логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

 dedo.Dobri.svetitel.jpg  

Можеби некаде сте виделе ваква фотографија, а можеби и знаете коj е овој дедо?! А доколку не знаете еве ви прилика да дознаете нешто повеќе за овој дедо кого многу луѓе го сметаат за жив светител.

 

Неговото име е Добри и навидум е многу чуден, за некои, но во прашање е една интересна личност кого го познава цела Бугарија.

Веројатно вам ви изгледа дека е питач или дека е побожен?! Сигурно е и едното и другото, но покрај се го краси нешто што денес ретко кој го има на овој свет – а тоа е племенитоста, добрината и човекољубието!

Имено, се работи за старец од Бугарија, кој е многу сиромашен, а на цела Бугарија и на Бугарската Православна Црква и донирал 20.000 евра. Секој ден стои во храмот и питачи, но не за себе, тој сите пари кои ќе ги собере ги дава на Црквата.

Дедо Добри е најголем донатор на Црквата во последниве неколку децении, како поединец. И тоа, пешачи неколку километри до Црквата, а потоа и назад. Го нарекуваат Праведник од Бајлово.

Верувале или не, но овој дедо има 99 години, а изгледа многу помлад!

Благодетта Божја ја има секаде, па дури и кај дедо Добри!

Еве и една многу поучна снимка како пример за тоа дека сите можеме со чисто срце да му угодиме на Бога.

Повеќе

Лето Господово 2012

   Друго:

 Мил поглед, блага насмевка, смирено држење... тоа го прави светол и во очите на оние кои го сретнале и кои без двоумење брзаат да добијат благослов од овој прозорлив старец. Со своите опинци од кожа, постојано ита некаде, но притоа без да користи никакви современи превозни средства. Просто, го милува подвижничкиот о'д. Се храни со тоа што добрите луѓе му го принесуваат, и никогаш не се жали на својата состојба. Самиот негов лик зрачи небесна светлина која несвесно ги тера луѓето во еден момент да сфатат дека тој навистина е како земен од Библијата.
Се надевам дека Господ ќе ме удостои и по трет пат да ја бакнам неговата милостива десница.

„Човек треба да ја пази правдата и вистината. Тоа е Божјиот пат!“

Goran.sv.Erotej.jpg

 Дедо Добре од Бајлово со над 67 000 симпатии на интернет(2010)

  DedoDobri2.jpg

 ... дете со дете ...

 Дедо Добри, странник Христа ради (2009)

 

Дедо Добри 

  dedo.Dobri.svetitel6.jpg

dedo.Dobri.svetitel3.jpg

  Краток животопис на дедо Добри од с. Бајлово, Бугарија

  Поминувајќи покрај него, окото несвесно се запира на еден призор кој те пренесува надвор од времето и просторот, во еден поинаков свет, кој, за некои е несфатлив и неразумен, а за други мистичен и свет. Првите впечатоци на збунетост и замаеност исчезнуваат и се појавува благодарствено чувство со хармоничен припев на псалми во срцето, кога сфаќаш дека Бог те удостоил да го вкусиш благоуханието на еден Негов крин кој израснал во овој неплоден свет и опстојува хранејќи се од љубовта и благодатта Божја, и кој тоа благоухание на љубов и благодат знае преку својата добродетелност и милосрдие да ја пренесе и на останатите околу него. При првиот допир со него, те озарува милост и пријатност каква не може да се почувствува во никое земно задоволство. Сфаќаш дека тој човек живее во светот, но е надвор од светот, чекори во некој небесен живот. Мило лице и благ поглед... неговите бистро-сини очи проникнуваат длабоко во срцето и ги согледува сите тајни внатре во него. Белата коса и долгата брада, како и потурите и обувките од кожа, му дава изглед на старец каков се среќава Во расказите за поклониците од Русија, кои пред неколку столетија, својот подвижнички од’ го насочувале само кон манастирите и духовните прибежишта. Наликува на оној старец кој е претставен на корицата на книгата „Раскази на еден поклоник“. Живее во современоста, но со својот дух се наоѓа во безвременоста. Лик кој вреди да се запомни, и на кој е доволно да фрлиш само краток поглед во моментите на искушенија, за да најдеш блага утеха, која како тивок ветрец, ќе ти ја помилува душата и ќе те потсети дека Господ е блиску, само треба да се препуштиме на Неговата света и неспознатлива волја, за топлината на благодатта да стигне и до најголемите длабочини на нашето срце, каде престојува гревовната темнината која не’ загушува.
 
