логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ве информираме дека во рамките на Програмата на Националната галерија на Македонија, за меѓународна соработка во Културно информативниот центар на РМ во Софија, Бугарија на 16 ноември 2015 година (понеделник) во 18 часот ќе се отвори изложба на Благоја Маневски и Јован Шумковски со наслов „Ретро-спекции“.

Благоја Маневски и Јован Шумковски се едни од најафирмираните и клучни имиња во генерирањето на македонската современа сцена. Тие се претставници на генерација творци што ги почнаа своите активности од средината на осумдесетите и во крајот на таа и во наредната деценија извршија поместувања и осовременувања на визуелниот уметнички израз на национално ниво. Нивниот „револуционерен“ подвиг кој се прелеваше и низ содржинско-концепцискиот дискурс и низ техничко-технолошките иновации на добата е причина за насоките што ги следеа понатаму и идните уметници во оформувањето на македонскиот ликовен паноптикум. Тие се денес главна алка во едукативниот систем (како професори на Факултетот за ликовни уметности) и во моделирањето на профилот на идните творци.

            Иако според изразноста многу различни, сепак често изложуваат заедно бидејќи на духовно ниво се мошне сродни, секогаш носејќи го духот на времето и на актуелноста. Изложбата „Ретро-спекции“ не е нивна ретроспектива иако името веројатно носи такви асоцијации, но всушност станува збор за навраќања наназад со неизложувани дела или со синестезии чија аналогија може да се најде во поранешни идеи, концепти и дела. Еден вид нурнување назад со цел да се даде една нова звучност и рецентност денес и сега.

            Јован Шумковски со дел од својот циклус дела насловени „Блиско минато и една антиципација“ (избрани адекватно на просторот во Македонскиот културен центар во Софија), имено со делата „Прва плоча“ и „Епитаф“, се навраќа на свои поранешни и неизложувани реализации, во кои има спој на повеќе ретроелементи, имено интересен спој на бетонот - како материјал што го потсетувал на детството и на дела на неговиот татко со кои растел и го дишел духот на креативниот чин, во кој „заробува“ елементи како траги на едно време, настан, момент, сегашност (мошне специфично за неговиот визуелен израз), а другиот е спектар интереси што го интересирале отсекогаш,  а тоа се дискурси за просторот, градот, сразмерноста, елементарната меѓузависност и, секако, општествено-социјалниот импут во таквата казуалност.

            Благоја Маневски, пак, во цртежите „Немирот“ и „Спокојот“, на некој начин нè навраќа на неговите „Логични слики“, но и на поранешни цртачки експерименти во кои генерираниот елемент на линија (пластична или цртачка) е клучен. Таа ја создава содржината на делото, го гради просторот на самото дело, но и окупира одреден простор, следствено на поранешната интенција на Маневски за просторно-пластична трансформација на дводимензионалната плоха на делото во тридимензионален градбен елемент на дадениот простор. За разлика од поранешните слободни линии што го обликуваат „волуменот“ на цртежот, овојпат авторот користи линеар пледирајќи кон воведување на индустрискиот елемент – т.е. вклучувањето на машинскиот елемент во нашиот општествен живот, не само во однос на техниката, туку и во однос на тоа дека ние самите стануваме машини што слепо „штанцаат“ одредени наложени правила на игра. Линеарното повторување сè до комплетно исполнување на целиот простор создава хроматски диференцијации што му даваат правец на дејството.

            „Ретро-спекции“ на Шумковски и на Маневски е интересен преплет на некогаш и на сега во нивните индивидуални развојни линии, но и на некогаш и на сега во еден поширок општествен контекст. Оттука произлегува и нивната секогаш интересна актуелност и свежина.    

            Куратор на изложбата е Ана Франговска и истата ќе биде поставена до 3 декември 2015 година

 

Со почит,

Национална галерија на Македонија

--
Nacionalna galerija na Makedonija
Odnosi so javnost i marketing
tel. +389 2 3126 856
fax. +389 2 3109 566
http://www.nationalgallery.mk
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная