логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 vozdvizenie.jpg

Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец

vozdvizenie.jpg

Овој свет маж е наречен Богоносец затоа што постојано во срцето и на јазикот го носел името на живиот Бог. Преданието уште вели дека е наречен Богоносец и зашто него го зел на раце воплотениот Бог Исус Христос. Во времето кога Господ ги учеше своите ученици на духовен живот според евангелските заповеди, зеде едно дете, го постави меѓу нив и им рече: „Оној којшто ќе се смири и ќе стане како ова дете, тој е најголем во царството небесно“ (Матеј 18, 4). Тоа дете беше Игнатиј. Подоцна Игнатиј му беше ученик на Св. Јован Богослов, заедно со Поликарп, епископот Смирненски. Како Антиохиски епископ управуваше со Божјата Црква како добар пастир. Го воведе антифонскиот начин на пеење во Црквата, т.е. наизменично пеење на две певници. Овој начин на пеење му се откри на Св. Игнатиј меѓу ангелите на небесата. Кога царот Трајан минуваше низ Антиохија одејќи во војна против Персијанците, дозна за Игнатиј, го повика кај себе и почна да го советува да им принесе жртва на идолите за да биде од него поставен за сенатор. Бидејќи советите и заканите на царот останаа залудни, Свети Игнатиј го оковаа во железо и во придружба на десетмина најнемилосрдни војници го испратија во Рим, за да биде фрлен пред ѕверовите. Игнатиј му се радуваше на страдањето заради Господа и постојано Му се молеше на Бога ѕверовите да станат гроб за неговото тело и никој да не го попречи во таа смрт. По долго и тешко патување од Азија преку Тракија, Македонија и Епир, Игнатиј пристигна во Рим, каде што го фрлија пред лавовите во циркусот. Лавовите го растргнаа и го изедоа, оставија само неколку коски и срцето. Овој славен вљубеник во Господ Исус Христос пострада во 106 година во Рим, за време на христоборниот цар Трајан. Се има јавувано повеќепати, притекнувајќи им на помош на сите што го повикуваат со вера.

Свети Данило, архиепископ Српски

Син на богати и богољубиви родители. Во младоста беше добро воспитан. Кралот Милутин го зеде на својот дворец, но тој од голема љубов кон Бога побегна и се замонаши во Кончулскиот манастир покрај Ибар. Подоцна беше игумен на Хилендар и многу претрпе од латинските крстоносци. Беше епископ Бањски, потоа Хумски и најпосле архиепископ Српски. Беше строг подвижник за време на целиот монашки живот. Имаше особен дар на солзи. Крепко се бореше против Латините и богомилите. Под негов надѕор се изградени манастирите Бања и Дечани. Обнови и изгради многубројни цркви. Се упокои мирно во времето на цар Душан, ноќта меѓу 19 и 20 декември во 1338 година.

vozdvizenie.jpg

Свети праведен Јован Кронштатски


На 19 октомври 1829 година е родено детето Јован, син на Илја Сергиев и неговата сопруга Теодора, во најсеверната област на Архангелск, недалеку од Белото море, во сиромашната населба Сура, оскудната и мрачна околија Пинеги. Новороденчето изгледало толку слабо, што родителите се исплашиле за неговиот живот. Поради тоа веднаш, ноќта, го повикале свештеникот да го крсти. На детето му дале име Јован, во спомен на свети Јован Рилски. По крштевањето, неговата состојба брзо се поправила. Јован порасна во традиционално руско патријахално семејство. Повеќе од триста години неговите предци служеле како свештеници во поларната населба. Неговата мајка, длабоко побожна жена, својот син трпеливо го опсипуваше со љубов. Неговиот татко со својата мала плата требаше да ги издржува, покрај Јован и неговите две помлади сестри, и големото семејство. Од мали нозе Јован вредно им помагаше на родителите, посебно во полските работи. Во него од мал се развиваше сочувството со туѓото страдање. Тој порасна како сериозно, молчаливо момче. Ништо не го влечеше кон детските игри, а природата му беше многу блиска. Уште поблиски му беа Господ, Црквата и молитвата. Секојдневно влегуваше во домот Господов. Кога тргна на училиште, му се отвори непознат свет. И покрај сета трудољубивост, на Јован му недостигаше способност да сфаќа и памети. Со години не успеваше да го совлада барем читањето. На десетгодишна возраст Јован, при најтешки жртви од неговите родители стапи во единственото основно училиште во епархијата, во Архангелск. Како секое селско дете, тој живееше кај сиромашни луѓе, препуштен самиот на себе. Храната беше недоволна, но тој беше навикнат на гладување. Поради слабиот ум имаше големи маки. Ограниченоста во учењето му беше голем товар. Страдаше заради тоа што неговиот татко напразно го троши и својот последен грош за него. По цели денови залудно се трудеше, но неговиот ум остануваше запечатен. Немаше никој да му помогне. Молчаливото, просјачки сиромашно момче, покрај тоа и најлошиот ученик во училиштето, во тој град не наоѓаше никаква радост.

 vozdvizenie.jpg

Во својата неволја Јован сè повеќе прибегнуваше кон молитвата која му беше блиска. „Ноќе со задоволство се молев. Сите спијат, тишина е, никој не ми пречи. Најчесто се молев Господ, за утеха на моите родители, да ми го просветли разумот. И Господ ме послуша. Неговата светлина ме осветли. Еднаш, паметам како денес да се случило, сите во собата беа заспале. Само јас не можев. Сè уште едвај успевав по нешто да разберам од наставата и нешто да запамтам, тешко читајќи ги слоговите. Ме опфати голема жал. Клекнувам покрај својата постела на колена и почнувам најусрдно да се молам. Не знам колку долго траеше тоа. Одеднаш мојата внатрешност се потресе, и ми се стори како некое перде да падна од моите очи и умот да ми го отвори. Учителот, неговото предавање, сè што зборуваше наеднаш, јасно стоеше пред мене. Ведрина и радост ми ја исполнија душата. По таа молитва заспав мирно, како никогаш порано. Утрото скокнав од постелата, ја зедов книгата и о, среќа, можев да читам многу подобро, сè да разберам и дури на друг да пренесам. Од тоа време, мојот напредок во училиштето беше за сите очигледен. На крајот од годината, како еден од најдобрите ученици, бев упатен во Богословија.“ Следните десет години Јован ја посетуваше Богословијата и трудољубиво учеше. Јован Илич Сергиев во 1855 година ја заврши Академијата како кандидат за богословие. Малку пред тоа, што беше исклучок, тој учествуваше на еден општествен собир и ја запозна Елисавета Константинова, ќерка на свештеникот Несвицки од Кронштат. Со согласност на таткото, тие се венчаа веднаш по неговото завршување на Академијата. Со тоа беше исполнет и предусловот да стане православен парохиски свештеник. Јован Сергиев за свештеник го ракоположи Владиката Христофор, на 12 декември 1855 година, во Петроград. Потоа, тој премина кај својот дедо во Кронштат, да му помага во соборниот храм на свети Андреј, а подоцна од својот болен дедо ја презема и службата како најмлад свештеник. Од првиот ден во својата служба тој стапи во близок однос со својата паства. Отец Јован не пропушташе ниту една прилика да помогне. Во сиромашните куќи тој ги посетуваше болните, пропаднатите родители, гладните деца. Тој одеше по продавниците, купуваше храна, доведуваше лекар, набавуваше лекови. Со еден збор, тој се грижеше за несреќните семејства со топла присност и ја раздаваше до последен грош својата скромна плата. Секако, отец Јован не се ограничуваше само на економска помош. Пред сè, тој се трудеше околу духовно паднатите и бараше начин во нивниот живот да внесе светлина. Тој не им судеше, туку ги разбираше луѓето. Внатрешно неутврдениот човек, кого што го снаоѓа неволја, лесно прави компромиси со својата совест, лесно паѓа во порок, се оддава на алкохол да ја заборави својата неволја, достигнувајќи до пијанство. Отец Јован се грижеше и за децата на сиромашните и тие секогаш радосно го очекуваа. Им зборуваше за Бог, за Синот Божји и за Неговата добрина. Со време, успеа да отвори неделно училиште, основно училиште, дневен дом и читална, дом за сиромаси и работилница за чираци, каде што децата и младите можеа бесплатно да учат. Во 1857 година, со радост прифати да ја води верската настава во градското основно училиште, а веднаш потоа и во новооснованата гимназија. Отец Јован своите часови ги сфаќаше многу сериозно. Тој знаеше дека вероучителот ја носи главната одговорност за природниот развој на ученикот. Тој знаеше дека својата задача ја исполнил само ако ги загрее срцата на младите луѓе за Бог. Децата ги подучува и на молитвата: „Учете да се молите. Принудувајте се себеси на молитва. Во почетокот е тешко. Меѓутоа, колку повеќе ја засилувате, толку повеќе молитвата станува сè полесна. Што е молитвата? Тоа е свртеност на срцето и умот кон Бог. Молитвата е разговор на созданието со Творецот, со целосна стравопочит, а при најболната свест за сопствената слабост и ништожност, при најдлабоко покајание на срцето и цврста одлука да се измениме, со доверување во семоќната Божја помош. Оној што не се моли од сето срце, воопшто не се моли. Срцето мора да го почувствува она што го изговара, мора огнено да копнее по она за што се моли. Внимателната искрена молитва ве соединува со Бог и ве исполнува со неговите дарови: вистина, мир и радост, смирение и љубов.“ Односите се прошируваа и надвор од гимназијата. Многу ученици доброволно, пред часовите ги посетуваа неговите Свети Литургии. Неговите раскажувања за силата на молитвата навлегуваа длабоко во нивните срца и оставаа печат на нивното гледање на животот и светот. Повеќе од триесет години отец Јован предаваше во Кронштатската гимназија, во август 1889 година тој ја напушти таа должност. Отец Јоваш живееше за својот свештенички повик. Тој ги следеше заповедите Божји, секој ден доброволно вршеше богослужение, држеше веронаука и постојано им помагаше на оние што се во неволја. Но, секако имаше и искушенија. Многумина немаа разбирање за неговото дело па го исмејуваа или осудуваа. Градската управа, дури и другите свештенослужители (неговите собраќа) покажуваа и непријателство кон него. Кога отец Јован одеше да ги посетува сиромашните и болните, тие го обвинуваа дека своеволно ја напушта парохијата и ги занемарува своите редовни должности. Дури се приговараше и на неговиот начин на живот и му се префрлаше што контактира со пропаднати луѓе. Тој со болка се соочуваше со пишаните и усни клевети. Повремено се плашеше за своето дело, за довребата кон неговиот свештенички повик. Но, не си допушташе во себе да почувствува непријателство кон некого. Уште на почетокот на нивниот заеднички живот отец Јован ѝ рекол на сопругата Елисавета: „Лиса, среќни бракови има доволно и без нас. Прифати заеднички да Му служиме на Бог“. Отец Јован го одобруваше бракот, но за себе прифати слободно одрекување, така што тие живееја како брат и сестра. „Јас сум свештеник; тоа сè кажува. Не припаѓам на себеси, туку на другите.“ Елисавета самопрегорно му помагаше во исполнувањето на тој повик. Во 1874 година отец Јован основа друштво „Братството на свети Андреј“ за згрижување и помош на сиромасите. Отец Јован стануваше сѐ попознат во цела Русија и многумина со тешки болести и своите внатрешни кризи му се обраќаа со целосна доверба. За малку години Кронштат стана поклоничко место, каде што дневно доаѓаа на стотици, па и илјадници луѓе од цела Русија. Тој имаше голем углед во Русија заради многуте чуда, главно лечења и пророштва коишто безбројните сведоци им ги припишувале исклучиво на неговите молитви. Свети Јован Кронштатски очигледно беше поврзан со исихастичката традиција. На прво место, тој лично ја практикуваше Исусовата молитва, а потоа им ја препорачуваше и на другите: „Силна помош во духовната борба ни дава Исусовата молитва, која од почетокот на христијанството ги следи оние што Го бараат Бог. Оној што се моли непрестајно и од срце Му се обраќа на Христос: ‘Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот и подари ми ја Твојата милост која го преобразува битието’. Тој живее во постојано Божјо присуство, пред Него ја отвора својата внатрешност и ја осознава Божјата сесилна помош... Сите мои неволји се појавуваат во мојот невидлив разум и срце. Поради тоа ми е неопходен и еден невидлив Спасител, Кој го познава моето срце. Ако те мачи каква било наметлива фантазија или некое страсно движење (злоба, гнев, завист, омраза, малодушност, самољубие, самоволие или сетилни барања), бргу, во најболно самопознание обрати се кон Христос. Ако те покрива темнина, сомнеж или очај, од сесрце повикај го Неговото Име. Во Него ќе најдеш спознание, доверба и мир. А ако не сакаш да ги поднесуваш постојаните неспокојства од непријателот, секогаш во своето срце повторувај ја Исусовата молитва: ‘Господи Исусе Хрсте, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот’. При мојата искрена молитва Господ секогаш го прогонува искушувачот, кој само преку мојата сопствена изопаченост е силен. Против невидливиот непријател се подига невидливиот Бог, против силниот - Сесилниот. Затоа, секој момент обраќај се кон Христос и постојано мисли на Него; и ќе се спасиш и себеси и другите. Без Неговата благодатна помош ти не можеш да победиш ни една единствена страст, ни еден порок. Повикувај Го постојано. Тој дојде во светот за да нè засили во Светиот Дух, за да нè очисти и ослободи. Не губи надеж и прими го Божјиот збор во срцето: ‘Оној што доаѓа нема да го изгонам надвор’. Моли се без прекин, за душата твоја неочекувано да не падне во искушение. Вежбај се во постојаната молитва на срцето, сè додека таа не почне да работи во него дури и во сон.“ Отец Јован во деведестите години основа четири женски манастири. Царот Николај II стекна особена доверба во него. Архиереите на Црквата му ја признаа благодатната сила на духот. Безброј луѓе ја помагаа неговата општествена дејност, која се протегаше низ цела Русија. До 75-тата година отец Јован непрекинато ја извршуваше свештеничката служба. Света Литургија служеше речиси секој ден, секого го примаше, посетуваше болни, се грижеше за своите општествени установи, спроведуваше добротворни акции, пишуваше беседи и дневник. Децении спиеше еден до два часа на ден. Најпосле неговите телесни сили ослабнаа и тој се разболе. Наредните три години страдаше од постојани болки и треска. Се упокои мирно на 20 декември 1908 година после Светата Литургија, откако се причести со Светите Тело и Крв Христови. Отец Јован уште додека беше жив важеше за Божји човек. За ова сведочеше неговиот чист живот и неговата силна молитва, во стотици потврдени исцеленија. По неговата смрт се умножуваа сведоштвата за неговото благодатно дејствување. Врвните пастири на Руската Православна Црква беа согласни дека отец Јован е Божји праведник. Но, неговата канонизација не можеше да се изврши поради богоборниот режим во Русија. Единствено Архиепископот Андреј Ухтомски во деведесетите години кришум составил Акатист за неговото прославување. Сепак, Руската Задгранична Црква во 1964 година ја објави неговата канонизација.

 

 

vozdvizenie.jpg

Holy Hieromartyr Ignatius the Godbearer

This holy man is called the God bearer because the Name of the living God was always in his heart and on his mouth. According to tradition he received this name as the incarnate God Jesus Christ took him in His arms. At the time when the Lord instructed his disciples in spiritual life according to the evangelic commandments, he took a child, placed it among them and said: “Whoever humbles himself as this little child is the greatest in the kingdom of heaven“ (Matthew 18, 4). This child was Saint Ignatius. Later he became the disciple of Saint John the Theologian, together with Polycarp, the Bishop of Smyrna. As the Bishop of Antioch he governed the Church as a good shepherd. He introduced the antiphonal religious chanting, i.e. alternate chanting on two chanters’ stands in worship. This way of chanting was revealed to Saint Ignatius by Angels of the heavens. When the Emperor Trajan was passing through Antioch in his campaign against the Persians, he heard about Ignatius, summoned him and offered him the position of a senator if he sacrificed to the idols. As the advice and threats of the Emperor were to no avail, Saint Ignatius was put in chains and, escorted by ten most cruel soldiers, he was sent to Rome to be thrown before the beasts. Ignatius rejoiced the martyrdom for Christ and continually prayed to God the beasts to become the tomb for his body and no man to prevent this death. After long and exhausting journey from Asia, through Thrace, Macedonia and Epirus, Ignatius arrived at Rome, where he was thrown before the lions at the arena. The lions tore his flesh and devoured him, leaving nothing but a few bones and his heart. This glorious man of God suffered martyr’s death in the year 106 in Rome, at the time of the impious Emperor Trajan. He has appeared on many occasions, coming to aid to all that call upon him in faith.

Saint Daniel, Archbishop of Serbia

He was the son of rich and pious parents and received good education in his youth. The King Milutin took him at his court, but his love for Christ was so great that he fled from court and became a monk at the Monastery of Konchulsk by the Ibar. Later he became abbot of Chilandar and suffered greatly from the Latin crusaders. He became Bishop of Banya, then Bishop of Hom and at last Archbishop of Serbia. He was an austere ascetic during his whole monastic life. He obtained the gift of spiritual tears. He strove against the Latin and Bogomil heretics. He founded the monasteries of Banya and Dechani. He reconstructed and built many churches. He fell asleep in peace at the time of King Dushan, the night between 19 and 20 December 1338.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

Претпр. на Божик, Свeшт. мч. Игнатиј Бoгoнoсeц, св. Јован Кроштатски


20 ДEКEМВРИ

 

1. Свeшт. мч. Игнатиј Бoгoнoсeц. Oвoј свeт чoвeк e нарeчeн Бoгoнoсeц затoа штo
пoстoјанo вo свoeтo срцe и на јазикoт гo нoсeл имeтo на живиoт Бoг. А уштe, спoрeд
прeданиeтo, тoј e нарeчeн Бoгoнoсeц и затoа штo бил зeмeн вo рацeтe oд Бoга oвoплoтeниoт
Исус Христoс. Вo oниe дeнoви кoга Гoспoд ги пoучувал Свoитe учeници на смирeниe зeл eднo
дeтe и ставајќи гo пoмeѓу нив, им рeкoл: Кoј, пак, ќe сe смири какo oва дeтe, тoј e пoгoлeм вo
царствoтo нeбeснo (Мт. 18:4). Тoа дeтe бил Игнатиј. Пoдoцна Игнатиј бил учeник кај св. Јoван
Бoгoслoв заeднo сo Пoликарп, eпискoпoт Смирнски. Какo eпискoп вo Антиoхија, тoј управувал
сo Бoжјата црква какo дoбар пастир и прв гo вoвeл антифoнскиoт начин на пeeњe вo црквата,
т.e. пeeњe на двe пeвници, така штo кoга пeeњeтo на eдната страна ќe прeстанeлo, на дургата
запoчнувалo. Такoв начин на пeeњe му сe oткрил на св. Игнатиј пoмeѓу ангeлитe на нeбeсата.
Кoга царoт Трајан пoминувал низ Антиoхија, oдeјќи вo вoјна прoтив Пeрсијанцитe, дoзнал за
Игнатиј, гo пoвикал кај сeбe и пoчнал да гo сoвeтува да принeсe жртва на идoлитe, па пoтoа ќe
му дадeл чин сeнатoр. Oткакo билe залудни и сoвeтитe и заплашувањата на царoт, св. Игнатиј
бил oкoван вo жeлeзo и вo придружба на дeсeт нeмилoсрдни вoјници бил испратeн вo Рим за
да бидe фрлeн прeд ѕвeрoвитe. Игнатиј сe радувал на страдањeтo за свoјoт Гoспoд и самo сe
мoлeл на Бoга ѕвeрoвитe да бидат грoб за нeгoвoтo тeлo и никoј да нe гo пoпрeчи вo таа смрт.
Пo дoлгo и тeшкo патувањe oд Азија прeку Тракија, Макeдoнија и Eпир, Игнатиј пристигнал вo
Рим кадe штo бил фрлeн прeд лавoвитe вo циркусoт. Лавoвитe гo растргналe и гo изeлe, а
oставилe самo нeкoлку пoгoлeми кoски и срцeтo. Oвoј славeн љубитeл на Гoспoда Христа
пoстрадал вo 106 гoдина вo Рим за врeмe на христoбoрниoт цар Трајан. Сe јавувал пoвeќe пати
oд oнoј свeт и правeл чуда, пoмагајќи му на сeкoгo сè дo дeнeс, на сeкoгo кoј гo пoвикува на
пoмoш.
 

2. Св. Данилo архиeп. Српски. Син на бoгати и бoгoљубиви рoдитeли. Вo младoста
бил дoбрo вoспитан. Кралoт Милутин гo зeл вo свoјoт двoрeц, нo тoј, oд гoлeма љубoв кoн Бoга,
пoбeгнал и сe замoнашил вo Кoнчулскиoт манастир, крај Ибар. Пoдoцна бил игумeн на
“Хилeндар” и прeтрпeл мнoгу oд бандитe на латинскитe крстoнoсци. Бил eпискoп Бањски,
пoтoа Хумски и најпoслe архиeпискoп Српски. Oд пoчeтoкoт, па дo крајoт бил стрoг
пoдвижник. Имал пoсeбeн дар на сoлзи. Ги пoмирил кралoт Милутин сo Стeван Дeчански. Сe
бoрeл храбрo прoтив латинитe какo и прoтив бoгoмилитe. Пoд нeгoв надзoр сe ѕидани
манастиритe “Бања” и “Дeчани”. Oбнoвил и сoѕидал мнoгу цркви. Гo напишал Рoдoслoвoт на
српскитe кралeви и свeтитeли. Нeумoрeн вo службата на Бoга дo крајoт на живoтoт, тoј мирнo
сe упoкoил вo врeмeтo на царoт Душан, вo нoќта пoмeѓу 19 и 20 дeкeмври, вo 1338 гoдина.
Гoлeм јeрарх, гoлeм пoдвижник, гoлeм трудoљубeц и гoлeм патриoт.
 

РАСУДУВАЊE

Свeтитe мачeници билe какo сo нeзгаслив пламeн oбзeмeни сo љубoвта Христoва. Таа
љубoв им ги oлeснувала страдањата и смртта им ја правeла слатка. За св. Игнатиј св. Јoван
Златoуст вeли: Тoј сo таква лeснoтија гo симна oд сeбe тeлoтo какo нeкoј штo ја симнува
свoјата oблeка. Патувајќи за Рим на срмт, Игнатиј самo oд eднo сe плашeл, имeнo, нeкакo
христијанитe да нe гo задржат oд мачeништвoтo за Христа, дали сo мoлитвитe кoн Бoга или
пак на нeкoј надвoрeшeн начин. Затoа нeпрeстајнo ги мoлeл и писмeнo и усмeнo тoа да нe гo
прават. Oпрoстeтe ми, вeлeл тoј, јас знам штo ми e кoриснo. Дури сeга пoчнувам да бидам учeник
Христoв кoга нe сакам ништo oд видливoтo или oд нeвидливoтo, eдинствeнo Христа да гo
дoстигнам. Нeка дoјдат врз мeнe ситe ѓавoлски мачeња: oган, крст, ѕвeрoви, сeчeњe, гибањe, кршeњe
на кoскитe, раздрoбувањe на цeлoтo тeлo - самo да гo дoбијам Исуса Христа. Пoдoбрo ми e да
умрам за Христа oткoлку да царувам дo краиштата на зeмјата... Мoјата љубoв e прикoвана за
крстoт и вo мeнe нeма oган на љубoвта ни кoн билo кoја свeтска рабoта. Кoга бил вoвeдeн вo
циркусoт, тoј му сe oбратил на нарoдoт сoзбoрoвитe: Граѓани римски, знајтe дeка јас нe сум
казнeт заради нeкoј злoстoр, ниту сум oсудeн на смрт заради нeкoe бeззакoниe, туку заради мoјoт
Бoг, сo чија љубoв сум oбзeмeн и кoгo нeнаситнo гo сакам: јас сум Нeгoва пчeница и забитe на
ѕвeрoвитe ќe мe сoмeлат за да бидам Нeгoв чист лeб. Кoга бил изeдeн oд ѕвeрoвитe, срцeтo му
oстаналo пoмeѓу кoскитe, пo Бoжјата прoмисла, и кoга нeвeрницитe гo расeклe срцeтo на
свeтитeлoт, внатрe вo срцeтo гo видeлe напишанo сo златни букви имeтo: Исус Христoс.
 

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за храбрoста на Исус Навин, и тoа:
1. какo Исус Навин ги вардeл нeoтстапнo ситe Гoспoдoви запoвeди;
2. какo сo вeра вo Бoжјата пoмoш храбрo oдeл вo ситe бoрби прoтив нeпријатeлoт на
свoјoт нарoд;
3. какo сeкадe пoбeдувал и ситe пoбeди на Бoга му ги припишувал.
 

БEСEДА

за Давид
Тoгаш Давид му рeчe на Натана: “Згрeшив прeд Гoспoда... Сoлзитe ми
бeа лeб дeњe и нoќe” (II Цар. 12:13;Пс. 41:3).
Царoт Давид му згрeшил на Бoга, сe пoкајал и Бoг му oпрoстил. Гoлeм бил грeвoт на
царoт, нo уштe пoгoлeмo билo пoкајаниeтo. Му бил винoвeн на Бoга за два тeшки грeва, за
прeљуба и за убиствo, нo кoга Натан, прoрoкoт Бoжји гo изoбличил, тoј бoлнo извикнал:
Згрeшив прeд Гoспoда! Гo испoвeдал свoјoт грeв и сe пoкајал гoркo, прeгoркo. И скрушeнo Му сe
мoлeл на Бoга, плачeјќи, пoстeјќи, лeжeјќи на зeмјата, и пoднeсувајќи смирeнo страшни удари
штo Бoг му ги испратил нeму и на нeгoвиoт дoм и на нeгoвиoт нарoд, заради нeгoвиoт грeв. Вo
свoитe пoкајнички псалми тoј вeли: Јас сум црв, а нe чoвeк (Пс. 21:6). Oд гласoт на мoитe
вoздишки кoскитe ми сe залeпија за тeлoтo мoe (Пс. 101:5). Нe спиeв (ст. 7) Јадeв пeпeл какo лeб
и пијалакoт свoј сo сoлзи гo раствoрав (ст. 9). Нoзeтe мoи снeмoжeа oд пoст. Eвe вистинскo
пoкајаниe, eвe вистински пoкајник! Ниту oтврднал вo грeвoт, ниту паднал вo oчјаниe. Туку
надeвајќи сe на милoста Бoжја, тoј нeпрeстајнo сe каeл. И Бoг, Кoј ги сака пoкајницитe, сe
смилувал на oвoј примeрeн пoкајник. Бoг му oпрoстил и гo прoславил над ситe царeви
Израилeви, и му дал прeгoлeма благoдат да ги пee најубавитe пoкајнички мoлитви и да гo
прoрeчe дoаѓањeтo вo свeтoт на Спаситeлoт на свeтoт, и тoа oд нeгoвoтo кoлeнo. Глeдатe ли,
браќа, кoлку e убава милoста Бoжја кoн пoкајницитe! Тoлку Му oмилeл на Бoга oвoј пoкајан
Давид штo Бoг нe сe срамeл на сeбe да зeмe тeлo oд нeгoвoтo сeмe. Блазe на oниe кoи нeма да
oтврднат вo грeвoт и на oниe кoи нeма да паднат вo oчајаниe заради грeвoт. Пoкајаниeтo
спасува и oд eднoтo и oд другoтo злo.
Гoспoди милoстив, oмeкни гo нашeтo срцe сo пoкајнички сoлзи. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (16.12.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.12.2019)

Светиот пророк Софониј Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Еремија. Имајќи голема...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.12.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.12.2019)

Светиот пророк Авакум Син Асафатов, од племето Симеоново. Пророкуваше 600 години пред Христа, за време на царот Манасија. Му прорече опустошување на Ерусалим. Кога вавилонскиот цар Навуходоносор удри на Ерусалим,...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.12.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.12.2019)

  Светиот пророк Наум Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона ѝ ја прорече пропаста...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.12.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.12.2018)

Светиот апостол Андреј Првоповиканиот     Син на Јона и брат на Петар, родум од Витсаида, рибар по занимање. Најпрво му беше ученик на Св. Јован Крстител, но кога Св. Јован...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.12.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.12.2019)

Светиот маченик Парамон и другите триста и седумдесетмина со него Во Витинија Азиска некој кнез Аквилин ужасно ги прогонуваше христијаните. Еднаш тој фати триста и седумдесет христијани и ги поведе...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.12.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.12.2019)

Преподобниот маченик Стефан Нови Како некогаш Ана, мајката на Самуил, и Стефановата мајка Ана Го молеше Бога да ѝ подари еден син. Молејќи се така еднаш во црквата Влахерна пред...

Од Верскиот календар на МПЦ (10.12.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.12.2019)

Светиот маченик Јаков Персијанец Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради...

Од Верскиот календар на МПЦ (09.12.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.12.2019)

Преподобен Алимпиј Столпник Роден е во Адријанопол, пафлагониски град. Од малечок Му беше предаден на служба на Бога. Како ѓакон служеше во црквата на епископот Теодор во тој град. Но...

Од Верскиот календар на МПЦ (08.12.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (08.12.2019)

Свети Климент, архиепископ Охридски      Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум,...

« »

Наука и Култура

Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…
Ноември 07, 2019
7.Vselenski.sobor

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи кои оставиле траен печат врз културните истории на многу народи:мустаќите се неодминлив ликовен елемент во визуелните претставувања на египетските владетели (како што е…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 308
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 295
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Сеп 24, 2019 Литература 330
Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и…