Во преполнетиот Соборен храм на св. Климент Охридски во Скопје молитвено се прими радосната вест за Христовото рождество. По тој повод се отслужи света Василиева Литургија на која чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на свештенослужителите од Скопската епархија. Помеѓу верните беше и државниот врв на Република Македонија: Претседателот на Р. Македонија д-р Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието на Р. Македонија г-н Трајко Вељановски, Амбасадорот на САД во Р. Македонија г-н Пол Волерс и други видни личности од државниот и политичкиот живот на нашата држава.
Извор: Скопска епархија