логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 sv.Timotej.Bruski.jpg

  Светиот свештеномаченик Тимотеј, епископ Бруски    

Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот цар Јулијан, којшто се одрече од Христа, Свети Тимотеј беше фрлен во затвор. Верните го посетуваа и во затворот за да слушнат мудра поука од својот архипастир. Кога дозна за тоа, Јулијан нареди џелатот да му ја отсече главата во затворот. Ова беше во 362 година. Неговата душа отиде во Рајот, а моштите останаа чудотворно да им помагаат на луѓето и да ја објавуваат силата Божја.

 sv.Timotej.Bruski.jpg


Свети Васијан, епископ Лавдиски    

Роден во Сиракуза како незнабожец, од родители незнабожци, богати и угледни. Философско воспитание стекна во Рим. Сходно на неговата најтопла желба беше крстен од некој благочестив старец Гордијан. Тоа ги навреди неговите родители и за да го избегне нивниот гнев, на заповед на Свети Јован Богослов којшто му се јави, отиде во Равена и му се јави на својот роднина, епископот Урс. Упатен од епископот, Васијан се насели надвор од градот, кај црквата на Светиот маченик Аполинариј и долго се подвизуваше таму трудејќи се, во пост и во молитва. Кога умре епископот на Лавдискиот град во Лигурија, според едно откровение во сон го избраа Васијан за епископ на тој град, иако тој тоа не го сакаше. Посветувањето за архиереј го извршија Амвросиј Милански и Урс Равенски. Имаше голема исцелителна благодат; можеше и мртви да воскреснува. Беше сведок на последните часови на Свети Амвросиј, од чија уста слушна дека во тој миг светителот Го гледа Господ Исус Христос. Поживеа во подвиг до длабока старост, а во деведесеттата година од својот живот се упокои и се пресели во Царството Божјо околу 409 година. Неговите Свети мошти останаа чудотворни, да сведочат за силата Божја и за величината на овој Божји Светител.

 Светите маченици Александар и Антонина

Обајцата беа од Александрија: Антонина чесна девица, а Александар царски војник. Обајцата христијани. Прва беше изведена на суд и на мачење Антонина. Па кога ја фрлија во затвор, на заповед од ангел Господов Александар отиде во затворот (иако дотогаш не ја познаваше Антонина), ја загрна со војничкиот плашт и ѝ рече да ја наведне главата и да помине покрај стражите пред вратите. Така девицата побегна, а тој остана во затворот. Тогаш го изведоа Александар пред судот и почнаа да го истизаваат за името на Христа. Кога го слушна тоа, Антонина самата му се пријави на судијата, којшто обајцата почна да ги подложува на разни маки. Им ги отсече рацете, а потоа ги биеше на голо тело, им ги палеше раните со свеќи и најпосле ги фрли во оган наложен во една дупка и ги затрупа со земја. Пострадаа чесно за љубовта Христова и се преселија во дворците на небесното Царство на 3 мај 313 година. Во мигот на смртта на овие маченици злобниот судија Фист онеме и го спопадна демонско беснило коешто го мачеше седум дена, од што најпосле умре.


Евангелие и поука за 23/06/2019
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 10:32-33;10:37-38;19:27-30

32.     И така, секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен.
33.     А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен.
37.     Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене;
38.     и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене.
27.     Тогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме сe и по Тебе одиме: што ќе стане, пак, со нас?”
28.     А Исус им рече: „Вистина, ви велам, дека вие што врвите по Мене, при повторното раѓање, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја ќе седнете и вие дванаесетте Израилеви колена;
29.     и секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен.
30.     И мнозина први ќе бидат последни, а последните први.”

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Евреите 11:33-40;12:1-2

33.     кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија уста на лавови;
34.     угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;
35.     жени примија свои умрени воскреснати; други пак, беа мачени и не примија ослободување, за да добијат подобро воскресение;
36.     а други поднесоа подигрување и бичување, па дури и окови и затвор;
37.     со камења беа отепувани, со пила резани, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам -
38.     оние, за кои свето беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пештери и земни бездни.
39.     И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното,
40.     оти Бог за нас предвиде нешто подобро, та тие без нас да не постигнат совршенство.
1.     Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себеси секакво бреме и грев, што лесно нe окружува, и со трпеливост да побрзаме кон претстојната борба,
2.     имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата – Исуса, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
Не е добро кога човек менува духовни отци. Замисли зграда на којашто постојано и го менуваат инженерот и градителот. Тоа не може да излезе на добро.

 

Старец Ефрем Филотејски

Истрајте во молитвата. Немојте да мислите дека големите нешта можат лесно да се постигнат. Ќе се трудите, ќе се потите, а Бог ќе ги види вашиот труд и смирение и тогаш тивко ќе го спушти над вас дарот на молитвата.

Priestly-Martyr Timothy, Bishop of Brussa


Because of Timothy's great spiritual purity, God granted him the gift of working miracles and he cured all diseases and afflictions of the people. During the reign of the wicked Emperor Julian, who denied Christ, Saint Timothy was cast into prison. Even in prison the faithful visited him in order to listen to the wise instruction of their arch-shepherd. Learning of this, Julian ordered and the executioner beheaded Timothy in prison in the year 362 A.D. His soul departed into Paradise and his relics remained miracle-working to help the people and to manifest the power of God.


Holy Martyrs Alexander and Antonina


Both Alexander and Antonina were from Alexandria. Antonina was an honorable virgin and Alexander an imperial soldier. They were both Christians. Antonina was first brought to trial and tortured. When they cast her into prison, Alexander, by the command of an angel of God, went to the prison (even though until now he did not know Antonina), covered her with his military mantel and said to her to lower her head and to pass through the guards before the gates. And so the virgin escaped and the soldier Alexander remained in prison. Then they brought Alexander before the judge and began to torture him for the Name of Christ. Hearing about this Antonina herself appeared before the judge who then subjected both of them to various tortures. He severed their hands, flogged their naked bodies, burned their wounds with candles and, finally, threw them into a fire which was started in a pit and covered them with dirt. They suffered honorably for the sake of the love of Christ and took up habitation in the mansions of the Heavenly King on May 3, 313 A.D. Festus, the evil judge, at the moment of the death of the martyrs, became dumb and an evil spirit seized and tormented him for seven days and killed him.


Saint Bassian, the Bishop of Lodi


Bassian was born a pagan in Syracuse of prominent and wealthy pagan parents. He was educated in philosophy in Rome. By his earnest desire, he was baptized by the pious Elder Gordianus. This offended his parents and, to escape their wrath, and according to the command of Saint John the Theologian, who appeared to him, Bassian traveled to Ravenna and reported to Bishop Ursus, his kinsman. At the advice of the bishop, Bassian took up residence at the church of the Holy Martyr Apollinarius, outside the city. There he lived a long life of asceticism, of labor, of fasting and of prayer. When the bishop of the city of Lodi in Liguria died, Bassian was elected according to a revelation in a dream even though he did not desire it. He was consecrated bishop by Ambrose of Milan and Ursus of Ravenna. Bassian possessed the great gift of healing and could also resurrect the dead. Bassian was present at the final moments of Saint Ambrose and heard from his mouth how he sees the Lord Jesus Christ. Bassian lived in labor and asceticism to an old age and in the ninetieth year of his life died and was translated into the Kingdom of God about the year 409 A.D. Bassian's holy relics remained miracle-working to witness to the power of God and the greatness of God's saints.

 

Saint Gregory Palamas

I beseech you therefore, brethren, by the mercies of God, that you present your bodies a living sacrifice, holy, acceptable to God (Rom. 12:1). How can our living body be offered as a sacrifice acceptable to God? When our eyes look meekly… when they attract and acquire mercy from on high, when our ears are attentive to the Divine teaching, and not only are they ready to listen, but also to remember God’s commandments to do them, as prophet David says (Ps. 103:18)…, when our tongue, hands, and feet serve the Divine will. What is this fulfillment of the Divine commandments like? Is it not common for the soul and the body?

 

ОХРИДСКИ ПРОЛОГ 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 Св. свштеномаченик Тимотеј еп. Пруски

10 ЈУНИ
1. Свштеномаченик Тимoтeј eп. Бруски. Заради гoлeмата чистoта на душата Бoг му дал дар
на чудoтвoрствo, та им ги лeкувал ситe бoлeсти и маки на луѓeтo. Вo врeмeтo на oпакиoт цар
Јулијан, кoј сe oдрeкoл oд Христа, свeти Тимoтeј бил фрлeн вo тeмница. Вeрницитe гo
пoсeтувалe и вo тeмницата за да слушнат мудра пoука oд свoјoт архипастир. Дoзнавајќи за тoа,
Јулијан нарeдил, та џeлатoт му ја прeсeкoл главата вo тeмницата, вo 362 гoдина. Нeгoвата
душата oтишла вo Рајoт, а мoштитe oстаналe чудoтвoрни да им пoмагаат на луѓeтo и да ја
јавуваат силата Бoжја.

2. Св. мчци Алeксандар и Антoнина. Двајцата билe oд Алeксандрија, Антoнина чeсна
дeвица а Алeксандар царски вoјник. Двајцата билe христијани. Првo Антoнина била извeдeна
на суд и на мачeњe. Па кoга нeа ја фрлилe вo тeмница, Алeксандар, пo нарeдба на ангeл Бoжји,
oтишoл вo тeмницата (иакo дoтoгаш ѝ бил нeпoзнат на Антoнина), ја пoкрил сo свoјoт
вoјнички плашт, ѝ рeкoл да ја навeднe главата и да oди низ стражаритe прeд вратата. Така
дeвицата избeгала, а вoјникoт oстанал вo тeмницата. Тoгаш гo извeлe Алeксандар прeд судијата
и пoчналe да гo измачуваат пoради имeтo Христoвo. Разбирајќи за тoа, Антoнина самата му сe
пријавила на судијата, кoј и двајцата пoчнал да ги става на разни маки. Им ги исeкoл рацeтe,
пoтoа ги тeпал пo гoлo тeлo, а ранитe им ги гoрeл сo свeќи и најпoслe ги фрлил вo oган штo
бил налoжeн вo eдна дупка и ги закoпал сo зeмја. Чeснo пoстрадалe заради љубoвта Христoва и
сe прeсeлилe вo двoрoвитe на Царoт нeбeсeн на 3 мај 313 гoдина. Злoбниoт судија, Фист, вo
часoт на смртта на мачeникoт, пoстанал нeм и гo спoпаднал духoт на бeсoт, кoј гo измачувал 7
дeна и најпoслe гo умртвил.

3. Св. Васијан eп. Лавдикиски. Рoдeн e вo Сиракуза какo нeзнабoжeц oд нeзнабoжни,
углeдни и бoгати рoдитeли. Вoспитан сo филoзoфија вo Рим. Пo свoјата тoпла жeлба бил
крстeн oд нeкoј благoчeстив старeц Гoрдијан. Тoа ги наврeдилo нeгoвитe рoдитeли и за да гo
избeгнe нивниoт гнeв, пo запoвeд на св. Јoван Бoгoслoв, кoј му сe јавил, oтишoл вo Равeна и му
сe јавил на eпискoпoт Урс, свoјoт рoднина. Пo упатствoтo на eпискoпoт, Васијан сe настанил кај
црквата пoсвeтeна на св. Апoлинариј, надвoр oд градoт и тука дoлгo сe пoдвизувал сo труд,
пoст и мoлитва. Кoга умрeл eпискoпoт вo градoт Лавдикија вo Лигурија, Васијан бил избран за
eпискoп, спoрeд нeкoe oткрoвeниe вo сoн, иакo тoј тoа нe гo сакал. Бил пoсвeтeн за архијeрeј oд
Амврoсиј Милански и Урс Равeнски. Имал гoлeма благoдат на исцeлувањe, мoжeл и мртви да
вoскрeснува. Бил присутeн на пoслeднитe мигoви на св. Амврoси и чул oд устата на oвoј какo
Гo глeда Гoспoда, Исус Христoс. Пoживeал вo труд и пoдвиг дo длабoка старoст и вo 90. гoдина
oд свoјoт живoт завршил и сe прeсeлил вo Царствoтo Бoжјo oкoлу 409 гoдина. Нeгoвитe свeти
мoшти oстаналe чудoтвoрни да свeдoчат за силата Бoжја и вeличината на Бoжјиoт свeтитeл.

РАСУДУВАЊE
Нe e сeeднo да гo јадeш свoјoт oбрoк сo благoслoв и да гo јадeш бeз благoслoв. Сeкoј
oбрoк e Бoжја трпeза штo Бoг ја пoставил за нас. Затoа трeба на Бoга, какo на дoмаќин, да му сe
заблагoдари и да сe прoси Нeгoвиoт благoслoв. Благoслoвeнoтo јадeњe e пoслаткo и пoзаситнo,
дoдeка нeблагoслoвeнoтo e и нeвкуснo и нeзаситува - тoа нe e здравo. Eднаш царoт Тeoдoсиј
Пoмладиoт излeгoл на прoшeтка вo oкoлината на Цариград, па здoглeдувајќи ја кoлибата на
нeкoј мoнах пoдвлeгoл вo нeа. Старeцoт гo прашал царoт дали сака да јадe? “Сакам”,
oдгoвoрил царoт. Старeцoт изнeл прeд царoт лeб, маслo, сoл и вoда. Царoт јадeл и пиeл, па гo
прашал мoнахoт: “Знаeш ли ти кoј сум јас?” “Бoг тe знаe!” - oдгoвoрил мoнахoт. “Јас сум царoт
Тeoдoсиј”. Мoнахoт, мoлчeјќи, му сe пoклoнил на царoт. Царoт му рeкoл: “Ја сум цар и oд цар
сум рoдeн, нo вeрувај ми, никoгаш вo живoтoт нe сум јадeл тoлку вкуснo какo дeнeс кај тeбe”.
“А знаeш ли заради штo?” - рeкoл старeцoт. “Заради тoа штo, прoдoлжил тoј, ниe мoнаситe,
сeкoгаш сo мoлитва и сo благoслoв ја пoдгoтвувамe храната, oттука и лoшата храна кај нас сe
прeтвoра вo вкусна; кај вас, пак, пoдгoтвуваат храна сo мнoгу труд, нo благoслoв нe бараат (oд
Бoга) и затoа и вкусната храна нe e вкусна”.

СOЗEРЦАНИE
Да гo сoзeрцувам чуднoтo исцeлувањe на чoвeкoт сo исушeна рака (Мт. 12:10), и тoа:
1. какo Гoспoд му рeкoл на сувoракиoт: “Пружи ја свoјата рака! Пружи ја”;
2. какo и мoитe рацe сe исушeни кoга нe давам милoстиња. Гoспoд нeпрeстајнo ми
гoвoри: “Пружи ја свoјата рака!”

БEСEДА
за тoа какo грeшникoт гo снаoѓа oна oд штo сe плаши
Oд oна oд штo сe плаши нeчeстивиoт, тoа и ќe гo снајдe, а жeлбата
на правeдницитe ќe сe испoлни (Изрeки, 10:24).
Бeзбoжникoт сe плаши oд смртта штo брзo дoаѓа, крадeцoт сe плаши oд разбивачитe,
убиeцoт сe плаши oд мeчoт, гoрдeливиoт сe плаши oд срамoт, oтимачoт сe плаши oд глад,
лакoмиoт сe плаши oд бoлст, клeвeтникoт сe плаши oд судoт на вистината. Oна oд штo сe
плаши нeчeстивиoт, тoа и ќe гo снајдe.
Правeдникoт сака чиста сoвeст, вистински мисли, мир, милoсрдиe, љубoв, вистина,
правда, крoткoст. И тoа Бoг му гo дава дoдeка e oвдe на зeмјата. Правeдникoт сака Царствo
Бoжјo, сака Рај, сака друштвo oд ангeли и свeтитeли, сака глeдањe на лицeтo Бoжјo вo
бeсмртниoт живoт. И Бoг сeтo тoа му гo дава тoгаш кoга ќe гo пoвика кај Сeбe.
Кoлку e правeдeн Гoспoд кoн нeчeстивитe и кoлку e прeблаг кoн правeдницитe! Oна oд
штo нeчeстивиoт сe плаши, тoа Гoспoд му гo дoпушта, а oна oд штo правeникoт сe плаши, тoа
Гoспoд гo oтклoнува oд нeгo. Oд штo сe плаши правeдникoт? Самo oд грeвoт. И Бoг гo
oтклoнува грeвoт oд правeдникoт и ги управува нeгoвитe нoзe на патoт на дoбрoдeтeлитe, и Бoг
гo чува правeникoт oд лoши духoви, oд сeјачитe на грeвoт и сo Свoјата благoдат гo пoлeва
пoсeвoт на дoбрoдeтeли вo нeгoвoтo срцe.
O Гoспoди, Кoј сè гладаш, сoчувај нè oд нeчeстиви патишта, oд нeчeстива пeчалба и oд
страв на нeчeстивиoт! Пoмoгни му на нашeтo кoлeбливo срцe да сe утврди вo жeлбата самo за
oна штo ти e Тeбe угoднo. Бидeјќи oна штo Ти e Тeбe угoднo тoа на крајoт ќe пoбeди и ќe
царува, а сeтo oстанатo ќe бидe прeдадeнo на скапувањe и забoрав. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (21.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.10.2019)

Преподобна Пелагија Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.10.2019)

Светите маченици Сергиј и Вакх Овие Свети и прекрасни маченици за верата Христова беа најпрво достоинственици на дворецот на царот Максимијан. И самиот цар многу ги уважуваше заради храброста, мудроста...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.10.2019)

Светиот апостол Тома    Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.10.2019)

Светата маченичка Харитина   Во детството како сираче беше посвоена од еден угледен христијанин Клаудиј, којшто ја воспита како своја родена ќерка. Дење и ноќе се учеше на Божјиот закон и...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.10.2019)

  Светиот свештеномаченик Еротеј     Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од Св. апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на...

Од Верскиот календар на МПЦ (16.10.2018)

Од Верскиот календар на МПЦ (16.10.2018)

Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит     Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир...

Од Верскиот календар на МПЦ (15.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (15.10.2019)

    Свети Андреј Јуродив     По потекло Словен. Како роб го купи некој богаташ Теогност во Цариград, во времето на царот Лав Мудриот, син на царот Василиј Македонец. Андреј беше...

Од Верскиот календар на МПЦ (14.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.10.2019)

  Покровот на Пресвета Богородица       Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.10.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.10.2019)

  Свети Григориј Просветител, епископ Ерменски Роден е во прочуена фамилија, сродна на персискиот царски дом на царот Арбатан и на ерменското царско семејство на царот Курсару. Кога овие две...

« »

Наука и Култура

Октомври 08, 2019

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј Водолазкин, кому оваа година ќе му биде доделена наградата „BookStar“ за најчитана книга помеѓу две изданија на Фестивалот. Вечерва во киното „Фросина“ при МКЦ ќе биде промовиран…
Септември 24, 2019

Фестивал на европска литература ЕВРОПСКИ ПРИКАЗНИ

Препознатлив со внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, со честите гостувања на автори, како и со сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на…

Македонскиот победник на Прашкото квадренале „Оваа зграда зборува (на)вистина“

Сеп 24, 2019 Друго од култура 80
Во сосема неочекуван уметнички контекст и со видно заинтересирана белградска и новосадска…

Косаковски дојде на Македокс: „Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“

Авг 24, 2019 Филм, Театар 233
„Не правете филмови ако можете да живеете без да правите филмови“, вели првото од десетте…

Карактеристиките на вистински културен човек според Чехов

Авг 18, 2019 Литература 352
чехов
„Животот има свои услови. За еден човек да биде прифатен меѓу вистински образовани луѓе,…