Скопје, 7 декември 2012 год.-Соборен храм на св. Климент Охридски Чудотворец
Кондак на светителот, глас 3:
Светителу, твојот храм е духовно лечилиште на оние што доаѓаат со вера; тој избавува од различни болести, а разните душевни страсти ги умртвува. Заради ова, себлажен, те одбележуваме како топол заштитник.
На 07.12.2012 година, со празнична Вечерна богослужба во Соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, молитвено започна прославата на патронот на Македонската Православна Црква , свети Климент Охридскиот Чудотворец. Во присуство на Архиепископот Oхридски и Македонски г. г. Стефан , верниот народ, и бројното свештенство од Скопската епархија, на богослужбата чиноначалствуваше Елископот Велички г. Јосиф.
Преминпортал (к.т)
Лето Господово 2012