логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


19. 02. 2013 година

00.jpg

01.jpg

02.jpg

03.jpg

04.jpg
Родителската љубов е непресушен извор. Таа се излева и грижливо го покрива чедото и во радост и во искушенија, и кога сме среќни, па сакаме да го споделиме своето благодатно чувство, и кога страдаме, па сакаме некој да сочувствува со нашата болка. Родителот е секогаш тука да н? поткрепи во подвигот, охрабри во искушенијата, подигне од гревовниот пад, и љуби безрезервно, дури и кога не му возвраќаме со полна мера. И не секогаш можеме во полнота да возвратиме на неговата љубов, зашто таа е бескрајна, неопфатна, пожртвувана до крај, но има мигови кога ни се дава барем да ја искажеме својата благодарност. За браќата и сестрите од светата Бигорска обител таков миг е денот кога го славиме споменот на св. Партениј Лампсакиски, молитвениот застапник на нашиот старец. А тој небесен покровител на вечерната богослужба во негов спомен, на која присуствуваа нашите почитувани архиереи, митрополитот Тимотеј и епископот Јосиф Велички, како да ја отвори ризницата на благодатта Христова за нас, напојувајќи ги душите наши со голема радост. Исполнети со голема благодарност кон светиот поради неговите свети молитви со кои постојано го поткрепува нашиот игумен, со посебна љубов ги пеевме стихирите во негова чест. А на крајот од тоа торжество, најстариот јеромонах од братството после о. Партениј, нашиот ревносен иконом и пример за послушание кон старецот, о. Доситеј, од името на целото наше братство и сестринство, со зборови вдахновени од синовска љубов и благодарност, му се обрати на присутното мноштво во Благовештенскиот храм:

„Ваше Високопреосвештенство, Ваше Преосвештенство, Високопреподобен отче, драги браќа и сестри во Христа!

Би сакал да го искористам овој свечен миг да му се обратам со неколку збора на овој торжествен и над с? љубовен и семеен собир.

Имено, нашата света обител, не сме само ние браќата и сестрите од овие два манастира. Нашето семејство ги опфаќа и сите оние чијшто заеднички дом е ова светилиште, Домот на Претечата. Затоа во оваа прилика би сакал да зборувам и во име на оние коишто од разни причини не се физички со нас, но чие духовно и молитвено присуство го чувствуваме, бидејќи се дел од нас.

Така, мене ми се даде таа чест и обврска од името на сите да Ви ја предадам оваа скромна игуменска патерица, високопреподобен отче, како спомен од Вашите собраќа и сестри, но и како потсетување дека одлуката од страна на високопреосветениот митрополит г. Тимотеј, со која бевте поставен за игумен на оваа обител, а нешто подоцна и архимандрит, се покажа навистина мудра и богопросветлена.

За тоа сведочи и оваа наша света заедница, „малото стадо Христово“ кое се собра околу Вас и кое секојдневно напредува под Вашето духовно раководство. Вашите духовни чеда коишто сведочат за Вашата љубов и пожртвуваност, за Вашата вера и духовна сила, му ја пренесуваат на светот својата духовна радост во Христа, збогатувајќи го така со уште едно прекрасно сведоштво за големината и силата на љубовта Христова.

За таа силна љубов Христова сведочат и Вашите многубројни штитеници, кои, барајќи спас од злото и порокот во себе, овде пронајдоа татковски подадена рака, ставија нов почеток на својот живот, и откако личносно се преобразија, се вратија во своите домови и места, со своите дела на ближните им Го посведочија Христа и станаа корисни членови на заедницата.

А зарем плод на таа Христова љубов во Вас не се и браковите склопени овде и децата, кои иако не прозборувале, го исполнуваат псаломски кажаното: ,,Од устата на новороденчињата и доенчињата си ја создал похвалата Своја“ (Пс 8,2).

Вашата скромност како да им зборува на сите: ,,Не нам, Господи, не нам, туку на Своето име дај му слава, заради Твојата милост, заради Твојата вистина“ (Пс. 113, 9), и затоа, поучени од Вашиот пример, со голема благодарност извикуваме: Слава на Бога за с?! Слава Му што ни даде таков благословен корен преку кого излезе дрвото со плодови, на кое ние монасите сме само листовите, а како што вели старецот Софрониј Сахаров, кога еден лист се моли за себе, се моли и за останатите листови, а плодовите - сами ќе се препознаат.

Нека Пресветата Владичица Ве закрилува и поткрепува во Вашиот подвиг што го правите за спасение на душите наши!

На многаја лета, возљубен наш старецу!“

09.jpg  12.jpg

13.jpg

16.jpg

 14.jpg

 15.jpg

   
Благодатта од вечерната богослужба блесна во полн сјај за време на божествената архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, митрополит Тимотеј. Нахранети со светите Христови дарови, присутните се удостоија да ја примат и поуката од благодатното слово на нашиот возљубен надлежен архиереј:
„Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри!23.jpg

Во денешното свето Евангелие на светата Литургија ги слушнавме зборовите23.jpg на Господа Исуса Христа, запишани преку евангелистот Јован: ’Јас сум вратата, кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде... Јас сум добриот Пастир; добриот пастир си ја полага душата своја за овците‘ (Јн. 10, 9 и 11). Господ Исус Христос за време на проповедањето на словото Божјо, честопати употребува различни параболи, за да може големите божествени вистини да ги објасни на еден едноставен, разбирлив начин за широките народни маси. Токму така и во денешното Евангелие, Црквата Божја ја споредува со врата, преку која се влегува, се добиваат благодети преку светите тајни и се спечалува живот вечен. Термините ’влегување‘ и ’излегување‘ ни зборуваат за двостраноста на човековата личност, односно за надворешниот човек, она што се гледа, и за внатрешниот, духовен човек, којшто не се гледа. Но, внатрешниот човек е главниот фактор, од кој најмногу зависи како ќе се восприми учењето на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, и дали ќе се живее според истото. Апостолите, добивајќи ја благодатта Божја, го ширеле словото Божјо без каков и да е страв по целиот свет, воопшто не плашејќи се за нивниот живот. Преку таа силна вера, пак, Евангелието било проширено по целата вселена. И покрај тоа што биле прости рибари и неуки, во споредба со тогашните фарисеи, садукеи и книжници, тие го проповедале, го ширеле и го утврдувале словото на вистината, правдата, љубовта кај народот Божји.

Господ Исус Христос за Себе вели дека е ’добар Пастир‘. Добриот Пастир си ги познава Своите овци и тие Го познаваат Него и одат по Него. За разлика од добриот Пастир, крадците се однесуваат наемнички и ги оставаат овците при секоја опасност: ’А, наемникот кој не е пастир и кому овците не се негови, види ли волк да доаѓа, ги остава овците и бега; и волкот ги разграбува и ги распрснува овците. Наемникот бега, зашто е наемник и не се грижи за овците‘ (Јн. 10, 12-13). Господ Христос се покажува како добар Пастир, како вистински проповедник, Кој е подготвен да го жртвува и Својот живот за словесните овци. Додека, пак, фарисеите и книжниците, се претставени како крадци и наемници, бидејќи му попречуваат на народот Божји да влезе во Царството Божјо. Тие со разните закони и формалности, му ја затвораат на верниот народ вратата на рајот, истовремено грижејќи се само за своето добро и за личното богатство. Спасителот Христос од преголема љубов кон човечкиот род ќе прими човечко тело, но исто така ќе претрпи и понижувања, страдања, за на крај да го заврши Својот живот на Крст, а с? со цел да го спаси и избави човечкиот род од грев. Токму преку тој Крст, Христос покажува дека е добар Пастир, Кој се жртвува за спасението на Своето стадо.

И светиот Партениј Лампсакиски, кого денеска го празнуваме, претставува вистински пример за добар пастир. И тој, уште како дете, ревносно Му служел на Христа и на светата православна Црква. Светиот Партениј ги уништил сите многубожечки идоли, а изградил повеќе свети цркви и манастири. Тој, земајќи го својот крст, живеел и работел за доброто на своето стадо, с? до последното негово издихание во IV век. Да се обратиме со искрена молитва кон св. Партениј Лампсакиски, преку неговото застапништво да се отворат и дверите на нашето срце, та слушајќи ги Христовите зборови за добриот Пастир, да ги засакаме и да ги примиме, па да Го проповедаме и исповедаме нашиот Спасител. Да го правиме тоа не само формално, фарисејски, туку со целиот наш живот, како вистински следбеници на нашиот Спасител, Господ Исус Христос.
Ја користам оваа прилика, на архимандритот Партениј, игумен на оваа света обител, да му го честитам именденот и да му посакам здравје и духовна радост во раководењето на братството и сестринството во двата манастира.

На многаја и благаја лета, високопреподобни архимандрите!“

18.jpg

19.jpg

20.jpg

 22.jpg

24.jpg

25.jpg  26.jpg

27.jpg

28.jpg

 

Извор: Бигорски манастир

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

Митрополитот Струмички г. Наум: Во светлината на преданието на Светите отци

  Секој, пак, што правилно духовно се подвизува и сака да остане во тој подвиг, постојано се проверува во светлината на преданието на Светите отци. И обратно, оние што сакаат,...

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

« »

Православен календар

 

10/08/2024 - сабота

Св. апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен; Св.т маченик Јулијан; Преподобен Павле Ксиропотамски; Св. маченик Евстатиј;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Тропар на св. маченик Христов Калиник 29 јули / 11 август 2024

Душата без Љубов животот не го поима,во таква вистина патот ти го помина,о свети мачениче Калиниче,сакајќи да го избавиш човекот...

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Тропар на св. Христови апостоли и ѓакони Прохор, Никанор, Тимон и Пармен 28 јули / 10 август 2024

Вие ученици на Божјото Слово,вие носители на Духот Свети,вие јагниња на колење поведени,Прохоре, Никаноре, Тимоне и Пармене,

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Тропар на св. Христов великомаченик Пантелејмон 27 јули / 9 август 2024

Од жестокоста на лавот кон милосрдието те поведе,Оној Кој за лекар те постави,двоумењето во тебе согоре кога виде дека Животот...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная