Тропар на светиот Христов отшелинк Киријак 12 октомври/29 септември 2025
Имајќи Го секогаш Христа во милсите,
умот се озари, срцето се очисти,
душата се излечи о, свети оче Киријаче,
Спасителот години ти умножи,
Имајќи Го секогаш Христа во милсите,
умот се озари, срцето се очисти,
душата се излечи о, свети оче Киријаче,
Спасителот години ти умножи,
Пустината во срцата на твоите ученици процвета,
о, свети мачениче Харитоне,
исповедниче на живата вера во Христа Бога,
Мил на Господа, молитвите твои
непрестано се примаа на Небеса,
а благодатта ти подарена исцеление даваше
на верните од самата сенка на телото твое,
о, Марко Апостоле, Божји угодниче, а нас прибежиште,
Апостоле, од Христа Бога возљубен,
побрзај да ги избавиш луѓето од беспомошноста,
примајќи ги оние кои кон тебе припаѓаат,
Господи, Господи сило незнаена,
го создаде, го возљуби човека и
го постави во љубовта Твоја,
затоа дете кон Тебе прибегна – света Ефросинија,
Поучувајки се од Павловото словење
и утврдувајќи се во верата од Петар,
ти од Бога повикана Текло, невесто Божја,
се јави како првомаченица и првострадалница помеѓу жените:
Ти, која порано неплодна беше,
сега развесели се, зашто го зачна Светилото
Кое го најави Сонцето, Кое ќе ја прослави
целата Вселена, која од слепост боледуваше.
Јона пророкот Божји денес го прославуваме о, верни,
преку него ја видовме милоста Негова,
Оној Kој човекот го создаде, Тој & го љуби.
Kако дете Јона Бог го воскресна,
како возрасен во познание беше приведен,
Светлината Христова преку тебе о Апостоле Кодрате,
го посрами мудрувањето елинско,
но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по телото.