логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

18 април, Меѓународен ден на културното наследство

Меѓународниот ден на спомениците и локалитетите е востановен на 22-та седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1982 година. Од тогаш 18-ти април е ден на прославување и промоција на културното наследство, и претставува можност за подигање на свеста за неговиот диверзитет, за неговата важност и повредливост, за неговите потреби и за потребата за неговата конзервација.

Подигање на свеста за значењето и вредностите на културното наследство во Република Северна Македонија, како значајна превентивна активност, системска едукација и специјализација на кадар, користење експертски совети во доменот на третманот на културното наследство, ефектуирање на мониторинг мисијата за состојбата на културното наследство, како елемент на превентива, односно сегашна приоритетна активност во доменот на заштита на културното наследство, се едни од целите на Националната галерија.

Културното наследство е темелна вредност на Република Северна Македонија

Во член 56 од Уставот на Република Северна Македонија се пропишува дека сите природни богатства на Републиката, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење определени со закон се добра од општ интерес за Републиката и уживаат посебна заштита. Законот за заштита на културното наследство дефинира дека културно наследство во смисла на овој закон се материјални и нематеријални добра кои, како израз или сведоштво на човековото творештво во минатото и сегашноста или како заеднички дела на човекот и природата, поради своите археолошки, етнолошки, историски, уметнички, архитектонски, урбанистички, амбиентални, технички, социолошки и други научни или културни вредности, својства, содржини или функции, имаат културно и историско значење и поради нивната заштита и користење се наоѓаат под правен режим во согласност со овој и друг закон.

Националната галерија НА Република Северна Македонија е институција која одигра мошне значајна и историска улога во доменот на движното културно наследство, афирмирање на македонското ликовно творештво од средината на дваесеттиот век, па се до денес.

Нејзиното формирање датира во далечната 1948 година, како одговор на потребата, македонската ликовна сцена да биде водена и поттикнувана од стручна институција во која би се презентирала и афирмирала македонската ликовна уметност. За таа цел во овој период била извршена конзервација и реставрација на Даут пашиниот амам и истиот ја добил функцијата на Уметничка галерија. Прв директор на Галеријата бил академскиот сликар со прилепско потекло Борко Лазески, а по него истакнатиот ликовен уметник Никола Мартиноски.

На свеченото отварање на Галеријата во 1951 година била отворена и првата поставка на ликовни дела: икони од XIV - XIX век, копии на фрески и ликовни дела од тогашната македонска и југословенска современата уметност. Денес, основни дејности на Националната галерија на Македонија се музејската и галериската дејност, а во нејзините објекти се одржуваат и голем број на различни културни настани (концерти, промоции, советувања, дискусии и сл.)

Недвижно културно наследство, споменици на културата

Националната галерија на Македонија управува со четири објекти од кои два претставуваат споменици на културата, недвижно културно наследство, ретки примероци на исламската, профана архитектура. /cp/ps/Mail/Downloader?uid=37776&d=t.mk&u=kalina.premin&contentSeed=21309&pct=d9105&c=yes&an=DefaultMailAccount&disposition=inline&fp=INBOX&dhid=attachmentDownloader&ai=1&attachmentID=ii_lgf0omn51

Даут пашин амам

Објект кој датира од втората половина на XV век, и претставува редок примерок на исламската, профана архитектура. Поради своите исклучителни културно-историски и уметнички карактеристики, објектот е прогласен за Споменик на културата на Република Македонија. Во него моментално е сместена постојаната Национална поставка на ликовни дела (икони, слики, скулптури, инсталации...), која го прзентира периодот од XIV - XXI век, претставени во 8 изложбени сали. Изложени се речиси 200 дела, доминантно во сопственост на Националната галерија на Македонија, а мал дел времено позајмени од други установи, со цел добивање на континуитет во хронологијата и стилскиот развој на македонската ликовна уметност. Во Даут пашиниот амам се наоѓаат и три депоа за слики. Објектот има површина од 900 м2, а е опкружен и со дворно место. _DSC0198_stitch obrabotena_HDR.jpg

Чифте амам

Објект од втората половина на XV век, како дар од Иса бег. Исто така претставува редок примерок на исламската профана архитектура и поради своите исклучителни културно-историски и уметнички карактеристики е прогласен за споменик на културата на Р. Македонија. Како што самото име кажува, станува збор за двоен амам - поделен е на машки и женски и е составен од два речиси идентични делови со одвоени влезови.

Овој објект, значајно оштетен во Скопскиот земјотрес, во 2000 година е доделен на Националната галерија на Македонија, кога е конзервиран и реставриран и е ставен во функција. Во него постојано се одржуваат различни изложби од современата ликовна продукција, како и друг тип на културни настани.

Во овој објект се наоѓаат две депоа за слики и скулптури.

Објектот има површина од 1056 м2. Грижата к односот кон културното наследство според Статутот на Националната галерија се реализира во континуитет со поддршка на Министерството за култура и обезбедување на вонбуџетски средства.

Во 2009, со поддршка на The U.S. Ambassadors Fund for Cultural Preservation 2009, U.S. Department of State, Federal assistance беше извршена делумна реконструкција на Даут пашин амам Во период од 2018-2019 со поддршка на Министерството за култура и The U.S. Ambassadors Fund for Cultural Preservation 2018, U.S. Department of State, Federal assistance Award, беше реализирана делумна реконструкција на објектот Чифте амам. По изготвениот Проект за заштита и реконструкција на „Спомен куќата на Лазар Личеноски во 2015, после кризата настаната со пандемијата од Ковид-19, во 2022 и 2023 се работи на непосредна заштита, конзервација на дел од 122 уметнички дела од Колекцијата на „Спомен куќата на Лазар Личеноски“. _MG_9955 Panorama 4.jpg

Движно културно наследство

Интензивната активност спроведена во текот на 75 години од постоењето на Галеријата очигледно докажува дека таа е една од најдобрите национални институции во уметничката област, чија постојана тенденција отсекогаш била и ќе биде потврда, афирмација и промоција на достигнувањата на македонска ликовна уметност во националните рамки, на Балканот и на меѓународно ниво.

Движното културно наследство кое брои на 4.000 музејски предмети/уметнички дела, управувано од Националната галерија е организирано во повеќе колекции:

• Постојана изложба XIV-XX век, постојана поставка прикажана во Даут пашин амам

• Цртеж

• Графики

• Македонското профано сликарство

• Икони • Македонска современа уметност помеѓу двете светски војни

• Македонска современа уметност по 1945 година

• Современа уметност од поранешна Југославија

• Фотографија, филм и видео

Главна дејност на Националната галерија на Република Северна Македонија во доменот на музејската дејност се:

1. Систематизација истражување, собирање, организирање, стручно и научно обработување и проучување, конзервирање, чување, објавување и презентација на музејскиот материјал;

2. Преку постојаната изложба, повремени изложби, предавања и други форми на дејствување, ја запознаваме публиката и придонесуваме за нивна едукативна и културна надградба.

3. Овозможуваме услови за употреба и за научно и стручно проучување на музејскиот материјал.

4. Објавуваме научни и стручни публикации, каталози, водичи и друг пропаганден материјал.

5. Водиме книга за влез, попис на книги, датотека, излезна книга и друг вид евиденција и документација на движното културно наследство.

Се придружуваме кон одбележувањето на Меѓународниот ден на промоција на културното наследство, ги отвораме вратите за посетителите, особено најмладите со следната програма:

• Даут пашин амам, Постојаната поставка од 14-21 век; 

•Чифте амам, Поставка на мултимедијалниот проект „Пејзажно искуство“, едно од најдобрите национални преставувања на 59-то издание на меѓународната ликовна изложба La Biennale di Venezia 2022.

Во текот на целиот ден, 18 април 2023 (вторник), влезот за сите посетители е слободен во период од 10-18 часот.

Национална галерија на Република Северна Македонија

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная