![o.Gavril2.jpg o.Gavril2.jpg](/images/stories/vesti10/o.Gavril2.jpg)
Kако што и светиот апостол Павле спомнува, плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост… благодарност и тоа е всушност она што ние треба да го имаме во нашето срце.
Едноставно ќе ги немаме сите оние световни барања, кои што ги имаме ако не го бараме Христос и не одиме по неговиот пат: сластољубието, среброљубието и славољубието. Во овој свет се надеваме во нешто што не дава никаква сигурност. Тоа е исто како да одиме по својата сопствена сенка. Колку и да и се доближуваме, таа бега од нас и ние ја гониме и ја гониме а се повеќе и повеќе немаме и сме понезадоволни дури до очајание и депресивност.
Амин.