Zoran.Stamenkovic.pevnica.jpg

БОЖЈО      ДОЛГОТРПЕНИЕ

Кога Господ би била само правичен, би го казнил грешникот, веднаш штом овој згреши, но Ггоспод е полн со љубов, и поради своето човекољубие  и долготрпение има милост кон грешникот, долго трпи и го очекува неговото обраќање, го чека неговото покајание и поправање. Долго долго  трпи Господ но ако непоправливиот грешнж, упорно не сака да се покае и поправи, тогаш го очекува страшна Божја казна. На многу такви грешници од кои Он засекогаш се откажува, тие луѓе често живеат во големо изобилство, се радуваат и не се сомневаат, или пак се грижат да не се сомневаат, да нивниот успех и изобилство е знак на вечна отфрленост. Нема  ништо пострашно од благосостојба на грешникот. Најнесреќен човек е оној кој не чувствува дека  оди над бездната, и кој го отфрлува или одложува покајанието. Мнозина мислат, а некои и отворено зборуваат, кога ќе остареме тогаш ќе се покаеме, сега уште сме млади, не ни треба тоа.
Но кој може да биде сигурен дека ќе ја дочека староста и кој може да тврди дека во староста ќе биде помудар него ли што е сега,  нема ли по навика, и тогаш да го одбие покајанието? Искуството нас не учи, дека староста не прави поискусни, но не и помудри.  И  дали  на Господ  ќе Му биде угодно таквото
покајание, во кое грешникот целиот свој живот и со своите постапки како да вели; на тебе е Божее    оноа што јас не го можам.Стар сум и слаб или сакал или не сакал морам да ти се обратам. Дали Господ ќе  ја таквата жртва ако човекот самоволно целиот свој живот се одкажувал од Него, и дошол до покајание дури кога веќе нема сила ниту волја да служи на Бога, кога веќе не може да ги принесе плодовите на покајание. Господ е милостив и праведен судија. Кој не живее како треба го казнува со ненадејна  смрт, така да грешникот  оди неприпремен и неочистен.Тој вечно ќе се мачи со другите' грешници, и чадот на нивните мачења ќе се воздигне до небото.  Трпи Господ,трпи и чека кога грешникот ќе се покае, или ќе ја помине мерата на прегрешенијата и на своите гревови, како што рекол ангелот на свети  Јован  Богослов, времето е близу неправедникот и понатаму нека греши, нечистиот и понатаму нека се валка,а праведникот и понатаму нека   чини правда, а светите и понатаму нжа се осветуваат (апокалипса 22,10-11 )а тогаш полесно ќе и биде на земјата содомска и гоморска на судниот ден(матеј10,15)отколку   на непокајните грешници*  Свети апостол Павле     имал видение како за грешниците се жалеле и небесните светила(месецот и сонцето_и океаните и земјата,која била подготвена живи да ги проголта, а Тој го слушал нивното жалење и молбата да ги уништат грешниците па одговорил, чекам покајание.


Лето Господово 18.11.2003
протојереј Зоран Стаменковиќ

 

 o.Zoran.Stamenkovic.jpg

 

 протојереј Зоран Стаменковиќ- Покајание (21.08.2012)