логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


МПЦ-ОА повика на итна обнова на Трескавец
07/02/2013  //  Пред 1 час  //  МОИ ПАРИ  //  Коментирај

 435mala

Со претставниците на осигурителните компании кои го пресметуваат ризикот на осигурувањето и секогаш кога станува збор за икони, фрески кои се од непроценливо значење, не може да се најде заеднички јазик што се покажа како проблематична точка во разговорите со нив. Со текот на времето мора да најдеме начин да го решиме овој проблем. Ова денеска го изјави викарниот епископ хераклиски г.Климент по завршувањето на седницата на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија на која се расправаше за опожарувањето на манастирот Трескавец.

- Повеќеслојни се проблемите на овој јазол кој треба да се расплеткува. Мораме да осигураме дел од она што може да се осигура. Веќе се доведуваме до прашање кој е следниот манастир на кој може да му се случи оваа ситуација. Не сме решени на отстапки туку на изнаоѓање ефикасно решение. Оние простории каде што нема икони од 14 и 17 век полесно се осигуруваат. Има предмети кои навистина се бесценети, рече г.Климент.

Тој истакна дека конкретно за манастирот Трескавец, дел од иконостасот, распетието од 17 век, иконите кои биле конзервирани заради условите на влага не можеле да се чуваат во манастирската црква и биле принудени да ги чуваме во монашкиот конак.

- Овие седум минути кои беа судбоносни откако почна пожарот, монахот Калист буквално остави се за да може заедно со Швајцарецот Филип да ги извади од монашкиот конак иконите, додаде г.Климент.

САС на МПЦ-ОА на седницата донесе одлука со која сите епархии во Македонската православна црква со црквите и манастирите како во Македонија, така и во дијаспората согласно своите можности да помогнат во обновата на опожарениот манастирски комплекс Трескавец. САС ги повика и надлежните институции задолжени за чување на духовното и националното богатство да ги преземат сите неопходни мерки за што побрза реализација на неговата обнова.

Синодот изрази благодарност до сите кои учествуваа во гаснењето на пожарот, граѓаните и верниците кои пристигнаа на местото на настанот, на државните институции и локалната самоуправа на Прилеп, на противпожарните служби и на хеликоптерските единици на АРМ, како и на сите кои се вклучија во организацијата за возобновување на конаците.

САС на МПЦ-ОА на седницата ги разгледа и предлозите за одбележување на 1700-годишнината од Миланскиот едикт и 1150-годишнината од Моравската мисија, кои ќе се случат оваа година.

Извор


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

 Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

Игумен Фотиј Беровски: Ангелите

  Ангелите ги славиме,се присетуваме на нив, ги повикуваме на помош, но тоа што човекот го добил како достоинство и неговиот удел кај Бога е многу поголем од оној на...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

« »

Православен календар

 

02/07/2024 - петок

Св. пророк Илија; Свети Пречистански преподобномаченици;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Тропар на св. пророк Христов ИЛИЈА 20 јули / 2 август 2024

Ангел во тело, столб на пророците,втор претеча на Христовото доаѓање, - Илија славен,откако одозгора му испрати благодат на Елисеј,овој болести...

Тропар на св.Христова подвижничка МАКРИНА 19 јули / 1 август 2024

Тропар на св.Христова подвижничка МАКРИНА 19 јули / 1 август 2024

Бог се спротивставува на горделивите,о блажена Макрино, а на смирените им дарува благодат,исцелувајќи ја душата и болестите телесни,

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Емилијан 18 јули / 31 јули 2024

Емилијане свети мачениче,од роб на луѓе слуга Божји постана,од лагата во вистината Мудроста те приведе.Идолите рушејќи ги прво во себе,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная