Во Неделата од Сирната седмица, кога Православната црква го започнува Великиот пост, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, се отслужи Вечерна богослужба на која чиноначалствуваше Неговото преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф а во присуство на Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан заедно со свештениците од Скопската епархија. На крајот од богослужбата верниот народ побара меѓусебна прошка.
Извор: Скопска епархија