Претседателот Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја, денеска присуствуваа на неделната литургија во црквата „Св. Никола“ во Тотова, Њу Џерси, САД, каде шефот на државата е во официјална посета.
Тој претходно се сретна со македонските иселеници во црквата „Свети Кирил и Методиј“ во Сидер Гроув, во Њу Џерси.
Претседателот утре патува во Бостон, каде ќе одржи предавање на елитниот универзитет „Харвард“, на темата „Македонските интеграции и почитувањето на различностите во Република Македонија“. Во четврток тој ќе се обрати на генералното Собрание на ОН.
Фото: МИА
Извор: Иhttp://www.time.mk/read/0ad2143898/3e4c1581af/index.html