логоFacebookTwitterYouTubeeMail

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите на седницата одржана на 23.07.2013 година ги разгледа актуелните случувања во врска со процесот на лустрација и ги зазема следните ставови:
МАНУ одлучно се спротивставува на секој обид на злоупотреба на процесот на лустрација за рушење на институциите на државата, на културните, образовните и други општествени институции и во тој контекст на положбата и улогата на Академијата како највисока научна и уметничка институција од посебен интерес за Република Македонија. Таа е столб на македонската државност, македонската култура и националниот идентитет и на македонското мултикултурно општество, а нејзиниот научен и уметнички придонес е познат и признат во светски размери.
Академијата смета дека заради доследно спроведување на начелото на владеење на правото како највисок државен интерес, постапката на лустрација треба во целост да биде подредена на правилата и стандардите предвидени со Европската конвенција за човекови права, која е дел од домашниот правен поредок и има супериорно значење во однос на законот.
Во првата половина на септември МАНУ ќе свика Собрание на кое ќе расправа за пошироките аспекти и последиците на досегашното спроведување на процесот на лустрација во Република Македонија.
Скопје, 23 јули 2013 г.
МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie