни во спасување на еден детски живот во ваков Ургентен центар, истакна Иванова.

Партнери во кампањата се сопругата на амбасадорот на САД, Мери Џ.Волерс, холандската амбасадорка Мариет Шурман и Клеј Батемер од НВО „Линка Крос“.

Батемер рече дека детскиот Ургентниот центар ќе придонесе кон нивната визија секое дете во Македонија да има соодветен пристап до грижа.

- Во нашата улога како консултант во Клиниката „Линка Крос“ донесе американски доктор по ургентна медицина кој ни помогна да го концепираме Ургентниот центар. На крајот од месецов ќе пристигне уште еден специјалист по педијатриска ургентна медицина од САД за да помогне во доедукација на тимот од педијатри и сестри во Ургентниот центар, истакна Батемер.

Сопругата на амбасадорот на САД, Мери Џ.Волерс рече дека веруваат оти станува збор за многу вредна инвестиција затоа што инвестираат во животите на сите идни генерации во Македонија.

- Како медицинска сестра знам колку брзо еден детски живот може да се изгуби и колку медицинската помош мора да се даде навреме. Ургентниот центар ќе овозможи групирање и дијагностицирање, третман, како и испраќање на детето дома по соодветната нега или негов прием во болницата. Кампањата претставува можност за членовите на заедницата да ја покажат својата граѓанска одговорност преку донирање средства, истакна Виолерс.

Шурман потенцира дека без граѓански активизам ниедно општество не може да успее и обврска на секој е да се биде активен граѓанин. Слоганот на Холандската амбасада е „можеш ако сакаш“. Таа ги повика сите граѓани, компании и институции да донираат средства и да се вклучат во остварување на проектот за реконструкција и адаптација на простор за првиот педијатриски Ургентен центар во Македонија. рп/са/13:11

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

17/07/2024 - среда

Св.Андреј Критски;преп.Андреј Рубљов;преп.Марта

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Тропар на светиот Христов архиепископ Андреј Критски (17.07.2024)

Од немоста изведен на служба Господова,благодарност срцето подигна кон Небесата,о Андрее Христов славеју на небото и на земјата,усто медоточна секогаш...

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная