логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Sample Image

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел се испечати реиздание на книгата „Еднаш за цел живот“ од рускиот свештеник Илија Шугаев. Ова второ издание на книгата е поради големиот интерес на нашата читателската публика, која во изминатите години со несмален интензитет пројавуваше интерес за ова дело, покрај многубројните други наслови кои ги издадовме. Во оваа книга, авторот не запознава со повеќе етапи и аспекти од растот и развојот на личноста: младоста – како период на формирање на личноста, време за вљубување и подготовка за брак; потоа  самото стапување во брак, со сите придружни елементи и последици од брачниот живот, како раѓањето деца, абортусот, неверството, разводот; за половиот идентитет; и на крај – како да се има добар и вековит брак. Преводот од српски јазик го подготви Весна Цилакова.

Предговор на книгата Еднаш за цел живот

Книгата која ја имате пред себе не е типична црковна книга, нема во неа многу теологија, иако е напишана од теолог-свештеник, туку таа е пред сè, книга на искуството, книга од личниот опит на авторот, за собитијата и релациите во младоста. Она што авторот го опфаќа во оваа книга е не само негово лично искуство, туку тоа е доживување од младешкиот период на секој човек. Особено голем придонес во создавањето на оваа многу полезна книга имаат и неговите разговори и исповеди со млади луѓе во пубертетски и адолесцентски период.

Инаку, според првичната замисла, таа била производ од предавањата и разговорите кои авторот ги водел со средношколците. Значи, таа е создадена од разговори со средношколци, но и наменета е за таа категорија на луѓе – пубертетлии и адолесценти. Во неа се опфатени повеќе теми, етапи и аспекти од растот и развојот на личноста: младоста – како период на формирање на личноста, време за вљубување и подготовка за брак; потоа за самото стапување во брак, со сите придружни елементи и последици од брачниот живот, како раѓањето деца, абортусот, неверството, разводот; за половиот идентитет; и на крај – како да се има добар и вековит брак.

Младите луѓе денес се дезориентирани, застрануваат во зависности од дрога и алокохол, промискуитет, перверзии, неспособност за стапување и останување во брак, отсуство на желба и потреба за брак и деца, и за жал, од своите родители не ни можат да добијат вистински совет за тоа, како треба да го живеат животот. Во умот имаат разни идеи, мисли, фантазии, прашања, дилеми, сомнежи, колебања. Препуштени се да учат од ТВ-емисиите, од она што ќе го прочитаат на интернет, од разни прирачници со сомнителна содржина, а вистински одговор на нивните прашања и дилеми не можат лесно да најдат. Она што денес се случува е само последица од она што беше сторено во изминатите децении – кога насилно беше маргинализирана Светата Црква, кога свештениците беа компромитирани и крајно дискредитирани, а Христос протеран од образованието и воспитанието на децата. Поради тој дух денес народот нема доверба и навика да се советува со свештениците; попрво би оделе на психолог од кој би добиле погрешен совет за пари, отколку да се советуваат со свештеник, и да добијат бесплатен и објективен совет. Сексуалното образование, кое ни се нуди како магично решение, всушност се покажа дека само го зголеми процентот на насилство и девијантни сексуални појави во оние региони каде што беше внесено како дел од образовниот систем. Наместо решение, изникнаа нови и страшни проблеми: уште повеќе ги поттикна младите на многу помлада возраст да го почнат својот сексуален живот, но исто така, ги поттикна и кон промискуитет, перверзии и сексуално насилство и злоупотреби.

Со сета одговорност пред Бога и пред народот кој ми е од Него доверен, ви ја препорачувам оваа книга вам, млади деца – средношколци, но и на родителите, наставниците, професорите, како и на свештениците. Секој човек од било која генерација може да ја чита, и да научи многу, да ги увиди своите грешки од минатото, и да им ги пренесе како искуство на помладите генерации. Младите можат да научат многу, како правилно да го насочат својот живот, како да се подготвуваат за брак, да ја почитуваат секоја личност, а не егоистички да ја искористуваат, како да стапат во брак и каков избор да направат, како да ги воспитаат своите деца, и како да го сочуваат својот брак. Затоа од срце ви ја препорачувам да ја имате и да ја читате оваа книга.

Господ Бог да ве благослови и укрепи со Својата благодат сите вас, кои ќе ја читате, и да ви даде сила да научите што повеќе од оваа книга на живо искуство, а ова искуство да го преточите во вашиот секојдневен живот, благодарејќи Му на Бога за сè и во секое време. Амин!

Митрополит Повардарски

+Агатангел

http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe/

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

Денес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа... Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку...

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

« »