логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка




1. Првиот период го опфаќа периодот до иконоборството (724 год.). Ѕидните слики од овој период се изработувани како фрески или мозаици. Карактеристика на овој период е нагласениот символички елемент. На мозаиците небото е сино. Дури во VI век станува позлатено и оттогаш овој обичај преовладува. Само фреската засекогаш го задржува синото небо. Символичкото сликарство постепено се повлекува и му го отстапува местото на историското сликање и на догматската икона.

2. Вториот период ги опфаќа 120-те години на иконоборството (724-843 год.). Историчарите тврдат дека врз безиконичното сликарство кое преовладувало, влијаеле јудаизмот и мухамеданството. Овие религии се против сликите, така што ширењето на арапската власт влијаело врз византиската уметност и сфаќање. Впрочем и византиските цареви Лав III Ерменец и неговиот син Константин III Копроним биле Сиријци, а и двајцата биле на чело на иконоборците. Подоцна и Теофил ја следел нивната пракса и го заменил иконографскиот циклус со декорации. Па така, на сцената од црковната агиографија се јавува древната старохристијанска декоративност. Иконописците кои побегнале од престолнината во Италија и Мала Азија продолжиле и понатаму да сликаат икони и фрески.

3. Третиот период се протега од средината на IX век до крајот на XII век. Тоа е време на династиите Македонци и Комнени. Овој период е познат како преродба на православната агиографија. Иконоборците паднале пред аргументите на иконофилите – Отци на Црквата, и победата на православието значела нова епоха на иконите. На VII вселенски собор поставени се правилата за ерархиска поставеност на иконите, па така постојат: догматски, литургиски и историски икони. Овој период на иконографска преродба трае до епохата на Комнените. Подоцна се зацврстува и ограничува на повторување на претходните достигнувања со тенденција на формализам.

4. Епохата на П00028fbcалеолозите (1259-1453 год.) се смета за „златен период“ на агиографијата. И навистина, достигнувањата од овој период се со висок квалитет. Живописот на оваа епоха означува чекор напред, па со текот на времето да се стигне до нов вид агиографија, со нагласени духовни својства. Но, како по правило, пред појавата на некој нов стил или школа, секогаш му претходи појавата на нови религиозни или научни идеи, кои се одразуваат на целиот општествен живот, па и на творештвото. Во времето на Палеолозите интелектуалната елита на Цариград поприма хуманистички сфаќања. Хуманизмот бил општ феномен на западот, а Цариград традиционално одржувал добри односи со Рим (дури и со тенденција на унијатење), па така овие сфаќања навлегле во Цариград. Свртувањето кон човекот и природата, својствено на хуманизмот, врши непосредно влијание врз агиографијата. Движењата, изразот на лицата, личниот карактер се појавуваат поинтензивно, а природата и пејзажот заземаат сè поголемо место во живописниот циклус.


00028fbc
Овој нов вид агиографија се нарекува „Македонска школа“, која настанува во Цариград, но паралелно се развива и во Солун, со уште пореалистични црти, додека во престолнината била поидеалистичка. Од Цариград се проширува во Македонија и во други делови од православниот Балкан, особено во Мистра. Македонската школа е еден од двата дела на живописот од епохата на палеолозите. Ја карактеризира реализам, слобода, живи движења и емотивност, која достигнува и до драматичен занес. Осветлувањата се прават со широки потези и заземаат голем дел од лицата. Се работи за „широк стил“ на сликање. Честопати, живите тонови се постигнуваат со импресионистичко додавање бои (зелена проплазма – розово осветлување). Македонската школа особено се развива и го чува реалистичниот израз својствен на агиографијата од Солун. Македонската агиографија повеќе му одговара на ѕидното сликарство, затоа што импресионистичкото додавање на бои изискува потребно растојание од гледачот за да создаде оптичко мешање. Иконата, пак, со вистинското мешање на бои нема потреба од големо растојание, зашто со средствата со кои се изразува одблизу ја покажува убавината. Македонската школа, благодарение на нејзиниот стил, ја стекнала наклонетоста на Цариградскиот двор. Нејзин најпознат претставник е зографот Емануил Панселинос.

5. Сè до Комнените немало видлива разлика помеѓу ѕидниот живопис и иконата. Таа разлика почнува да се чувствува од почетокот на XIII век. Иконата не го прифатила хуманистичкото настроение на ѕидниот живопис, туку го задржала својот традиционален воздржан став, благодарение првенствено на монашкото влијание. Монасите се труделе да ја задржат во агиографијата смиреноста, свештеноста, побожноста и умилноста; останале воздржани кон новините на македонскиот стил во црковната уметност. Ова монашко настроение создава нов стил на живопис. Новата уметничка струја е позната како „Критска школа“ затоа што подоцна се развила на Крит и преку критските живописци преминала на другите краеви. Критскиот живопис го оформил својот стил во втората половина на XIV век, во времето кога македонската школа опаѓа, а во XV век исчезнува. Практично, почнала да исчезнува со падот на Цариград во 1453 год. Патријархот Генадиј помогнал во ширењето на критската школа која се проширила на Мистра, а во XIV век оттаму се пренела на Крит, каде што доживеала голем процут и развој до почетокот на XVI век. Нејзин главен претставник е зографот Теофан Критски. Во XVII век преовладуваат икони од Критската школа, а во ѕидниот живопис преовладува византиско-лаичкиот стил.

И покрај традиционалноста и конзервативноста, во XVI век критскиот стил поприма елементи од западната ренесанса. Во тој период има добри мајстори, но недостасуваат опитни теоретичари живописци, познавачи на длабоките закони и основи на православниот иконопис. Всушност, тоа е и главната причина за сè поголемото влијание на сликарите од западната ренесансна уметност, влијание кое достигнува врв во XVIII век. Натуралистичкиот италијански живопис успеа да изврши големо влијание врз православните иконописци и да го потисне древното живописно предание.

Православна светлина бр. 9

Според изворникот:

Јован Вранос,

Градац, Чачак,

1988, 113-116.

19/02/2014 Литургиско богословие.

 

Извор:  http://amvon.mk/ikonopisni-shkoli-i-periodi/



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1886
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2394
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная