На 07.01.2008 годинана, на празникот на Раѓањето Христово, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа Света Василиева Литургија со која богослужеше Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на бројното свештенство од Скопската епархија, а на која присуствуваше државниот врв, министри од Владата, членови на дипломатскиот кор и голем број верници.
На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Христос се роди!
Архиепископот Oхридски и Mакедонски г.г. Стефан, заедно со САС на МПЦ, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија божиќно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со радосниот и торжествен поздрав - Христос се роди!
Фото: Преминпортал
Марјан Николовски
{moshits}