hristos.sv.petka.jpg

svpetka.deca1.jpg

svpetka.deca2.jpg

Светите четиринаест илјади младенци во Витлеем    

Бидејќи мудреците од Исток не се вратија од Витлеем во Ерусалим за да му јават на Ирод за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до две години во Витлеем и во сета витлеемска околија. Оваа страшна царска заповед беше извршена буквално. Неговите војници некои деца ги убија со меч, други ги разбиваа врз камења, трети ги гмечеа со нозе, четврти со рацете ги задавија. И се крена плач и лелек на мајките до небесата; пискот и горко плачење, „Рахил плаче за своите деца и не сака да се утеши за нив, зашто ги нема“ , како што е и пророкувано (Еремија 31, 15; Матеј 2, 18). Ова злосторство над многубројните невини деца се изврши една година по раѓањето на Исус Христос, на 29 декември. За ова време Ирод трагаше за да Го пронајде Божествениот Малденец. Го бараше од Захарија син му Јован, се разбира за да го убие, зашто мислеше дека Јован е тој нов Цар. Па бидејќи Захарија не го даде Јован, по наредба на Ирод самиот Захарија го убија во храмот. Ќе го убиеја и Св. Симеон Богопримец, ако после Сретение не се упокоеше во Господа. Откако ги уби витлеемските деца Ирод се наврте на еврејските старешини коишто му толкуваа каде треба да се роди Месијата. Го уби првосвештеникот Иркан и други седумдесет старци од Синедрионот. Така зло завршија и оние коишто се согласуваа со Ирод дека новиот Цар Младенец треба да биде убиен. Потоа ги уби своите - брат му, сестра му и жена му и тројцата свои синови. Најпосле и него го постигна Божја казна: почна сиот да се тресе, нозете му потекоа, долниот дел од телото му загнои, а од гнојот потекоа црви, носот му се затвори и од него се ширеше неподнослива смрдеа. Пред да издивне се сети дека во затворот има многумина Евреи коишто би се израдувале на неговата смрт, па заради тоа нареди сите да ги убијат. Така ја испушти својата нечовечна душа овој грозен владетел и им ја предаде во вечна сопственост на демоните.

 svpetka.deca4.jpg svpetka.deca3.jpg

На денот кога Светата Црква го празнува споменот на светите четиринаест илјади младенци во Витлеем, во храмот посветен на св. Петка се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите  Христови Тајни.    

 svpetka.deca6.jpg

svpetka.deca7.jpg

svpetka.deca5.jpg svpetka.deca8.jpg

Во беседата за значењето на денешниот празник, повлекувајќи  паралела помеѓу денешните грозоморни убиства на деца кои се случуваат и страшните Иродови злосторства во времето на новородениот Цар, отец Томе укажа на сета погибелност кога се свое вложуваме во здобивање на земните богатства, при тоа  заборавајќи го или сосема  отфрлајќи го Небесното царство.

 Нашата гордост која е почетокот на сите гревовни состојби во кои  се наоѓаме, да ја победуваме со христијанската смиреност на која Господ Исус Христос не поучува.

 

 

Посети:{moshits}