Неговиот живот започнува како и животот на повеќемината од тој период, но стигнува до висина за која малкумина можат да бидат пофалени дека ја достигнале.
Дедо Добри Добрев е роден во селото Бајлово, општина Горна Малина, јуни месец 1914 година, но не знае да каже кој датум – „најверојатно беше јуни 20-ти“ – вели тој. Неговиот татко заминал да се бори во војната и никогаш повеќе не се вратил. Поради тоа, мајка му Катерина Добрева, на која се сеќава како на вредна жена која сама носела дрва од шумата и сама ги одгледала децата, била принудена да го отпише од училиштето, каде учел до четврто одделение. Тогаш започнува неговиот прв труд за ближните, кој дедо Добри го сведочи денеска по улиците на главниот град на Бугарија. Започнал да работи и да го издржува семејството, а во исто време да помага во домашните работи и да ги чува останатите деца. Физичкиот труд во младоста го натерал да стекне добра навика и дисциплина. „Луѓето се одвикнаа од работа, гледаат што полесно да поминат, само машини сакаат“ – се осврнува тој на нашето закржлавено време.


dedo.Dobri.svetitel7.jpg
 
Неговото родно село Бајлово е познато по тоа што било родно село и на значајниот бугарски писател Димитар Иванов Стојанов, познат под псевдонимот Елин Пелин, чие творештво воглавно е насочено кон селскиот дух. Дедо Добри, или како што го викаат луѓето – баи Добри, го помни Елин Пелин и се присетува дека тој со убави зборови знаел да го претстави Божјиот свет. Се сеќава на расказот за еден селанец кој на нозете имал ѕвончиња, за да ги предупредува животинките и инсектите да се тргнат од неговиот пат, за да не ги згазне. Се сеќава и на расказот за царот. Во Бајлово имало еден царски шофер по име Борис, кој раскажувал разни приказни за тоа како царот се среќавал со луѓето. Еднаш царот дури и му дал пари на еден селанин, за да си купи волови, затоа што, со својата запрежна кола го извадил царскиот автомобил од калта во која пропаднал.
 
Кога пододраснал, дедо Добри станал земјоделец. Ги орал нивите, ги пасел овците и сам си ги правел своите обувки од кожа и потурите (широки машки панталони од домашно платно, со големо дно*). Според него, тоа е мајсторска работа и повеќе топлат. Кога се оженил, му се родиле четири деца, две машки и две женски. Но, со жена си не се согласувал, затоа се’ почето и на подолго време одел по манастирите, додека еден ден засекогаш не ја напуштил. „Не го споменувај зборот жена, тоа е ѓаволски збор. Ѓаволот се вселил во жената“ – упорно тврди тој. Но, за да не биде погрешно сфатен, додава дека без Господ доброто не е можно: „Ти, чедо, не се обезпокојувај, ништо дека си жена. Тебе Господ те пази".
 
Во своите млади години не знел многу за Бога. Со нашиот Творецот и Животодавец се сретнал во поодминати години. Пред повеќе од едно десетолетие, старецот својот имот го оставил на Црквата, и поради тоа неговите деца го избркале од својата родна куќа. Не можеле да го разберат неговото дело, но тој сето тоа го прифатил смирено и оставајќи се’ на Бога, за Тој да промислува за него. Без да ги осудува, вели дека еден ден ќе разберат дека така требало да биде, и при таа мисла веднаш почнува да се крсти. Сега добро се разбира само со внук си – Добри, кој е крстен на него.
 
