За да не се заморуваш околу проблемот на послушанието и да не клоцаш, треба да влезеш во смислата на послушанието и да го почувствуваш како потреба, и тоа само тогаш ќе те ослободи, бидејќи послушанието не е ропство, туку слобода. Значи, кога ќе разбереш дека твојот старец ја носи одговорноста за тебе, дека тој се грижи за твоето спасение и дека што било да направи го прави за твое добро, а не да те измачува, тогаш ќе се радуваш кога ќе ти рече ‘не ова' или ‘не она' или, ‘оди таму' или ‘не оди таму' бидејќи сфаќаш дека сето тоа се случува за твое добро, за да те зачува од секое зло со опитот што го има од неговото лично искуство или од искуството на другите. Тогаш ќе се радуваш кога ќе го извршуваш послушанието или кога ќе прашуваш и ќе сакаш навистина, дури и во детаљи да не правиш ништо своеглаво за да не паѓаш во грешки. Но, од почит спрема својот старец, за да не го заморуваш со ситни работи, понекогаш, ќе го правиш она за што ќе те просветли Бог така што срцето ќе ти биде во послушание.- Старец Паисиј Светогорец
20 февруари, лето Господово 2013