Во Марковиот манастир „Св. вмч. Димитриј Солунски“ во с.Маркова Сушица, ноќта петок кон сабота (30.11 кон 01.12.2012 г.), на празникот на светиот маченик Платон и на светите маченици Роман и Варул; со почеток во 22:00 ч. се одслужи сеноќно бдение со Божествена Литургија предводена од отец Атанасиј Арсоски; во сослужение на ѓаконите Ѓоко Бурмузоски и Гоце Постолов. Православните христијански души се причестија со Светите Христови Тајни. По бдението, игуманијата на Манастирот сестра Илијана и сестринството ги подкрепија заедничарите со благослов, чај и милозливи разговори.
Преминпортал
Ратислав Кардалев