Со Божја помош и помошта на добрите луѓе, започнал да собира пари за храмот во Бајлово, посветен на светите сесловенски просветители, браќата Методиј и Кирил, изграден пред 120 години, за време на дедо му, исто така, Добри, кој бил градоначалник на селото и самиот бил кум на храмот, како и за куќичка која што се наоѓа во нејзиниот двор. За брзо време успеал куќичката да ја доведе во подобра состојба, а градината ја облагородил, и направил леи со цвеќа и зеленчук.
 
Неговиот дом изгледа како мала аскетска ќелија. Целата одаја е обоена во бело, при што доаѓа до израз распетието кое е закачено на ѕидот. Чиста е и изметена... околу може да се види стара масичка, печка на дрва на која се топли вода и кревет на кој се наоѓа стара изветена кожна капа за спиење. Сите домаќински обврски сам си ги извршува. За време на болест се лечи со молитва и билки, а двете мачки го веселат со своето мило умилкување. Се храни само со она што ќе се најде некој со милостиво срце да му го подаде: леб, овошје, слатко...
 
За време на празник, дедо Добри сам ја отклучува црквичката и ја бие камбаната. Тој се чуди зошто селото нема свој свештеник кој ќе ги извршува богослужбените обврски, туку секогаш треба да викаат некој од друго село, и тоа само доколку се случи некој селанин да се упокои и има потреба од опело. Понекогаш, луѓето кога ќе го видат пред црквата, го зазборуваат и бараат од него да се моли за нив, а тој секогаш им напоменува: “Молете се на Богородица, таа ќе ви помогне!”
 
Најчесто, своите ноќни часови ги поминува во куќичката, додека пак, преку ден, 50 км пешачи до Софија. Велат дека сега, поради својата старчешка немоќ, почнал да се користи со градски транспорт, но секогаш гледа тоа да е сведено на минималност.
 
Во главниот град, тој го извршува својот подвиг, по кој е познат меѓу луѓето од Софија, цела Бугарија, и во околните земји – проси пари, кои потоа ги раздава за обновување на манастирите, црквите, или пак на луѓето кои имаат потреба од помош. Долги години стоеше пред Патријаршиската катедрала "Свети Александар Невски", па потоа пред црквата "Свети Седмочисленици", и во времето кога врнеше, седеше во полкумракот на црквата, каде, со својот ум управен кон Бога, ја читаше проповедта од неделниот билтен на храмот. За себе вели дека е неук, не чита книги, но со голема точност памети цитати од Светото Евангелие, за што смирено се правда дека ги научил од честото одење во селската црква и слушањето на проповедта.
 
Со својот труд успеа да му помогне на Елешнишкиот манастир со над 15 000 лева (околу 7 500 евра), да ја реновира речиси распаднатата бајловска црква на Св. Кирил и Методиј, за која дал околу 11 000 лева (5 500 евра)... неговата добрина допрела и до храмовите во Горно Камарци со околу 10 000 лева (5 000 евра), Калофер, Поибрене, а списокот може да биде продолжен... Баи Добри сите пари ги дава на другите, дури и својата социјална помош, а за себе не остава ништо. Неговите добрини не можат во целост да ни бидат познати. Делото на милосрдието тој го исполнува онака како што Господ ни заповедал на сите нас: Тоа што прави десната рака, левата да не знае.
 
Еднаш, во зимно време, во моментот кога сестрите од еден манастир виделе дека немаат пари за да си ја платат струјата, на вратата се појавил дедо Добри кој им оставил пари и заминал без збор да каже. Тој секогаш гледа добрите дела да ги прави во тајност, никогаш не кажува колку пари раздал, затоа што простодушно верува дека „фалбите се од ѓаволот“ и дека заради самофалењето може да го стигне казна. „Порано повеќе собирав. Сега нема толку, но пак даваат. Само се молам на Бога да ги прима.“ Случајните минувачи кои го знаат дедо Добри објаснуваат дека никакви молби нема да го натераат да каже колку пари собрал и раздал. „Има роднини во село Елешница. Тие му ги зеле парите и си направиле продавница, а тој ги имаше ветено за изградба на параклис. Тој е добар човек. Неговото не може да се нарече просење. Всушност, нема збор со кое да се опише тоа што тој го прави, но благородно е. Неговата благодејност е за Црквата. Каде и да отиде, не кажува ниту име ниту координати, ги остава парите и си заминува. Се’ е од љубов кон Бога“ – велат.
 
Во очите на сите што го знаат и на оние кои прв пат го гледаат, тој е слика на безвремен ангел кој не е од овој свет. Меѓу луѓето, но со умот го созерцува Бога. Сосема се разликува од сите останати просјаци. Скромен, ненападен, смирен, мил... Просто - зрачи... затоа и луѓето не се двоумат да пуштат по некој лев во неговата метална касичка, а тогаш... тој ја наведнува главата, тивко си мрмори нешто и те благословува. А неретко и ти ја фаќа раката за да ти ја бакне. Ако успееш прв да му ја бакнеш неговата, тогаш тој ти враќа со двоен целив, и на левицата и на десницата.
 
Се радува на забрзаните луѓе кои поминуваат покрај него, а оние кои имале прилика да општат со старецот, во своите срца можат да почувствуваат дека тој не се радува на парите, туку на штедроста која се укажува кон ближниот и во името на Бога. Неретко знае да почне да ти раскажува житие на некој светител, а всушност, „случајно“ да се испостави дека тоа е твојот молитвен застапник и небесен покровител.
 
Длабоко во своето срце живее подвижнички, а тоа и надворешно се манифестира. Луѓето понекогаш го прашуваат зошто живее така и се осврнуваат на удобноста на животот која може да ја има, но тој мило и простодушно одговара: "Не, чедо, не – тоа е грев. Мене така ми е добро. Бог помага, многу помага!" и се потсетува на својата грешност.
 
Разговорот со него е благодатен, иако понекогаш не може човек да разбере што мрмори така тивко. Но, целата тајна на животот близок до Бога како да се впила во сините очи на дедо Добри, тие говорат се’. Често пати знае да ги каже оние правила кои него го пазат во Божјата љубов, а можат и нас да ни бидат од корист: „Љубовта е милост. Не барај Го Господа, Тој е во воздухот што го дишеш. Не очајувајте, зашто очајанието е лоша работа. Бог помага, многу помага! Треба да се пази вистината. Тоа е Божјиот пат. Молете се на Пресвета Богородица. Бог ги дал добрите закони и Тој само може да не’ спаси. Бог ќе ги спаси луѓето! Бог е Дух невидлив, но Тој ни го покажува живото, вечното. Во сонцето и месечината ја гледаме Неговата рака“...

Старецот знае дека спасението е само во Господа, но гледа дека светот не оди кон доброто, туку кон она што е лажливо, привремено, плотско задоволство, без притоа да се мисли на вечноста на душата. „Луѓето веќе немаат срам од ништо и затоа доаѓа злото“, вели тој и продолжува: „Луѓето одеднаш разбраа дека се сами.“
 
Токму затоа, затоа што се лишуваме од вечноста само заради кратката сладот на прелеста, Господ промислува нашите патишта да се вкрстат со луѓе кои живеат свето, за да бидат наши обрасци на подражавање и освестување од сонот. Тој ни докажува дека светоста е возможна и во денешно време, дека треба само да дадеме труд... а не треба многу - само вера колку синапово зрно и љубов колку една мала капка од океанот, за и ние да станеме причесници во царството небесно, причесници во Неговата благодат.

  За многумина во Бугарија и пошироко, овој мил старец е „светецот од Бајлово“, „јуродив Христа ради“ или само „баи Добри“. Се смета и за „странник Божји“, странник Христа ради. Странничеството (туѓинувањето) е подвиг кој бил карактеристичен за минатиот век. Странникот го избира патот кон храмот, односно, оди од една светиња до друга, зема на себе си постојан поклонички подвиг, творејќи мир во душите на сите оние кои ќе ги сретне по патот. Таков пример може да се забележи во странникот опишан во книгата „Раскази на еден поклоник“.
 
Смирението на овој човек особено може да се види и истакне во мачните ситуации. Имено, тој има доживеано напад од наркомани, но неколку момчиња успеале да го одбранат. Дедото отпосле се грижел дали напаѓачите се добро и тргнал да ги бара за да им прости. Тој тие моменти ги смета како испратени од Бога заради неговиот грев, за да се покае.
 
Пред некое време, полицајци го уапсиле и го ставиле во затвор на 1-во РПУ, затоа што просел на улица. При испитувањето старецот одбивал да зборува, и поради тоа што немал ниту документи, заклучиле дека е луд и го ставиле во прибежиште за бездомници во Горублјане, каде поминал 10 дена. Таму цело време стоел како смрзнат гледајќи во окованиот со решетки прозорец. Поради неговото долго отсуство, луѓето, а и свештениците, почнале да го бараат. Го нашле во домот. Одбил да се качи во автомобилот со кој дошле да го земат, и самиот пешки го изминал патото до Бајлово. Овој настан е само еден од повеќето кои не успеале да го смутат неговиот начин на живот. Тој продолжи да си живее како ништо да не се случило.
 
„Бог вели: Доаѓа крајот на злото!“, проговорува старецот и никого не обвинува за слученото, освен оној кој го мрази човечкиот род и од искона е татко на лагата – „Ѓаволот не сака милостиња!“
 
Всуштност, токму тоа е и суштината на верата. Безусловна љубов кон сите, секогаш гледајќи ги искушенијата како благодатни дарови за свое смирение, без да се окривува и суди некој од страна, освен помрачениот соблазнувач. И при подлабоко расудување, повторно се доаѓа до заклучокот дека Бог секој наш чекор однапред го промислува за наше спасение, а со тоа и нашите патишта неслучајно ги вкрстува со Негови праведници, за ние да се сепнеме од дремката во која тонеме, и гледајќи ги таквите, да разбереме дека Тој не бара ништо друго, освен нашето срце и мала љубов.

   dedo.Dobri.svetitel4.jpg
 
Напомена: Во прилог следат сведочења кои ги најдов од луѓе кои биле во непосреден контакт со дедо Добри. Некои од нив се со псевдоними, со оглед на тоа што не ги знам нивните вистински имиња:
  Елица Тодорова, позната етно-музичарка, која оваа година беше претставничка на Бугарија нa Eurosong contest (Евровизија), во едно од интервјуата, на прашањето: Кое е твоето најинтересно и невообичаено дуживување до сега?, таа одговори:
  Мојата средба со еден дедо во мал град во Бугарија. Тој се вика дедо Добри и има 94 год. Тој за мене е вистински светец. Тоа е најчистиот и вистински човек што сум го сретнала до тој момент во мојот живот.Со долга бела брада и коса, како волшебник од приказните, обуен со кожни обувки и фолклорна облека, со чисто детско зрачење, озарен од светлина и љубов. Таму, среде смутената толпа на железничката, бевме седнале на земјата и си разговаравме за духовно-вистинските нешта од животот и тогаш добив желба да му подарам нешто. Немав ништо со мене што би можела да му го дадам, затоа решив да му подарам една песна и запеав. Цело време тој слушаше, гледајќи кон небото, и изгледаше како да бара порака внатре во текстот и музиката. При крај на песната, од неговите очи потече една солза. Најчистата солза, од радост или од тага, не знам... но тогаш си помислив дека тоа е најголемиот концерт кој го давам во животот! Подоцна разбрав дека тој човек изградил неколку цркви и параклиси во Бугарија. Го среќавам во важни и специјални моменти од мојот живот.

 T_e_R_m]I[n_@_t_{}_r
 
Дедо Добри е од моето село (Бајлово) и тој е премногу добар човек. Порано, кога бев помал и одев во село во црквата кај него, тој секој пат ми подаруваше нешто мене и на другите деца. Тој и на осумдесет и неколку години (не знам точно колку, јас секоја сабота и недела сум таму), на неговите години носи по 2-3 дрва по 3 метра на грб. Дури еднаш некое момче на околу 25 години се обидело да краде и дедото го гонел и го стигнал...
  ieromonah Ioan
  Еднаш, после испитната сесија требаше да си одам, а при тоа доаѓање не го имав видено дедо Добри никаде по црквите во Софија. Доста се натажив, затоа што сакав да го видам. Одејќи со татко ми кон автомобилот, решив да запалам свеќа во св. Александар Невски (црква во која, речиси никогаш не влегував кога доаѓав во Софија). Влегувам внатре, никој нема, пустина, само една жена од персоналот чистеше еден свеќник. Беше сосема тивко. Влегувам, и токму да направам неколку чекори напред, зад грбот слушам чукање на стотинки во метална кутија. Треба да признаам дека имав чувство како да не сум на земјата. Сосема сум убеден и до ден денеска дека тоа не беше случајно. Дедо Добри дојде, а чудното беше што во храмот немаше никој, а тој стоеше таму и просеше.
  paterp
  Горе-долу го познавам дедо Добри затоа што понекогаш доаѓа кај мене да се исповеда. Можам да ви кажам дека освен што е чист духом, чист е и телом.
  sanata

 ред околу два месеца Бог ми прати сон – го сонував дедо Добри во чисто бела облека, седеше пред мене, но изгледаше како да немаше материјално тело....
  alfy
  Бев прв курс на БФ, кога видов владика како ја бакнува раката на дедо Добри. Многу се зачудив... Сега веќе знам зошто. Кога и да го сретнам, секогаш ми кажува нешто со кое ми ја допира душата. Ми подарува икона и ми вели: „Моли се на Божјата Мајка“. Тој е еден од најдобрите „учители“ што сум ги имала.
  Angel nebesen:
  Нема да заборавам како пред две години го сретнав тој свет човек (затоа што за мене тој човек е свет) пред нашиот храм св. Александар Невски, каде стуткан во самракт на влезот, со наведнат поглед и смирено подадена рака, стоеше во своите ветви алишта, вистински Серафим од расказот на Јовков. Едвај има човек кој при погледот на тој свет човек да не почувствува некакво духовно потреперување, некаква свештена неудобност од тој сеодаден Христов следбеник. И јас сум со лесно ранлива душа, го почувствував истото, но не можев да ги воздржам своите емоции и неосетно очите ми се исполнија со солзи на умиление, едвај ја воздржав својата воздишка, која ме гушеше во градите, затоа што не сакав пред луѓето да го разоткријам моето чувствително срце. После минута две се сепнав, и со вперен поглед во светецот, тргнав речиси механички кон него. Не се сеќавам како и кога сум го извадил паричникот, но веќе го држев отворен за разделување на банкноти. Ја извадив првата банкнота што можев да ја фатам со своите два прста, а тоа беше 10 лева. Гледајќи го тој мој мошне нескромен и надуен гест, баи Добри изрази незадоволство клатејќи ја главата и малку зачекорувајќи назад. Тоа речиси ме натера да заплачам пред сите, та кој бев јас во споредба со тој свет човек, зарем не го навредував со својата претерана штедрост? Сепак, јас брзо ја ставив банкнотата во металниот отвор на кутијката и побрзав да влезам во храмот, за да го избегнам, можеби неговото незадоволство од тој мој пребрзано чувствен гест на штедрост. Само што направив неколку чекори во спасителниот кораб, и почувствував како некој ме фати под рака. Какво само беше моето изненадување кога видов како баи Добри со наведнат поглед нежно, но одлучително, ме поведе пред иконостасот... Не знаев што да правам, тој имаше некаква невидлива власт над мене, одев како замајан. Стигнавме пред иконостасот и таму се случи нешто, кое цел живот остави белег на мојата грешна душа. Баи Добри бавно и со почит почна да се моли, а јас, неверувајќи им на моите очи, го направив истото. Двајцата на колена, со смерно наведната глава пред Господа - ги исполнуваше нашите срца со небесна благодат. Та кој бев јас, со што ја бев заслужил таа Божја милост? Да се молам заедно со таков човек! Не издржувајќи, почнав да липам, а по неколку секунди и невоздржано да плачам, потресен од покајни солзи. Додека плачев со затворени очи, баи Добри ме беше оставил и отишол повторно на своето „работно место“, пред храмот да собира пари за Црквата.

Каква лекција ми даде тој свет човек во тој необичен ден: самиот тој се беше застапил со своите молитви пред светиите за мојата грешна душа, самиот тој ми покажа дека за да не се возгордеам поради мојата штедрост, треба да си ја измијам душата со покајни солзи на смирение. Некои луѓе не се достојни за таква милост. Како ангел да беше слегол од небото и беше ми ги отворил за миг рајските двери, исполнувајќи ми ја душата со неискажливи воздишки и небесни благоуханија.

Се прибрав дома смутен, но некако духовно подигнат, како да сонував, не можев да поверувам: Божјата рака беше ме повела кон покајание!

Таинствени се патиштата Господови!
Амин!
    Iliana: administrator na pravoslavieto.bg forum

 И јас да споделам. Не знам кога за прв пат го имам видено дедо Добри (тогаш не ни знев како се вика), но би требало да е мошне одамна, во првите мои години во Црквата. Се сеќавам дека предизвикуваше некаква тревога во мене – многу ме загрижуваше неговата надворешна различност. Немав никакво чувство за него како личност, бидејќи ме блокираше мислата дека поминал некаква граница, а јас не знам каква е таа граница. Беше просто еден човек, кој не го разбирам... а и тогаш, и сега ме збунуваат претерано „показните“ нешта од внатре.
  После работевме на филмот кој Пламен го спомна во својот пост и научив за неговата историја. Така го примив веќе поблиску и го погледнав со доверба.
  Кога ќерка ми беше мала, 3-4 год., многу често го гледавме во „Св. Александар Невски“. Омилена работа и’ беше да му однесе неколку стотинки и да ги пушти во неговата кутија. А тој се поклонуваше на детето и му ја бакнуваше раката. Таа ем се виткаше од срам, ем леташе после тоа.
  Се сеќавам на една случка од тој период. Некакво летно послепладне, минавме со ќерка ми низ храмот. Не се сеќавам на детали, но останатото се запечатило во мојата свест. Јас стојам до внатрешната врата и и’ правам знаци за да тргнеме, таа пак, ми прави знаци дека сака уште да стои – ми ги покажува иконите, клупите – со други зборови, не и’ се оди. Во храмот нема речиси никој и мене исто така ме влече да останам, но во исто време си имам намислено да си одам, изгледа брзам некаде. Во тој момент некој ме фаќа за лактот и тивко ми вели – „ангелите понекогаш ни зборуваат преку децата, затоа што ние не можеме да ги слушнеме...“. Го погледнав – дедо Добри. Стоел до мене во темната ниша (вдлабнатина во ѕид*) меѓу вратата и продавницата за свеќи. Зборот му е специфичен, но кога ќе ти каже нешто такво, веднаш го разбираш. После детето дојде кај нас, тој ми кажа уште два три збора и си тргнавме. До тој момент го примав со восхит, но од далеку, како некаков уметнички образ. Тогаш го почувствував близок – еден добар и мудар човек, кој не’ погледнал со љубов. Се чувствував светло (благодатно*) долго време време после таа средба.
  Од тогаш стално си повторувам дека ако не можеме да ги чуеме ангелите, барем децата во себе си да ги бараме и слушаме. Но, тоа е тешка работа. А и друго забележувам – дедо Добри не се променил надворешно за време на сиве овие години. Никако!
 
Veselina
Здраво!
Не сум пишувала до сега по форуми и се извинувам за стилот на пишување, но не можев да не го споделам и своето вдахновение од средбата со дедо добри – светецот од с. Бајлово. Тогаш (крајот на 2008 год.) и јас не знаев ништо за него. Дури ниту името не му го знев, но чувството со кое ме исполни средбата со него ја разбранува мојата душа.
Преживував многу тежок и критичен момент во мојот живот, кога тој добар човек се доближи до мене во црквата Свети Седмочисленици и ми проговори на неговиот смирен и мудар јазик. Многу од неговите мисли не ги разбрав, но тоа што го слушнав од неговите зборови, тоа што го прочитав во неговите очи – ме тера да потреперувам и до ден денеска. А тоа не беше се’. Во тој таинствен, за мене, ден, (за време на божикните пости) дедо Добри ми подари икона. Ми беше бескрајно незгодно да примам таков голем подарок од тој немоќен, на изглед, дедо, но тој настојуваше, и кој го познава ќе разбере колку неубаво изгледаа моите откажувања пред старецот.

Таа икона на Божјата Мајка, која во овој момент стои до мене, подарена од тој мудар свет човек кој благоуха на мирисно масло, ме исполни со сила и надеж, со вера и мисли за подобро. Го посакувам на сите!
 
Галина Рулева – новинарка, авторка на две книги и уредник на списанието „Искушение“:
  Без значение каде се наоѓаат, луѓето имаат своја чувствителност, свое емоционално восприемање на светот. Мене ми беше многу интересен еден речиси стогодишен старец – баи Добри, кој оди со обувките од кожа и кожно палтенце низ Софија, со облеката која сам си ја сошил, и собира помош за манастирите. Тој човек врши исклучителна духовна работа. Со него тешко се разговара, но ако го убедиш дека вреди, зборува за работите кои го восхитуваат.
  o.kiril toshev
  Некои го сметаат баи Добри за јуродив. Религиозен, свет човек, кој има смирен дух, кроток, молитвеник кој влегува во срдечна и откровена врска со Бога. Го сметаат и за прозрлив, т.е. прониклив, кој е дарен од Бога со дар да ја види твојата иднина или личните проблеми кои го разбрануваат срцето и мислите во моментот или во блиска иднина. Те зазборува за нешто, на прв поглед неповрзано, а после се покажува дека тоа е онаа работа која во моментот ти го окупирала сознанието и те загрижувала. Ти потфрлува некаков „исход“ од ситуацијата во која си, а тоа се покажува како правилна насока, итн. Можеби навистина е така, Бог знае!?
  Силвија Николова, новинар и теолог:
  Проси молчеливо, смирено, со наведната глава. Слични состојби се опишани единствено во житијата на светиите. Старецот обитава во подвалената куќичка во дворот на селската црква „Св. Кирил и Методиј“ во Бајлово. Во недела ретко некој ја бие камбаната. Свештеникот наминува само за старецот кој е на ред да се спомене (да му изврши опело*). Но, присуството на дедо Добри, кое многумина го ценат, како пред светија, не го остава празен нејзиниот двор. Секогаш има некој кој застанува, или софијски автомобил, дури и цел автобус, или едноставно некоја жена од селото ќе отиде да му остави храна, да му однесе нешто друго за скромното негово биитисување, или само да намине за да се увери дека ништо неповратно се нема случено со него.
  Владо Трифонов – новинар и филмски продуцент:
  Тој е еден од малкуте живи суштества во главниот град, на кој ти е пријатно да го запреш своето око. Да, ми се допаѓа да го гледам како ги заработува парите со достоинство и смирение. Пред неколку години го видеа моите бивши студенти, за време на Велигден. He’s taken like from the Bible, рекоа и не ги симнаа своите очи од него. Не знам од каде е, каква е неговата судбина, доволно е дека кога сум во Софија, од време на време го меркам и тогаш градот придобива почовечки изглед.
  
Албум: http://www.facebook.com/album.php?aid=88617&id=538437028
 
Видео: http://www.youtube.com/watch?v=vaau8iT0D0o

Преземено од: Аргита Атева

 

  Преминпортал

5.12.2012 год.

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

30/07/2024 - вторник

+Светата маченичка Марина; Преподобен Леонид Устнедумски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова вмч-ца Марина 17 јули / 30 јули 2024

Тропар на св. Христова вмч-ца Марина 17 јули / 30 јули 2024

Како Елена света која по Крстот трагаше –Крст од Небесата за тебе испратен беше,како Јона кој во китова утроба патуваше...

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Тропар на св. Христови маченици Кирик и Јулита 15 јули / 28 јули 2024

Младенци постојано кон Тебе итаат Христе Боже,душа не знае за години,Кирик топла љубов посакувајќи,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная