логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

СЕГА Е ВРЕМЕТО

На 16 ноември 2023, во Мултимедијалниот центар Мала станица, со почеток во 19:30 ч, Ликовната колонија Галичник ќе ги претстави 33. и 34. сесија, најавува д-р Ана Франговска, куратор и претседател на здружението

Визуелните дела создадени на 33. и 34. сесија на Ликовната колонија Галичник и овој пат се движат околу еколошки теми, како суштествени теми за кои СЕГА Е ВРЕМЕ гласно да се дискутира на сите возможни начини, бидејќи доколку не успееме со посуштествени системски промени да влијаеме врз промена на свеста и врз менување на девастирачката моќ на Капиталот тогаш ќе треба „да молчиме засекогаш“, т.е. ќе бидеме немоќни да направиме било каква промена и подобрување на животните услови.

Постепениот крај на земјата започнува уште од 1784 кога се изумува парната машина на Џејмс Ват, а тогаш започнала и индустриската револуција, брзата експанзија и капиталистичкиот начин на производство. Капиталоценот е термин кој ја опишува целата епоха што следи, а човештвото се етаблира како геофизичка сила со планетарни размери. Со индустријализацијата, климатските промени започнуваат со невидена брзина. Фосилната економија придонела за денешните неодржливи емисии на јаглерод диоксид. Во текот на два века индустриски, технолошки и економски раст, придружен со екстрактивизам - копање и исцрпување на сите ресурси, масовно уништување на живиот свет, главно за човечка исхрана и огромно загадување на животната средина - предизвикана е сегашната еко-социјална криза.

Уметноста е важна и може заедно со природните и хуманистичките наукида се користи за да се размислува за еколошката правда. Ангажираната уметност за предизвиците на животната средина може да ја преиспита политиката и да го политизира пристапот на уметноста кон заштитата на животната средина. Директните и критички јавни изјави на уметниците поттикнуваат разговори за еко-социјалните кризи и политиките за одржливост и создаваат нови модели на фер работа со животната средина. Уметниците ги истражуваат природните и културните комплексности, нагласувајќи ги политичките аспекти на екологијата, одржливоста, социјалната правда и економската еднаквост. Тековните уметнички позиции и модели на дејствување комбинираат експериментален и перцептивен ангажман со постколонијална етичко-политичка практика.

2022

Одржливост

Специфичните уметнички практики, како што е еколошката уметност, и секојдневните практики, како што е пешачењето, ја илустрираат релевантноста на естетиката на одржливоста. Поимот „неодржливост“ ги карактеризира повеќедимензионалните нивоа на современата глобална цивилизациска криза. Повеќето автори кои говорат за оваа криза ги истакнуваат нејзините еколошки, социјални и економски димензии. Од културна перспектива, одржливоста може да се сфати како потрага по алтернативни групи на вредности и знаење за светот, реформирање на когнитивните модели и разбирање на обрасците што ги поврзуваат економските, социјалните, политичките, културните и еколошките димензии на реалноста. Според тоа, културната димензија има основна вредност за целиот процес на пребарување на одржливост.

Учесници: Нина Ковачева, Валентин Стефанов, Игор Сековски, Ласе Лоренцен, Славица Јанешлиева, Гоце Наневски, Правдољуб Иванов, Марта Стисјак, Зоран Тодоровиќ

2023

Колонизација/Деколонизација на природата

Користењето на природните извори без никаква стратегија и план ќе не доведе до неурамнотежена природа и цели еко-системи кои го „паметат нападот“ќе почнат да ги враќаат ударите во различни форми и облици. Сведоци сме на многу пандемии и ендемии, земјотреси и цунами, пустошење на земјата, области, градови и труења кои доаѓаат од самата земја, како рак рани на почвата. Дали треба да продолжиме со нашата надмоќ над Земјата или да почнеме да ги користиме природните добра со контрола и стратегија?! Дали сме ние колонизатори на природата и дали треба да почнеме да ја деколонизираме од Своето Јас?

Учесници: Ефи Фурики, Филип Велковски, Калин Серапионов, Јелена Владушиќ, Иван Блажев, Пенка Минчева, Аница Вучетиќ, Ларс ден Хертог
/cp/ps/Mail/Downloader?uid=38707&d=t.mk&u=kalina.premin&contentSeed=93d43&pct=39231&c=yes&an=DefaultMailAccount&disposition=inline&fp=INBOX&dhid=attachmentDownloader&ai=6&attachmentID=f_lowuymwr7Ефи Фурики, Чувари, 2023, видео
Efi Fouriki, Guardians, 2023, video

THE TIME IS NOW

On November 16, 2023, at the Multimedia Center Mala Stancia, starting at 7:30 p.m., the Galicnik Art Colony will present the 33rd and 34th sessions, announces Dr. Ana Frangovska, curator and president of the association

The visual artworks, created on the 33rd and 34th sessions of the Galichnik Art Colony, are again considering environmental topics, as essential topics that THE TIME IS NOW to be discussed out loud in all possible ways, since if we can not influence existential systemic changes, changing consciousness and binding to the devastating power of the Capital then we will have to "keep silent forever", i.e. we will be powerless to make any change and improvement in our living conditions.


The gradual end of the Earth began in 1784 when James Watt's steam engine was invented, and then the industrial revolution, rapid expansion, and the capitalist mode of production began. The Capitalocene is a term that describes the entire epoch that follows, and humanity establishes itself as a geophysical force of planetary proportions. With industrialization, climate change begins at an unprecedented rate. The fossil fuel economy has contributed to today's unsustainable carbon dioxide emissions. During two centuries of industrial, technological, and economic growth, accompanied by extractivism - digging and exhausting all resources, massive destruction of the living world mainly for the human food industry, and enormous pollution of the environment - the current eco-social crisis is caused.

The arts are important and can be used alongside the natural sciences and humanities to think about environmental justice. Engaged art about environmental challenges can rethink politics and politicize art's approach to environmental protection. The artists' direct critical reports and reflections on eco-social crises and sustainability policies create new models of fair work with the environment. Artists explore natural and cultural complexities, emphasizing the political aspects of ecology, sustainability, social justice, and economic equality. Current artistic positions and models of action combine experimental and perceptual engagement with postcolonial ethical-political practice.


2022

Sustainability

Specific artistic practices, such as environmental art, and human practices, such as walking, illustrate the relevance of sustainability aesthetics. The term "unsustainability" has the multidimensional levels of the contemporary global civilization crisis. Most authors who talk about this crisis highlight environmental, social, and economic factors. From a cultural perspective, sustainability can be used as an alternative set of values and knowledge about the world, reforming cognitive models and understanding the patterns that connect the economic, social, political, cultural, and environmental aspects of reality. Therefore, the cultural dimension has a fundamental value for the whole sustainability search process.

Participants: Nina Kovacheva, Valentin Stefanov, Igor Sekovski, Lasse Lorentzen, Slavica Janeshlieva, Goce Nanevski, Pravdoljub Ivanov, Marta Stysiak, Zoran Todorovic

2023

Colonization/Decolonization of nature

Using natural resources without any strategy and plan will not end until nature is unbalanced and entire eco-systems that "remember the attack" will start hitting back in different shapes and forms. We are witnessing many pandemics and endemics, earthquakes and tsunamis, devastation of the country, whole areas, cities and the poisonings that we create returns back the strike from that same land, like cancer wounds. Should we continue our dominance over the earth or start using nature's good control and strategy?! Are we the colonizers of nature and should we decolonize it from Our Self?


Participants: Efi Furiki, Filip Velkovski, Kalin Serapionov, Jelena Vladusic, Ivan Blazev, Penka Mincheva, Anica Vucetic, Lars den Hertog



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная