spomenij.dositej1.jpg

СКОПЈЕ


21,22,23 Април - Велики Понеделник, Вторник и Среда со почеток во 07,00 часот - утрена, часови и Божествена Литургија на Предосветените дарови.
     Велики Понеделник, Вторник  и Среда, во 17.00 часот”Последование Жениху”.       

     
24 Април-Велика Четврток. Со почеток во 08.00 часот : Литургија на свети Василиј Велики со Вечерна; по Светата Литургија ќе се изврши Света Тајна Елеосвештение во сите храмови.
       Вечерта , со почеток во 18.30 часот читање на 12 Евангелија за Христовите страданија.
       Негово Блаженство ќе боголсужи во Архиепископскиот соборен храм “Св. Климент Охридски” – Скопје.

25 Април - Велики Петок, со почеток во 07,00 часот: Царски часови со Велика вечерна. 

Околу 10,00 часот изнесување на Светата Плаштаница.
Вечерта во 18,00 часот
- Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос.


26 Април - Велика Сабота - со почеток во 07,00 часот  Света Василиева Литургија, со вечерна.

Неговото Блаженство ќе чиноначалствува во храмот “Св. Наум Охридски” –Радишани, Скопје


26/27 Април - ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - ВЕЛИГДЕН: Светата богослужба започнува  во 23,00 часот. По опходот околу храмот и објавата на Христовото Воскресение, продолжува Воскресна богослужба со Литургија на Св. Јован Златоуст.


27 Април - со почеток во 08,30 часот, Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе богослужи Воскресенска Литургија во Соборниот храм “Свети Климент Охридски” во Скопје.

Во 10,45 часот - Второ Воскресение, со читање на Евангелието на повеќе странски јазици . Едноцрквие во Соборниот храм “Св. Климент Охридски “.


28 Април - Велигден, втор ден, со почеток во 08,30 часот, Негово Блаженство ќе богослужи во храмот “Св. вмч. Димитриј” во Скопје.


29 Април - Велигден , трет ден, со почеток во 08,30 часот  - Негово Блаженство ќе богослужи  во храмот “Света Петка “ во Скопје.


02 Мај - Источен Петок - Балаклија, со почеток во 08,30 часот, Негово Блаженство ќе богослужи во храмот “Свети Јован Крстител” - Капиштец.
        
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!     -    НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

во Скопје, 2008
Лето Господово                                   Од Канцеларијата на Скопската Епархија

 

 

Св.Георгиј -Криви дол , Скопје

ПРОГРАМА ЗА ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИТЕ И ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ДЕНОВИ 2008 ГОДИНА

igor.bitie8.jpg24 Април-Велик Четврток. Со почеток во 08.00 часот : Литургија на свети Василиј Велики со Вечерна; по Светата Литургија ќе се изврши Света Тајна Елеосвештение.

Вечерта , со почеток во 18.00 часот читање на 12 Евангелија за Христовите страданија.


25 Април - Велик Петок, со почеток во 08.00 часот: Царски часови со Велика вечерна, изнесување на Светата Плаштаница.
Вечерта во 17.00 часот – опход со Светата Плаштаница, Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос-статии на Велик Петок


26/27 Април /Сабота-Недела/ - ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО: Светата богослужба започнува  во 23.30 часот. По опходот околу храмот и објавувањето на Христовото Воскресение, продолжува Воскресна богослужба со Литургија на Св. Јован Златоуст.


28 Април /Понеделник/ - Велигден, втор ден, со почеток во 08.30 часот, Божествена Литургија.


29 Април /Вторник/ - Велигден , трет ден, со почеток во 08.30 часот, Божествена Литургија.
        
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!     -    НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!

во Скопје, 2008
Лето Господово     

 

  Св. Петка-Скопје

sv.petka.f3.jpg21,22,23 Април - Велики Понеделник, Вторник и Среда со почеток во 07,00 часот - утрена, часови и Божествена Литургија на Предосветените дарови.


 


plaosnik.ubav.jpg

ОХРИД


РАСПОРЕД НА БОГОСЛУЖБИТЕ ЗА
ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ ЗА 2008 ГОДИНА

21.04.2008 – ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК
НАУТРО:
Утрена, часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Света Богородица" – Каменско, со почеток во 7 часот.
ВЕЧЕРТА:
Бдение со „Последование на Женихот", едноцрквие во црквата „Света Богородица" – Каменско, со почеток во 17 часот. 

22.04.2008 – ВЕЛИКИ ВТОРНИК
НАУТРО:
Утрена, часови и Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Света Богородица" – Каменско, со почеток во 7 часот.
ВЕЧЕРТА:
Бдение со „Последование на Женихот", едноцрквие во црквата „Света Богородица" – Каменско, со почеток во 17 часот.

 23.04.2008 – ВЕЛИКА СРЕДА
НАУТРО:
Утрена, часови и Архиерејска Преждеосвештена литургија, едноцрквие во црквата „Св. Богородица" – Каменско, со почеток во 7 ч.
ВЕЧЕРТА
Мало повечерие со канон во сите цркви во Охрид, со почеток во 17 часот.

   24.04.2008 – ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК
НАУТРО:
Утрена со Василиева Архиерејска литургија со општ ма-слосвет, во црквата „Свети Ѓорѓи" – Охрид, со почеток во 7 часот, а богослужби Ќе има во сите парохиски цркви во Охрид.
ВЕЧЕРТА:
Бдение со читање на 12 Страсни Евангелија, во сите градски цркви, со почеток во 18,30 часот.

25.04.2008 – ВЕЛИКИ ПЕТОК
НАУТРО: Царски часови со Вечерна богослужба и изнесување на Светата Плаштаница, со почеток во 7 часот.
Митрополитот г. Тимотеј Ќе богослужи во црквата „Света Богородица" – Каменско.
ВЕЧЕРТА: „Оплакувањето и опело на Христа", почеток во 19 часот.
Митрополитот г. Тимотеј Ќе богослужи во црквата „Света Богородица" – Перивлепта, Варош.

 26.04.2008 – ВЕЛИКА САБОТА (ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО)
Воскресна богослужба во сите градски цркви со почеток во 23.30 ч Митрополитот г. Тимотеј Ќе богослужи во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон" – Плаошник, со почеток во 23.30 часот.
8.04.2007 НАУТРО: Втора света литургија во црквата „Света Богородица" – Каменско, со почеток во 8.00 часот.

27.04.2008 – ВЕЛИГДЕН
Второ Воскресение со читање на Светото Евангелие на повеќе странски јазици, и делење на велигденски јајца со почеток во 17 ч.
Вечерна Архиерејска богослужба во црквата „Св. Софија"– Охрид.

28.04.2008 – II ДЕН ВЕЛИГДЕН
Утрена со Златоустова литургија во сите цркви, со почеток во 7 ч.
Архиерејска литургија во црквата „Св. Петар и Павле" – Кичево.

29.04.2008 – III ДЕН ВЕЛИГДЕН
Утрена со Златоустова литургија, во сите цркви, со почеток во 7 ч. Владиката Тимотеј ќе изврши осветување на нова црква во Македонски Брод.
За Варош, во црквата „Свети врачи Козма и Дамјан".
 
1.05.2008 – СВЕТЛИ ЧЕТВРТОК
Архиерејска литургија во црквата „Св. Јован" – Канео, едноцрквие за Охрид, со почеток во 7.30 часот.

2.05.2008 – ИСТОЧЕН ПЕТОК - БАЛАКЛИЈА
Света Архиерејска литургија во црквата „Света Богородица" – Каменско, едноцрквие за Охрид, со почеток во 7.30 часот.

4.05.2008  – ТОМИНА НЕДЕЛА
Света Архиерејска литургија во црквата „Свети Никола" Долна Маала – Охрид, со почеток во 8.30 часот.

КАНЦЕЛАРИЈА НА ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКА ЕПАРХИЈА
ОХРИД

 

Посети:{moshits}