логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Скопје, 23 октомври 2012 (МИА) - Само народ кој има храброст да се соочи со соопственото минато, има сили да ја гради и сопствената иднина. Само народ кој има памтење, има зрелост и мудрост да го продолжи животот и да се соочи со сите предизвици што ги носи иднината, рече премиерот Никола Груевски во обраќањето на Свечената академија по повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба во Македонската опера и балет.

Груевски напомена дека 23-ти Октомври е еден од најсветлите датуми на македонската историја, ден на создавањето на Македонската револуционерна организација која во колективната меморија на македонскиот народ е запишана како ВМРО - Внатрешна македонска револуционерна организација чиј прв претседател бил Христо Татарчев.

- ВМРО со времето прераснала во историски препознатлив код на македонскит народ. Нејзиниот од по тешките балкански крстосници е нераскинлив дел од нашата судбина, истакна премиерот.

На овој ден, додаде, досега сме кажувале многу работи, сме говореле за минатото и за иднината, за предизвиците, за поразите, за проблемите и победите. Сме говореле за нашите херои од минатото кои ги водеа визиите и идеите, храброста и одлучноста, посветеноста и определбата за една кауза која се вика македонска држава.

- Тие луѓе ги дале своите животи за тоа за што верувале. Имале цел и идеја водилка. Не се плашеле  да застанат на патот на што било или кого било, верувајќи во исправноста на тоа што го прават, за доброто на нашиот народ. Нивниот пример треба да биде наш, нивната волја страст, енергија, верба, треба да остане општ кодекс на однесување кога е во прашање нашата држава и интереси, подвлече Груевски.

Овој мој денешен говор, посочи тој, ќе биде нестандарден за вакви пригоди, јас го одбрав тоа затоа што мислев дека е вистински ден за тоа.

- Затоа од ова што ќе го говорам во голема мерка зависи иднината на нашата држава, на нашата нација од повеќе аспекти, економски, политички, ако сакате и од аспект на опстанокот на една држава и на еден народ. Ќе говорам за еден сериозен предизвик, па и проблем да го наречеме. Ако сакате во чие решавање мора да бидеме сите сплотени, да се мобилизираме и заеднички да делуваме, без разлика на нашата ваква или онаква припадност. Тоа е проблемот. Тоа е проблемот како со демографијата и депопулацијата или како што неодамна кажав рецесија на нацијата, рече Груевски.

Тој истакна дека денес имаме своја држава, кога имаме слобода и демократија, кога сме свои на своето, кога Македонија е на прагот да стане земја членка на НАТО  и ЕУ, кога зборуваме за зголемување на пензии или за нови инвестиции, кога имаме своја Армија и полиција која се грижи за нашата безбедност и мир, кога имаме мир, свои училишта и свои универзитети, кога слободно го говориме нашиот јазик и се бориме за етаблирање во меѓународни рамки.

- Денес кога сме во неспоредливо подобра состојба отколку пред 60, 100 или повеќе години, ние, а за волја на вистината и повеќето европски земји се соочуваме со криза на семејните вредности, со сериозен долготраен и засега незапирлив тренд на пад на наталитетот. Живееме во време кога не само што е се поголема реткост второ дете во семејствата, а камоли трето и четврто, туку спротивно на тоа водиме дебати за искривени вредности, за еднополови бракови, па уште и посвојување деца во тие  еднополови бракови, за некакви права на жените, па на мажите кои од нив позастапен во политиката или во бизнисот, а додека се трошиме на тие теми нам како држава ни снемува народ, рече Груевски.

- Во 1950 година се родиле 50.000 бебиња во Македонија, во 1980 година - 40.000, во 2011 се родени 22.000. Трендот е очигледен. Од 50.000 деца годишно на само 22.000. Тоа е демографската рецесија што трае со децении. Бројот на деца во државата е повеќе од преполовен. Тоа треба да биде причина  за сериозна загриженост. Наместо паралелки со 35 деца имаме паралелки  кои имаат по осум, десет, 15 или 20 деца. Училишта кои порано имале илјада ученици, денес имаат 500 или 600 ученици. Демографијата и наталитетот имаат врвно значење за економијата, образованието, инфраструктурата, пензискиот систем, компаниите, нагласи Груевски.

Посочи дека во 1995 година пред само 17 години во сите основни училишта имало вкупно 262 илјади ученици во осмолетка. Во 2012 година бројот на ученици во истите основни училишта изнесува не 262, туку 195  илјади ученици во деветолетка. За само 17 години бројот на ученици е намален од 262 илјади на 195 илјади. Тоа се 67 илјади деца помалку во основните училишта. Тоа се околу 3.300 паралелки помалку за само 17 години.

- Во 2010 година имавме 466.000 вработени и 274.000 пензионери, соодносот е 1,7 вработени на еден пензионер. За споредба во 1980 година имавме 420.000 вработени и 84.000 пензионери, тоа е сооднос од речиси 5 вработени спрема еден пензионер. Од 1980 до 2010 година,  30 години соодносот се намалил од 5 спрема 1 на само 1,7 спрема еден. Проекциите и трендовите за наредните децении се уште понеповолни. Ако во 2012 година трошиме 584 милони евра за пензии во 2025 година проекциите покажуваат дека ќе трошиме една милијарда и 120 илјади евра, потенцира премиерот.

Тој ја повтори определбата на Владата максимално да ги поддржува пензионерите и го потврди покачувањето на пензиите во март следната година.

Сепак, среднорочно, како што рече, нашиот пензиски систем ќе биде соочен со предизвиците и трошоците од стареењето на населението, а намалениот наталитет има директно негативно влијание врз пензискиот систем.

- Нискиот наталитет ја намалува конкурентноста на една држава. Таму каде што има народ таму ќе дојдат инвестициите, потрошувачката и патиштата. И обратно. Таму каде што нема народ ќе се намалат инвестициите, потрошувачката инфраструктурата и економијата. Наталитетот е изразито мал и во градовите и во селата. Ако пред 20 или 30 години имавме намалување на бројот на жителите на селата тоа денес се случува во градовите. Како премиер на Република Македонија должен сум да кажам дека сегашниот број родени деца е недоволен за одржување на населението на Македонија. истакна Груевски.

Со фертелитет од 1,4 деца родени по жена, укажа тој, ние сме соочени со сигурен пад на бројот на жители.

- За одржување на популацијата, минимумот е 2,1 родени деца по жена.  Со фертелитет од само 1,4 деца по жена во моментов Македонија е цели 35 проценти под минимумот на минимуми за одржување на популацијата. Соочени сме со намалување на бројот на населението. Потребна е нашата лична одлука дека децата се нашиот приоритет број еден, дека сме подготвени да ги живееме семејните вредности, дека е убаво да правиме бизнис, да работиме, да учиме, да реализираме големи кариерни планови, рече премиерот.

Факт е, истакна тој, дека жиееме во време на економска неизвесност, проблемите со животниот стандард се секојдневие, притиска невработеноста, цените, финансиските проблеми, многу млади имаат нерешено станбено прашање.

- Сето тоа има свое влијание врз наталитетот. Во Европа понизок фертилитет од Македонија имаат Германија, Австрија, Словенија, Луксембург, Италија, Русија, Шпанија, Латвија и тн. Сите тие имаат солидна економска состојба. Добар дел од нив имаат уште поголем бенифиции како поттик за родителство, но бројките остануваат неповолни. Значи не е се до богатството. Нашите предци пред 100 години не биле побогати од нас, а имале многудетни семејства, истакна премиерот.

Тој рече дека факт е оти сме соочени со стареење на населението, ако овој тренд продолжи тогаш во 2050 година просечната возраст ќе биде точно 50 години, а тоа е многу неповолна ситуација.

- Секоја година се зголемува просечната возраст на стапување во брак. Секоја година расте просечната возраст на раѓањето на децата. Факт е дека бракот и децата се одложуваат. Оваа Влада ги поддржува многудетните семејства. Веќе четири години за секое трето родено дете се дава надомест во висина од 50 проценти од просечната плата во текот на десет години, и за вработените и за невработените. Секоја мајка што ќе роди четири деца со навршени 62 години ќе оствари право на пензија, ако не остварила право на пензија по друг основ. Доделуваме бесплатни учебници за сите ученици, превозот за учениците е бесплатен, за неколку пати ги намаливме партиципациите за студентите и ги сведовме на симболични, ги подобривме кредитите за куќа или стан за младите брачни двојки, рече премиерот.

- Во ова време на криза во цела Европа со сите сили се бориме против невработеноста. Но, има некои работи што не може да ги направи Владата. Тоа е задача на сите нас, поединечно во нашите семејства. Секоја жена и секоја мајка заслужува безрезервна поддршка од сопругот и семејството. Сопружниците треба да се сакаат и почитуваат. Тоа се семејните вредности кои не смееме да ги напуштиме. Да ги охрабриме нашите млади да стапат во брак. Повеќедетните семејства се пример на решителност во овие времиња на економска криза во Европа. Не смееме  да ги напуштиме традиционалните вредности на нашиот народ и држава. Бракот претставува исклучиво заедница на еден маж и на една жена, рече премиерот.

Повика прашањето за наталитетот и демографската политика да не се злоупотребува во дневно - политичките препукувања.

- Како што беше храброст на 23 Октомври 1893 да се стане за Македонија, така денес е храброст да се биде честит и посветен на своето семејство на своите жена и деца. Потребна ни е политика која ќе ја намали нето имиграцијата, која ќе го зајакне општеството и ќе се бори со атомизацијата.

Според него, вистинскиот пристап има три компоненти: прво, трезвено и детално разбирање, и целосно прифаќање на фактите за вистината и природата на овој предизвик, второ преземање мерки и активности за да се обезбеди раст на популацијата во одржлива стапка и трето активности за да се подготвиме соодветно за еден таков одржлив раст.

- На ден кој со својата идеја, посветена на историјата блеска како огромна светилка на крајот  од долгиот темен тунел, зашто ни покажува дека ние граѓаните на Македонија знаеме да се бориме со големи предизвици, дека ние знаеме, како што знаевме да го пробиваме патот кон слободата и патот кон суверена самостојна држава - Република Македонија. Нека ни е честит денешниов ден, големиот државен празник 23 Октомври, додаде премиерот Никола Груевски.

На свечената академија присуствуваат претседателот на Република Македонија Ѓорѓи Иванов, претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски, претставници на Владата, на судската власт, на јавниот живот, на верските заедници и граѓанскиот сектор.

Во рамки на одбележувањето на празникот владина делегација во состав на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерот за здравство Никола Тодоров, министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, положија цвеќе пред споменикот на Основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација во паркот „Жена Борец“ во Скопје. Цвеќе пред споменикот положи и делегација на Собранието на Република Македонија во состав од пратениците Силвана Бонева, Владанка Авировиќ и Авдија Пепиќ, како и делегација на ВМРО-ДПМНЕ составена од Владимир Пешевски, Антонио Милошоски, Миле Јанакиевски и Диме Спасов.

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност на ликовниот уметник проф. Владимир Георгиевски и на писателот од Скопје Халил Зендели им беше врачена државната награда „23 Октомври“ за 2012 година во областа на културата и уметноста. Високото државно признание се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија.

Во Музејот на македонската борба за државност и самостојност по повод 23 Октомври е промовирана монографијата Музеј на македонската борба за државност и самостојност - „Музеј на ВМРО и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“, на македонски и на англиски јазик.

На 23 октомври, 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Формирањето на ВМРО значеше почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање модерна самостојна македонска држава. рп/скс/15:49

 

Отворена новата зграда на МНР, Владата продолжува да гради за сите идни генерации

Скопје, 23 октомври 2012 (МИА) - Република Македонија денеска прославува 119 години од формирањето на Македонската револуционерна организација - чин кој остави трајни белези во македонската историја и формирањето слободна независна и суверена држава, нагласи премиерот Никола Груевски денеска на отворањето на новата зграда на Министерството за надворешни работи, честитајќи им го 23 Октомври-Денот на македонската револуционерна броба на сите граѓани во Републиката.

Нашите предци оставиле големи дела, дела за паметење, дела за празнување, што ќе оставиме ние денешните генерации, потенцира Груевски, зависи само од нас. Времето во кое живееме, укажа, е време за реализација, време за инвестиции, време за капитлани дела.

- Ова  е време во кое мора да се гледа кон иднината и да се напредува, да се напредува за себе, за нас, за Македонија, за следните генерации, а патеки за натпревар има многу. Потребно е само желба, многу работа и добра кондиција. Во сите овие изминати години ние решивме напорно да работиме. Решивме да се натпреваруваме пред минатото, во сегашноста и пред иднината. Се натпреваруваме за повеќе вработувања, повеќе инвестиции, подобро образование, подобро здравство, подобро земјоделство, подобро судство, побрза интеграција на земјата во европските и во евроатлантските структури, напредок во индустријата, во градежништвото, во бизнисот, во туризмот насекаде, е пораката што ја упати македонскиот премиер.

Во сите тие приоритети, подвлече, свое место има и инвестирањето во нови објекти кои би ги задоволиле просторните  и инфраструктурни потреби на институциите и потребите на нашите граѓани кои ги користат услугите од овие институции.

Со овој проект, според Груевски, МНР ќе може во целост да одговори на својата уникатна функција, а тоа е претставување и презентирање на државноста, државните политики и достоинството, како на македонската држава, така и на сите граѓани.

