логоFacebookTwitterYouTubeeMail


                
 

 
Она што со нов израз се нарекува фон на иконостасот, или богословска и философска концепција, или само заднина на иконата, претставува една конкретна философија на иконостасот. Кога стоиме во централниот дел од хрaмот, со погледот на исток, нашиот физички поглед се задржува на иконостасот. Поради физичката непроѕирност, нашиот кратковиден физички поглед запира, но продолжува еден поинаков поглед кој веќе не е ниту физички, ниту кратковиден. Тоа е нашиот умствен, емотивен и духовен поглед кој ги надминува пречките на физичкиот поглед и проникнува далеку зад иконостасот. И така, иконостасот го одвојува наосот на црквата од олтарот и го овозможува нашиот умствен и духовен поглед во заднината на иконостасот. Иконите на иконостасот се материјален доказ дека постои еден друг свет, и дека олтарот не е празен простор, туку е – небо на земјата. Олтарската светиња ја огласува пораката на духовноста, а неа ја сведочат иконите на иконостасот. Тоа се ликови коишто го претставуваат видливиот облик на личностите коишто живеат во светот на повисоката реалност – а таа повисока реалност е заложба на иконата.

На секоја Литургија во олтарот се извршува бескрвна жртва, и тогаш природните дарови под дејство на Божјата благодат се претвораат во Тело и во Крв Христови, а тоа значи – во светиња од прв ред; таа светиња ги осветува оние што се во нејзината сфера и таа, како таква, претставува заложба на иконата. И така, иконата не е само предмет, експонат, туку е светиња, зашто во неа ја имаме добрината (како етички момент), и красотата (естетскиот момент), и љубовта (емотивната стварност на взаемноста). Од сето тоа се раѓа една здрава мудрост – философија, но не философија според стихиите на овој свет, за која ни зборува апостол Павле: „Браќа, пазете некој да не ве заведе со философија и со празна измама според човечко предание, според стихиите на светот, а не по Христа“ (Колосјаните 2:8).

Процесот на иконизацијата, од еклисиолошки аспект, содржи во себе и човечка и црковна компонента. Првото никогаш не е доволно само по себе, ниту, пак, може да го замени второто, но и едното и другото се потребни за иконата да биде – икона, сакрална слика. Затоа изработена, но неосветена икона во црковното сознание не е икона, туку само проект на иконата кој станува икона со актот на осветувањето. Намената на таквата икона е да биде сакрална. Нејзиното осветување претстаува нејзино вклучување во благодатното дејство на Литургијата. Свеста за неопходноста од осветување не постоела од самиот почеток во практиката на иконопочитувањето во вид на различни чинови на осветување. Подоцна востановената практика за неопходноста од осветувањето на иконата во денешно време е заедничка како за Источната, така и за Западната Црква. Во најновата практика иконата се остава 40 дена во храмот и по благослов на свештеникот му се предава на верникот. Сè до тогаш, иконата – во еклисиолошка смисла – е профан предмет и тој стои надвор од економијата на спасението. Односно, сотириолошки, тој предмет е целосно нефункционален. Навистина, тој предмет, таа слика не претставува никакво зло, ниту супстанционално ниту функционално, но не е ниту светиња туку, едноставно, профана, несвета ствар, експонат. Затоа во еклисиолошка смисла не е правилно неосветена икона да се нарекува икона, или, подобро, таа е икона според својата намена и според својата назначеност, но како сè уште неосветена, значи само потенцијална, таа може само со одредена причина да се именува икона, но никако не и света и осветена икона.

Иконата е манифестација на дарот и на творештвото на човековиот дух, и како таква станува уметничко дело. Во извесна смисла, цртањето икони е копирање како и секое друго сликање,  но не копирање во буквална смисла, туку попрво можеме да кажеме дека тоа е „фаќање“ во материјата или материјализација на порака, идеја, облик, форма или вредност, коишто потекнуваат од еден друг, преобразен свет. Тоа значи дека самата тематика на иконостасот е еден метафизички заснован реализам кој му е понуден на иконописецот преку Откровението. Затоа во Византија постоеле канони за иконопис, зашто на уметникот му било пропишано како да ги претставува мотивите, но во секој случај од неговиот талент зависело дали тој ќе биде способен да проникне во непропадливата и надматеријална стварност и да посегне по неа за да ја долови. Во тој иконописен подвиг талентот на уметникот никогаш не бил задушен, зашто тој и не е прецртувач –него делото го ангажира во целост. Неговите дела зависат како од силата на доживувањето, така и од способноста за уметничко доживување.     


(Милорад Јововиќ, Естетика иконе у итерпретацији П.А. Флоренског, стр. 115-118)



подготви: д-р Драган Михајловиќ
 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2020
3.angeli.so.truba

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да лета. Така, Теренс Ловел станува осмиот ученик на Џонатан. А наредната ноќ им се придружува и Кирк Мејнард, галебот со дефектно лево крило, кој во крик и бодрен од Џонатан…
Октомври 21, 2020
TVITer8

По патот на Македонската историjа

„Ние за Гоце“, авторот Стефанов пишува дека „Гоце Делчев беше самостоен и назависен во борбата; не бараше туѓа поткрепа, не допушташе туѓо мешање од кое толку многу страда и губи македонското ослободително движење, искористувано за туѓи цели и задачи“.За…

“Богородичен Покров“ со филмови кои ја збогатуваат душата и носат силни пораки

Сеп 22, 2020 Филм, Театар 173
3.angeli.so.truba
“2020 година ќе се памети по неочекуваните предизвици и искушенија со кои мораше да се…

Информација за победниците на конкурсите за млад и зрел уметник

Авг 27, 2020 Ликовна уметност 200
TVITer21
Процесот на селекција се одвиваше по принцип на оценување на предложените апликации од…

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

Мај 10, 2020 Интервју 720
3.angeli.so.truba
-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè…