„ Сакам да споделам со вас едно свое горчливо искуство. Своевремено се занимавав со истражување на „миротворното“ движење на Црквата, почнувајќи некаде од 80 – тите години.
Од манастирот ни испраќаа „Списание на Московската Патријаршија“, званични документи, во кои се опишува сета дејност, различните екуменистички контакти итн....Кога го читав тоа списание, душата тагуваше и се јавуваа помисли на незадоволство и роптање на нашите архиереи.
Во списанието ја пишуваше и следната фраза:
„ Да се стои на страната на светот – тоа е задача на секој христијанин“.
Да не се исполнуваат Христовите заповеди, а да се стои на стража на светот. Иако е речено дека „светот во зло лежи“ и дека „оној кој што му е пријател на светот, непријател Му е на Бога“.
Секако, душата се` ова ја болеше, болно беше. И така, еднаш после редовното читање на списанието, започнав да се молам, но ми надоаѓаа матни помисли за архиереите, за Синодот, за Патријархот.
Се молев; „Госпое, помогни ми!“
И ми дојде јасна помисла:
„А ти погедај на себе и погледни на нив. Тие учествуваат во екуменистичкиот покрет , се занимаваат со таа и таа политичка дејност , се занимаваат и со други работи кои што ги условуваат луѓето и околностите.
А ти се наоѓаш тука, во келијата и не трпиш никакви непријатности , ниту од луѓето, ниту од околностите, па, со кого ти разговараш?
Почнуваш со обраќање кон Бога , а завршуваш со помислите, кои што ти ги уфрлува ѓаволот и завршуваш во разговор со него. Така што, кој е во полоша состојба : ти или тие?“