Проф. д-р Јован Таковски - ДЕЛОТО НА СВЕТИТЕ КЛИМЕНТ И НАУМ
Лето Господово 2007-мо
Проф. д-р Јован Таковски
Затоа тој зборува и за светотаинско просвештение, односно просветлување преку светите тајни крштение, покајание или исповед и евхаристија, односно светата причесна, со посебна нагласка на последнава света тајна - причесната, преку која се постигнува и врвното просветлување, односно осветување или обожување на човековата личност. Заради достојното причестување свети Климент зборува и за трет вид просвештение, а тоа е преку практиката на добродетелите: братољубие, странољубие (гостопримство), вера, молитва, пост, смирение, милостина, чистота, љубов и други. Тоа е патот на целосното и вистинско просветлување кое води кон осветување и обожување на човекот како крајна задача и цел на неговата егзистенција, бидејќи целта на создавањето на човекот не беше само неговата проста биoлошка егзистенција, туку вечната егзистенција, за која зборува свети Максим Исповедник. Со ваквата просветна програма свети Климент целосно го следи најавтентичното и најздраво православно црковно предание и пракса на најеминентните отци и учители на Црквата.
„ПРОСВЕШТЕНИЕТО ВО ТЕОЛОГИЈАТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
ДЕЛОТО НА СВЕТИТЕ КЛИМЕНТ И НАУМ
Протопрезвитер Јован Таковски
Значењето и придонесот на тоа дело кон охристовување на македонскиот народ и на соседните православни народи
Оттука терминот ологосување можеме да го преведеме и со охристовување или отроичување, бидејќи Христос е патот до вистинското богопознание, односно до откривањето на Бога како Отец, Син и Свети Дух – Троица во Единица и Единица во Троица. Но, зборот Логос значи и смисла, разум. Тоа значи дека преку Логосот ние ја откриваме смислата и на целото создание, бидејќи тоа го носи врз себе печатот на Логосот Кој учествува во создавањето на светот заедно со Отецот и со Светиот Дух.
Затоа свети Јован вели: “Се што стана преку Него стана и без Него ништо не стана“(Јован 1,3). Тоа Слово е и Живот и Светлина на луѓето – вистинската Светлина која го осветлува секој човек што доаѓа на светот(Јован 1, 4.9). Затоа секој обид да се разбере смислата на животот и на постоењето без Логосот води во алогичност, односно во бесмисленост.
Целата работа на св. Климент и на св. Наум, најблиските ученици и соработници на светите браќа Кирил и Методиј, беше во тоа ологосување, осмислување, охристовување, просветлување, евангелизација на овие народи. По смртта на св. Кирил во Рим и на св. Методиј во Моравија, и прогонството на нивните ученици, св. Климент и св. Наум, како веќе опитни мисионери, погодна почва за продолжување на прекинатото дело најдоа во Македонија, во охридскиот регион. Првите седум години св. Климент работеше како учител – просветител и ги постави темелите на на она што обично денес се именува “Охридски универзитет“ од кој, според житието, излегле 3 500 ученици кои подоцна го продолжија нивното мисионерско дело во Македонија и кај соседните православни народи. Потоа учителската работа ја презеде свети Наум, а свети Климент, како епископ продолжи да работи на организирањето на црковниот живот и ги постави темелите на Охридската архиепископија, во која дојдоа до израз неговите дарби како извонреден пастир, проповедник, книжевник, мисионер... Успехот на неговата мисија се должи на прво место што тој богослужеше, проповедаше, поучуваше и пишуваше на разбирливиот за македонскиот народ мајчин јазик, а не како дотогаш на грчки јазик.
Неговите проповеди - слова и поученија, преку кои тој ги објаснува значењата на сите позначајни празници и настани од животот и делото на воплотениот Логос-Господ Исус Христос, во бројни преписи, извршиле силно влијание и кај соседните православни народи, дури до денешна Русија. Најкратко речено, како што вели житието, од народ скотоподобен светите Климент и Наум изградија народ богоподобен.
Св. Климент разликува три вида или степени на просвештение. Првиот степен е просветлувањето со писменост, со букви или книги. Овие книги св. Климент ги нарекува боговдахновени книги. Но, според св. Климент, интелектуалното просветлување не е доволно само по себе. Затоа тој зборува и за светотаинско просвештение, односно просветлување преку светите тајни крштение, покајание или исповед и евхаристија, односно светата причесна, со посебна нагласка на последнава света тајна - причесната, преку која се постигнува и врвното просветлување, односно осветување или обожување на човековата личност. Заради достојното причестување свети Климент зборува и за трет вид просвештение, а тоа е преку практиката на добродетелите: братољубие, странољубие (гостопримство), вера, молитва, пост, смирение, милостина, чистота, љубов и други. Тоа е патот на целосното и вистинско просветлување кое води кон осветување и обожување на човекот како крајна задача и цел на неговата егзистенција, бидејќи целта на создавањето на човекот не беше само неговата проста биoлошка егзистенција, туку вечната егзистенција, за која зборува свети Максим Исповедник. Со ваквата просветна програма свети Климент целосно го следи најавтентичното и најздраво православно црковно предание и пракса на најеминентните отци и учители на Црквата.
„ПРОСВЕШТЕНИЕТО ВО ТЕОЛОГИЈАТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
На крајот уште нешто да кажам за духовната празнина што ја остава едностраното атеистичко образование и воспитување. На ум ми доаѓа царот, пророк и псалмист Давид, еден од најголемите познавачи на човековата душа.
И покрај сето богатство овосветско и задоволства што ги имал и со нив неограничено располагал, тој ја чувствувал духовната жед, како што тој вели, во оваа земја пуста и безводна. Затоа во четириест и првиот псалм тој вели: ‘Како што кошутата жеднее по бистри извори на вода, така и душата моја, Боже, копнее по Тебе’и додава: ’Душата моја жедува по Бога, живиот Бог’. Оваа духовна жед може да ни ја згасне само воплотениот Логос, Синот Божји - Господ Исус Христос, Кој, поучувајќи еден ден во храмот (на Преполовение), извика со силен глас, велејќи: ’Кој е жеден, нека дојде при Мене и нека пие’.
’Кој верува во Мене, од неговата утроба ќе потечат реки од жива вода’,мислејќи на Светиот Дух што требаше да Го примат оние што ќе поверуват во Него (Јован 7, 37-39). И во разговорот со жената Самарјанка на изворот Јаковов, Господ Исус ја повторува оваа тема за живата вода од која никогаш не се жеднее, мислејќи на благодатта на Светиот Дух. Исус и одговори на жената: ’Секој што пие од оваа вода, изворската, пак ќе ожеднее, а кој пие од водата што ќе му ја дадам јас, нема никогаш да ожедни, таа ќе стане во него извор на вода, што тече во живот вечен’.
Господ и денес стои по раскрсниците, пред портите на училиштата и пред вратите на секоја духовно жедна душа и вика: Кој е жеден, нека дојде при мене и нека пие!(Тропар на Преполовение).