TviTER1074

Спроти празникот на Рождеството Христово – Божик, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен гостуваше во поткастот „Попкаст со Мартин Богатиноски“ на „Слободен Печат“.

Во емисијата објавена на 5 јануари 2026 година, владиката говореше за обичаите поврзани со празнувањето на Божик во Македонија и во дијаспората, предизвиците со кои се соочуваат нашинците во иселеништвото во однос на своето црковно живеење како и за напорите на Црквата да ја негува верата и посебноста на Македонците во друговерните и другородните средини.

Неговото Високопресвештенство се осврна и на враќањето на луѓето во Црквата, од деведесеттите години на минатиот век до денес.

Митрополитот зборуваше и за помошта што Европската епархија ја обезбедила за лекувањето на настраданите од пожарот во Кочани и за односот на Црквата со јавноста, и за други интересни и актуелни теми.

Целата емисија може да се погледне на следната видео-снимка:

https://liturgija.mk/glasilo/razgovori/bozhikno-gostuvanje-na-mitropolitot-pimen-vo-potkastot-na-sloboden-pechat/

TviTER1075

 

https://liturgija.mk/glasilo/razgovori/bozhikno-gostuvanje-na-mitropolitot-pimen-vo-potkastot-na-sloboden-pechat/