- Со самиот проект уште еднаш докажавме дека даваме несебична поддршка на градежниот сектор. На овој објект, како и на многу други капитални објекти кои се изградија и се уште се градат работеа голем број компании и многу работници кои директно и индиректно се поврзани со градежништвото. И токму затоа, во услови на светска економска криза кога во некои други земји се отпуштаат работници, во Македонија се бара работник повеќе во градежништвото, а секој работник повеќе значи приход повеќе во секое семејство. Токму затоа, градежништвото кај нас е еден од носечките столбови во нашата економија. Тоа јасно ја потврдува исправноста на нашите политики и дополнително не стимулира да продолжиме во истиот правец, нагласи премиерот Груевски.

Ние градиме и ќе продолжиме да градиме, подвлече тој, со целата наша вложена енергија, со нашата желба, со посветена работа.

- Низ Македонија се издигаат многу столбови на нови објекти, на нови музеи, на нови училишта, на нови стадиони, спортски сали, нови болници, на нови хидроцентрали, нови згради со социјални  и комерцијални станови, како и многу други објекти. Столбови на нашата државност, столбови кои ќе останат да сведочат за едно време на изградба на Македонија. Столбови за подобар живот на сите граѓани на Република Македонија и столбови за сите идни генерации. Градиме за иднината и така ќе продолжиме, рече меѓу другото во обраќањето премиерот Груевски.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски посочи дека денешниот настан е од историска важност не само за македонската дипломатија, туку и за сите граѓани на Република Македонија.

После 20 години независно постоење, подвлече Попоски, македонската дипломатија се стекнува и со просторни капацитети соодветни за сериозна идна членка во евроатлантските семејства.

- Македонската дипломатија низ изминатите години е значаен учесник во клучните мооменти на развојот на Република Македонија и во клучните збиднувања кои ги дефинираат регионалните и меѓународните односи во современата историја на земјите на светско ниво. Во тие рамки, МНР беше главното јадро на генерирање и реализација на активностите во стекнување меѓународен легитимитет во сите важни заложби на Република Македонија - меѓународното признавање на нејзината независност и сувереност, воспоставувањето, градењето и унапредувањето на добри односи со сите земји во светот, приемот во меѓународните организации, учеството во меѓународните коалиции за одржување на меѓународниот мир и безбедност и креиранње многубројни разновидни активнсоти во насока на што подобра и поквалитетна афирмација на имиџот на Република Макеоднија, истакна министерот Попоски.

Новата зграда, истакна меѓу другото Попоски, претставува и нова можност за македонската дипломатија да се профилира во овие рамки.

- Во Република Македонија денес спроведуваме политика на отвореност кон сите без предрасуди и без стереотипи, политика безусловно солидарна кон сите проекти што произведуваат вреднсоти, деморкатија и просперитет. Нашата земја е конструктивен учесник и иницијатор во регионалната соработка и во соработката со своите соседи. Кристално јасна и недвосмислена е пораката што денес Македонија ја испорачува во светската  јавност-порака за изградба на заедничка иднина во европски и во светски рамки, рече Попоски, додавајќи оти Македонија ги има исполнето сите критериуми за членство во НАТО и е подготвена веднаш да ги започне преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Новата зграда на МНР е еден од најголемите објекти кои во изминатите години се градеа во Скопје. Објектот има две подземни нивоа, приземје, седум ката и рамна тераса. Има инсталирано најсовремени системи за греење и ладење со што влегува во класата на енергетски ефикасни објекти. Свој впечаток има фасадната обработка на зградата чии столбови, куполи и склуптури неможат да останат незабележани. Севкупно се инвестирани 13,5 милиони евра.

Сепак, како што рече премиреот Груевски, естетската убавина е само надополнување на функционалноста на овој објект. Со неговата изградба, потсети, веќе нема потреба од кирии и закупнини за МНР кои со години наназад се одлеваат од Буџетот на државата. После многу години Министерството за надворешни работи конечно има свој дом. цр/дма/13:48


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

« »

Православен календар

 

28/07/2024 - недела

+Св. ап.Акила; преп.Никодим Светогорец

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Тропар на св. Христов свешт-мч Атиноген и неговите десет ученици 16 јули / 29 јули 2024

Нема ученик поголем од својот учител,но радоста учителска е потполна кога ученикот го продолжи делото, Христе Боже наш, Атиноген свети...

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Тропар на св. апостол Христов Акила и неговата жена Прискила 14 јули / 27 јули 2024

Христос Тајновидецот очите на разумот ви ги отвори,а Павле апостолот во верата ве утврди,о свети сопружници Акиле и Прискило,вие кои...

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Тропар на св.Архангел Гаврил 13 јули / 26 јули 2024

Водачу на небесните војски,ние недостојните секогаш те молиме,со твоите молитви да нѐ оградишпод кровот на крилјатана твојата слава бестелесна,пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная