логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  

 

Преподобен Тит Чудотворец

Од младоста Го возљуби Христа и го замрази овој суете н свет. Заради ова го остави светот, отиде во манастир и прими ангелски образ. Не жалејќи се себеси се предаде на скрбен и тесен монашки пат. Преку големо трпение ги стекна двете основни добродетели: послушанието и смирението и со нив ги надмина „не само браќата туку и сите луѓе“. Од младоста ја зачува чистотата на душата и телото. Во времето на иконоборната ерес се покажа како непоколеблив столб на Божјата Црква. Заради неговото големо смирение и чистота, Бог му даде дар на чудотворство и за време на животот и по смртта. А кога се пресели кај Господ, остави многубројни ученици зад себе. Се престави во 9 век.

Светите маченици Амфијан и Едесија

Две момчиња, браќа по тело. Од градот Патара, од родители угледни но незнабожци. Кога во градот Вирит ги изучуваа светските науки некако се просветија со Духот Божји и ја познаа лажноста на незнабожието, а ја наѕреа вистината на христијанството. Па кога се вратија дома не можеа повеќе да живеат со своите родители и роднини незнабожци, туку тајно побегнаа во Кесарија Палестинска кај презвитерот Памфил, којшто беше познат по светоста и духовната ученост. Кај Памфил дење и ноќе се поучуваа на законот Божји и ги практикуваа христијанските подвизи. За Амфијан велат дека по тело бил стар дваесет години, а според разумот и великодушноста стогодишен. Кога настана гонењето во времето на Максимин, мнозина христијани побегнаа од градот и се сокрија, додека другите драговолно и радосно се предадоа во рацете на мачителите за да пострадаат во името на Оној Кој Самиот прв за нив пострада. Амфијан беше меѓу овие христијани. Дојде во незнабожечкиот храм бестрашно, а овде кнезот Урбан им принесуваше жртви на идолите. Амфијан го фати за раката со која кнезот ја држеше жртвата и му викна да отстапи од служење и жртвопринесување на мртвите идоли, а да Го познае вистинскиот Бог. Некои што ги слушнаа овие зборови и ја видоа оваа храброст на Амфијан се покајаа и ја примија Христовата вера. Но кнезот се разлути и го подложи Амфијан на маки. Меѓу другото му ги обвиткаа нозете со памук и го запалија. Но кога остана жив, го фрлија во морето со камен на вратот. Морето се возмути и го исфрли телото на Светиот маченик. Едесиј најпрво беше испратен во бакарните рудници во Палестина, а потоа го одведоа во Мисир. Во Александрија се исполни со света ревност против еден кнез Ероклеј, којшто ги имаше собрано христијанските монахињи, девојки и чесни жени на плоштадот и за подбив им ги раздаваше на најбесрамните развратници. Едесиј се исполни со света ревност и на бесчесниот кнез му удри шлаканица. За ова тој, како и неговиот брат Амфијан, беше мачен и потопен во морето. Се жртвуваа за Христа како две невини јагниња околу 306 година.

 

 Евангелие и поука за 15/04/2019

 

Паримија на денот: Книга пророк Исаија 48:17-22;49:1-4

17.     Вака вели Господ, твојот Искупител, Светецот Израилев: Јас сум Господ, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш.
18.     О, да беше ги слушал Моите заповеди! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата правда – како морски бранови.
19.     И твоето потомство би било како песок, а породот од утробата твоја, – како зрнцата негови: името твое не би се истребило нити избришало пред Мене.
20.     Излегувајте од Вавилон, бегајте од Халдејците, со радосен глас разгласувајте и проповедајте го тоа, ширете ја таа вест до крајот на земјата; кажувајте: „Господ го откупи Својот слуга Јакова.”
21.     Не ожеднуваат тие во пустињите, преку кои ги води: Он им извади вода од камен; пресекува карпа, – и се леат води.
22.     А за лошите нема мир, вели Господ.
1.     Слушајте Ме, острови, и внимавајте, народи далечни: Господ Ме повика уште од утробата, од мајчината Ми утроба го нарече името Мое;
2.     ја направи устата Моја како остар меч: под сенката на раката Своја Ме криеше и Ме направи изострена стрела; во Својата торба за стрели Ме чуваше;
3.     Он Ми рече: „Ти си Мој слуга, Израиле, – во тебе ќе се прославам.”
4.     Јас, пак, реков: „Напразно сум се трудел, за ништо и попусто сум ја истрошувал силата Своја. Но правото Мое е во Господа, и наградата Моја е во Мојот Бог.

Паримија на денот: Прва книга Мојсеева (Битие) 27:1-41

1.     Кога Исак остаре и му ослабе видот на очите, та не гледаше, го повика постариот син свој Исава, и му рече: „Сине мој!” А тој одговори: „Еве ме.”
2.     И рече Исак: „Еве остарев и не го знам денот на смртта.
3.     Земи ја сега спремата своја, лакот и стрелите, и излези в поле, и улови ми дивеч!
4.     Па зготви ми јадење какво што сакам, и донеси ми да јадам, и да те благослови душата моја, пред да умрам.”
5.     А Ревека чу што му рече Исак на синот свој Исава; и Исав отиде в поле да улови дивеч за својот татко.
6.     Ревека, пак, му рече на Јакова, помалиот син свој, велејќи: “Ете, го чув татко ти, како разговараше со Исава, братот твој, и дека рече -
7.     „Донеси ми дивеч и зготви ми јадење, да јадам, па да те благословам пред Господа, пред да умрам.”
8.     Туку сега, синко мој, послушај ме што ќе ти речам:
9.     „Оди при стадото и донеси оттаму две млади и добри јаганца; и јас ќе му зготвам јадење од нив, какво што сака;
10.     а ти ќе му однесеш на татка ти, и тој ќе јаде, па ќе те благослови таткото твој дури е уште жив.”
11.     А Јаков ? рече на Ревека, мајката своја: „Но Исав, братот мој, е рунтав, а јас сум човек гладок.
12.     Може татко ми да ме попипа, па пред очите негови ќе станам измамник, и место благослов ќе навлечам врз себе проклетство.”
13.     А мајка му одговори: „Проклетството твое, синко, нека падне на мене; само послушај ме, и оди, па донеси ми!”
14.     Тогаш тој отиде, зеде и ? донесе на мајка си своја; а мајка му негова зготви јадење, какво што јадеше татко му.
15.     Па потоа ја зеде Ревека најубавата облека на постариот син Исава, што беше кај неа дома, и го облече Јакова, помладиот нејзин син,
16.     а рацете негови и голиот врат му го обложи со јарешки кожички.
17.     И му го даде на Јакова, синот свој, в раце јадењето и лебот, што го беше зготвила.
18.     А тој влезе при татка си и му рече: „Татко!” А тој одговори: “Еве ме! Кој си ти, синко?”
19.     Јаков, пак, му рече на татка си: „Јас сум Исав, твојот првороден син; направив, како што ми рече; стани, седни и јади од ловот мој, па да ме благослови душата твоја.”
20.     А Исак му рече на синот свој: „Кога толку бргу најде, синко мој?” А тој одговори: „Господ, твојот Бог, беше милостив.”
21.     Тогаш му рече Исак на Јакова: „Дојди поблизу, синко мој, да те попипам и да видам дали си ти, синот мој Исав, или не!”
22.     И пристапи Јаков до Исака, таткото свој, а тој го попипа, па рече: „Гласот е глас на Јакова, но рацете се раце Исавови.”
23.     И не го позна, зашто рацете му беа како рацете на Исава, братот негов, рунтави. И го благослови,
24.     и му рече: „Ти ли си синот мој Исав?” А тој одговори: „Јас сум.”
25.     Тогаш рече: „Дај ми сега, синко, да јадам од ловот твој, па да те благослови душата моја.” И му даде и тој јаде; па му донесе и вино, и пи.
26.     Потоа Исак, таткото негов, му рече: „Приближи се до мене и целивај ме, синко!”
27.     И тој пристапи и го целива; Исак го почувствува мирисот од облеката негова, и го благослови, велејќи: „Еве, мирисот на синот мој е како мирис од полето, што го благословил Господ.
28.     Бог нека ти даде роса небеска и родна земја: многу пченица и вино во изобилие!
29.     Народи да ти слугуваат и кнезови да ти се клањаат! Да бидеш господар над братот свој и да ти се клањаат синовите на таткото твој! Проклет да биде оној, што тебе те проколнува, а благословен – оној што тебе ќе те благословува!”
30.     Па откако Исак го благослови Јакова, и Јаков отиде од Исака, таткото свој, во тој час дојде од лов Исав, братот негов.
31.     И тој му зготви јадење и му однесе на татка си, и му рече: “Стани, татко, и јади од она што синот твој улови, за да ме благослови душата твоја!”
32.     И Исак, таткото негов, му рече: „Кој си ти?” А тој рече: „Јас сум синот твој, првородениот Исав.”
33.     Тогаш Исак премногу се возбуди и рече: „А кој беше оној, кој уловил лов и ми донесе од сe, и јас јадев, пред да дојдеш ти, и го благословив? Тој и ќе остане благословен.”
34.     А кога ги чу Исав зборовите на таткото негов, извика на сиот глас и многу се нажали, па рече: „Благослови ме и мене, татко!”
35.     А тој му одговори: „Дојде братот твој со измама, и го зеде твојот благослов,”
36.     Исав, пак, рече: „Сигурно затоа му е името Јаков, еве веќе двапати ме истисна. Првородството ми го зеде, а сега и благословот ми го зеде. И му рече – Исав на татка си: „Не остави ли благослов и за мене?”
37.     И Исак одговори и му рече на Исава: „Него веќе го поставив за господар над тебе; и сите браќа негови ги определив да му бидат слуги; со жито и вино го обдарив; а што да направам сега, синко, со тебе?”
38.     Но Исав му рече на татка си: „Зар само еден благослов има кај тебе, татко? Благослови ме и мене, татко!”. Бидејќи Исак молчеше, Исав извика на сиот глас и заплака.
39.     Тогаш Исак, таткото негов, одговарајќи му рече: „Ете, домот твој ќе биде од плодна земја и од роса небеска одозгора.
40.     Од мечот свој ќе живееш, и на брата ти ќе му служиш; но еднаш, кога ќе се побуниш, ќе го стресеш јаремот негов од вратот свој.”
41.     Тогаш Исав го намрази Јакова поради благословот, со кој го беше благословил татко му; и си рече Исав во срцето свое: „Се наближуваат деновите на оплакувањето за таткото мој; тогаш ќе го убијам Јакова, братот мој.”

Паримија на денот: Книга Мудри Соломонови изреки 19:16-25

16.     Кој пази запоевд, ја запазува душата своја, а кој не се грижи за своите патишта, ќе загине.
17.     Кој прави добро на сиромав, заем Му дава на Господа, и Он ќе му плати за неговата добрина.
18.     Казни го сина си, додека има надеж, и не се возбудувај од викањето негово.
19.     Гневниот нека трпи казна, зашто ако го пожалиш, ќе треба да го казниш уште повеќе.
20.     Слушај го, синко, советот на таткото твој, за да станеш потоа мудар.
21.     Во срцето на човекот има многу мисли, но се извршува само определената од Господа.
22.     Радост за човека е неговата милостиња; сиромавиот е подобар праведник од лажливиот богаташ.
23.     Стравот Господен води кон живот, и кој го има, секогаш ќе биде задоволен, и зло нема да го снајде.
24.     Мрзливиот ја крие раката во пазувата своја и не сака да ја подигне до устата своја.
25.     Ако го казниш оној што се потсмева, и простиот ќе стане разумен; и ако му укажеш на разумниот, тој ќе ја разбере поуката.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Да се молиме за другиот, значи да му помагаме! Благодарение на благото расположение на нашето срце спрема него, да може да им се спротивстави на негативните помисли кои не без причина може да ги има против нас. Наспроти тоа, да не се молиме за него, значи дека ги оправдуваме, немајќи љубов од наша страна, лошите помисли што може да ги има против нас. Да го зачуваме единството во молитвата, околу чашата Христова и ќе видиме дека е лесно да љубиме!

 

Свети Силуан Атонски

Во доброто помага Бог, а во лошото демоните. Но, тоа зависи од нашата волја. Треба себеси да се принудуваме на доброто, но знаејќи ја својата мерка. Треба да ја проучиме својата душа и она што е полезно за неа. На некого му е полезно да се моли повеќе, на некого да чита или да пишува. И да се чита е полезно, но подобро е да се молиш нерасеано, а уште подобар е плачот. Како на кого му дава Господ. Конечно, станувајќи од постела, треба да Му благодариме на Бога, потоа да се каеме и да се молиме до ситост. А потоа добро е да се чита за да се одмори умот. Потоа пак молитва и работа. Благодатта доаѓа од сето она што е добро. Но, најмногу заради љубовта спрема братот.

 

Elder Ephraim of Philotheou

My children, prayer and humility are the all-powerful weapons which we must keep continuously in our hands with sleepless attentiveness, because these, with God’s help, will give us the victory against the demons.


Venerable Titus, the Miracle-Worker


From his youth, Titus loved Christ the Lord and detested the vanities of the world. Because of this, he retreated from the world, entered a monastery and received the Great Angelic Habit (The Great Schema). Not feeling any remorse, he dedicated himself to the somber and narrow path of monasticism. Through great patience, he attained two basic virtues: that of humility and obedience. In these virtues, he surpassed "not only the brethren, but also all men." From his youth he preserved the purity of his soul and body. At the time of the Iconoclastic heresy he proved himself to be an unwavering pillar of the Church of God. Because of his great humility and purity, God bestowed upon him the gift of performing miracles, both during his life-time and after his death. When he was translated to the Lord he left behind a countless number of disciples. He died peacefully in the ninth century.


Holy Martyrs Amphianus and Edesius


These two young men were blood brothers from the city of Patara of distinguished but pagan parents. While they were studying the secular sciences in the city of Beirut, they were enlightened by the Spirit of God, and acknowledging the falsehood of paganism, discerned the truth of Christianity. When they returned home they could no longer live with their pagan parents and kinsmen and secretly fled to Caesarea in Palestine to the presbyter Pamphilius, renowned for his sanctity and spiritual learning. With Pamphilius, they studied the Law of God day and night and practiced Christian asceticism. It is said of Pamphilius that he was twenty years old according to the flesh but, in understanding and generosity, he was a hundred years old. When a persecution began during the reign of Maximian, many Christians fled the city and hid themselves. Others, willingly and rejoicefully, gave themselves into the hands of the persecutors in order to suffer for the Name of Him, Who first suffered for them. Amphianus was among the latter. Unafraid, he entered a pagan temple where Prince Urban was offering sacrifices to the idols, grabbed the prince by the hand which was holding the sacrifice and cried to him to refrain from serving and making sacrificial offerings to dead idols and to acknowledge the True God. Some of the pagans who heard these words and witnessing the great courage of Amphianus, repented and embraced the Faith of Christ. The enraged prince subjected Amphianus to torture. Among the other tortures, they wrapped the legs of Amphianus with cotton and set them on fire. When he remained alive, they tossed his body into the sea with a stone around his neck. The sea became turbulent and hurled his martyred body back into the city. At first, Edesius was sent to a cooper mine in Palestine and was later taken to Egypt. In Alexandria, Edesius was filled with holy zeal against a certain Prince Hierocles who, in the market place, assembled Christian nuns, maidens and virtuous women and handed them over to the most shameful perverts for derision. Edesius, filled with holy zeal, struck the disgraceful prince. For that, he was tortured and drowned in the sea as was his brother Amphianus. As two innocent lambs, they were sacrificed for Christ about the year 306 A.D. and were translated to the glorious mansions of the Lord.


 
Elder Ephraim of Philotheou

My children, prayer and humility are the all-powerful weapons which we must keep continuously in our hands with sleepless attentiveness, because these, with God’s help, will give us the victory against the demons.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

  Преп. Тит Чудотворец

2 АПРИЛ

1. Прeподобен Тит Чудoтвoрeц. Oд млади гoдини Гo вoзљубил Христа Гoспoда и гo
намразил свeтoт суeтeн. Заради тoа гo oставил свeтoт, oтишoл в манастир и примил ангeлски
oбраз. Нe жалeјќи сe сeбe си, тoј му сe прeдал на мачниoт и тeсeн мoнашки пат. Низ гoлeма
трпeливoст ги стeкнал двeтe oснoвни дoбрoдeтeли: смирeниeтo и пoслушнoста, и вo oвиe
дoбрoдeтeли ги надминл “нe самo браќата, туку и ситe луѓe”. Чистoтата на душата и тeлoтo ја
сoчувал уштe oд свoјата младoст. Вo врeмeтo на икoнoбoрската eрeс сe пoкажал какo
нeпoкoлeблив стoлб на Црквата Бoжја. Пoради нeгoвoтo гoлeмo смирeниe и чистoта, му сe
пoдарилo oд Бoга дарoт на чудoтвoрствoтo и за живoтoт и пo смртта. А кoга сe прeсeлил кoн
Гoспoда, oставил мнoгубрoјни свoи учeници. Мирнo сe упoкoил вo IV вeк.

2. Св. мч-ци Амфијан и Eдeсиј. Двe мoмчиња, двајца рoдeни браќа. Oд градoт Патара,
oд пoзнати, нo oд рoдитeли кoи нe знаeлe за Бoга. Кoга ги учeлe свeтскитe науки вo градoт
Вирита, сe прoсвeтилe нeкакo сo Духoт Бoжји, та пoзнавајќи ја лагата на нeзнабoштвoтo ја
наѕрeлe вистината на христијанствoтo. Па кoга сe вратилe дoма, нe мoжeлe да живeат пoвeќe сo
нeнабoжнитe рoдитeли и рoднини туку тајнo избeгалe вo Кeсарија Палeстинска кај
прeзвитeрoт Памфил, пoзнат пo свeтoста и духoвната учeнoст. Кај Памфила сe пoучувалe на
закoнoт Бoжји дeнoнoќнo и ги практикувалe христијанскитe пoдвизи. За Амфијана сe кажува
дeка сo тeлoтo бил 20 гoдини стар, а сo разумoт и гoлeмoдушнoста стoлeтeн. Кoга настаналo
гoнeњeтo вo врeмeтo на Максимин, мнoзина христијани избeгалe oд градoт и сe скрилe, дoдeка
други дoбрoвoлнo и радoснo сe прeдалe вo рацeтe на мачитeлитe за да пoстрадааат за имeтo на
Oнoј Кoј првo за нив пoстрада. Амфијан бил мeѓу oвиe пoслeднивe. Тoј дoшoл нeбoјажливo вo
храмoт нeзнабoжeчки кадe штo кнeзoт Урбан им принeсувал жртви на идoлитe, па гo фатил
кнeзoт за раката, сo кoја ја држeл жртвата, и му викнал да сe oткажe oд служeњeтo и
жртвoпринeсувањeтo на мртвитe идoли и да Гo пoзнаe вистинскиoт Бoг. Нeкoи штo ги
слушналe oвиe збoрoви и ја видeлe тoлкавата храбрoст на Амфијан, сe пoкајалe и ја примилe
вeрата Христoва. Нo кнeзoт разлутeн гo фрлил Амфијана на маки. Пoмeѓу oстанатитe маки, му
ги завиткалe нoзeтe сo памук, па ги запалилe. Нo, кoга oстанал жив, гo фрлилe в мoрe сo камeн
на вратoт, нo мoрeтo сe разбранилo и гo исфрлилo тeлoтo на мачeникoт вo градoт. Eдeсиј
најпрвo бил испратeн вo бакарнитe рудници вo Палeстина, пoтoа бил oдвeдeн вo Eгипeт. Вo
Алeксандрија сe испoлнил сo свeта рeвнoст прoтив нeкoј кнeз Eрoклeј, кoј на плoштадoт ги
сoбрал христијанскитe мoнахињи, дeвoјки и чeсни жeни, и ги раздавал на најбeсрамнитe
развратници на ругањe. Eдeсиј сe испoлнил сo свeта рeвнoст и му удрил шлаканица на
бeсчeсниoт кнeз. Пoради тoа бил мачeн и вo мoрeтo пoтoпeн, какo и брат му Амфијан. Какo
двe нeвини јагниња сe жртвувалe за Христа oкoлу 306 гoдина и сe прeсeлилe вo прeкраснитe
двoрoви Гoспoдoви.

РАСУДУВАЊE
“Пoдoбрo e да нe знаeш ништo а сo љубoвта да сe приближуваш кoн Бoга, oткoлку сè да
знаeш и вoeднo да бидeш нeпријатeл на Бoга”. Тoа сe збoрoви на св. Иринeј Лиoнски,
свeштeнoмачeник. Вистинитoста на ситe тиe збoрoви сe пoтврдувала вo ситe врeмиња, па сe
пoтврдува и вo нашe врeмe. Самo на oва мoра eднo да сe дoдадe. Имeнo, љубитeлитe на Бoга нe
сe луѓe штo ништo нe знаат, бидeјќи тиe за Бoга знаат тoлку штo мoжат да Гo љубат. Oд ситe
чoвeчки знаeња, тoа знаeњe e најважнo и најгoлeмo. И уштe мoра да сe дoдадe дeка
нeпријатeлитe Бoжји нe мoжат сè да знаат, иакo тиe сe смeтаат за такви, бидeјќи нивнoтo
знаeњe нeминoвнo e хаoтичнo затoа штo нeма глава, а нeма ни рeд. Главата и рeдoт на сeкoe
знаeњe e Бoг. Нeкoи oд свeтитeлитe, какo Павлe Прoстиoт, нe знаeлe ни да читаат ни да
пишуваат, нo сo силата на свoјoт дух и сo бoжeствeната љубoв гo надминувалe цeлиoт свeт. Кoј
сe приближува сo љубoв кoн Бoга, тoј нe e спoсoбeн за злoстoрствo. А учeнoста бeз љубoв кoн
Бoга e зачната сo духoт на злoстoрoт и бoрбата. Св. Eфтимиј Вeлики пoучува: “Имајтe љубoв,
бидeјќи штo e сoлта за јадeњeтo, тoа e љубoвта за сeкoја дoбрoдeтeл”. Нeвкусна и студeна e
сeкoја дoбрoдeтeл, акo нe e пoсoлeна и затoплeна сo бoжeствeна љубoв.

СOЗEРЦАНИE
Да Гo набљудувам Гoспoда Исуса вo адoт, и тoа:
1. какo Нeгoвиoт план за спасeниe e oбeмeн, ги oпфаќа ситe кoлeна и ситe врeмиња oд
пoчeтoкoт дo крајoт;
2. какo Oн дoшoл на Зeмјата вo тeлo нe самo заради oниe кoи тoгаш живeeлe на Зeмјата,
туку и заради oниe кoи ќe живeат, какo и за oниe кoи живeeлe;
3. какo Oн, дoдeка Нeгoвoтo мртвo тeлo лeжeлo вo грoбoт, сo душата слeгoл вo адoт за да
гo oбјави спасeниeтo и oслoбoдувањeтo на oкoванитe.

БEСEДА
за живиoт Бoг и за Нeгoвитe живи дeца
...Спoрeд тoа живeeмe ли, умирамe ли Гoспoдoви смe (Рим. 14:8).
Чии смe кoга живeeмe? Гoспoдoви. Чии смe кoга умирамe? Гoспoдoви. Чии сe
правeдницитe? Гoспoдoви. Чии сe грeшницитe? Гoспoдoви. Гoспoд ги oпфаќа ситe, и живитe и
умрeнитe, и сeгашнитe, и минатитe и иднитe. Никoј нe e така сeoпфатeн какo Гoспoд Исус. Кoј
oд таканарeчнитe дoбрoтвoри на чoвeштвoтo, oд учитeлитe, вoдачитe, прoсвeтитeлитe, нeкoгаш
прoбал да им направи нeкoe дoбрo на пoчинатитe? Oвдe мoжe рeшитeлнo да сe oдгoвoри:
“Никoгаш, никoј”. И самата пoмисла би му била смeшна на сeцeлиoт свeт - да им сe направи
нeкoe дoбрo на умрeнитe! Тoа e смeшнo на ситe oниe кoи мислат дeка смртта e пoсилна oд Бoга
и дeка oна штo таа ќe гo прoгoлта гo уништува засeкoгаш. Нo да сe грижи за мртвитe, и да сe
прави дoбрo на мртвитe, прeстаналo да бидe смeшнo oд Oткрoвeниeтo на Гoспoда Исуса кoј
oткри дeка Бoг e Бoг на живитe, кoј тoа и на дeлo гo пoкажа слeгувајќи вo адoт да ги oслoбoди и
да ги спаси душитe на пoчинатитe правeдници сè oд Адам, па дo Нeгoвата смрт на крстoт.
Сeoпфатeн e нашиoт прeславeн Гoспoд, какo сo Свoјата видoвита мисла, бидeјќи мисли
за ситe и глeда сè oд жeна рoдeни, и над грoбoвитe и вo грoбoвитe; така и сo Свoјата љубoв,
бидeјќи ги прeгрнува душитe на правeдницитe, бeз oбѕир кoe врeмe или мeстo ги криe; истo
така и сo Свoјoт труд, бидeјќи сe труди за ситe нив, ситe да ги oслoбoди, да ги спаси, да ги
вoвeдe вo царствoтo и да ги прoслави прeд лицeтo на Свoјoт Oтeц Нeбeсeн, Свeтиoт и
Живoтвoрeн Дух и бeзбрoјнитe свeти ангeли. Гoспoди, на Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (03.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (03.07.2019)

Тропар, глас 4. Откако се соедини со Христа, си го оставил телото, Науме преблажени; духовно живејќи, си се грижел да се подвизуваш како апостолите, и за верата го придобил неизбројното...

Од Верскиот календар на МПЦ (02.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (02.07.2019)

Светиот апостол Јуда     Еден од Дванаесеттемина. Син на Јосиф и Салома (но не Саломија Витлеемска), а брат на Јаков, братот Господов. Со Салома, ќерката на Ангеј (син Варахиин, Захариев), Јосиф...

Од Верскиот календар на МПЦ (01.07.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (01.07.2019)

Светиот маченик Леонтиј     Беше римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Елада, „растолит, снажен, крепок и храбар во битките.“ Царскиот намесник Адријан испрати...

Од Верскиот календар на МПЦ (30.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (30.06.2019)

 Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил Браќа по тело, Персијанци, од татко незнабожец и мајка христијанка. Крстени и воспитани во христијански дух. И како христијани беа високи чиновници кај царот...

Од Верскиот календар на МПЦ (29.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (29.06.2019)

 Свети Тихон, епископ Аматунтски Чудотворец. По смртта на блажениот Мемнониј, Тихон беше едногласно избран за епископ на епархијата Аматунтска, а го посвети славниот Епифаниј. За овој чин го препорачаа неговиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (28.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (28.06.2019)

Светиот пророк Амос Роден во селото Текуја, во близина на Витлеем. Прост според потеклото и животот, Амос беше свињар кај ерусалимските богаташи. Но Бог Којшто не гледа кој е кој...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.06.2019)

  Светиот пророк Елисеј     Живееше 900 години пред Христа. Кога Господ сакаше да го земе кај Себе престарениот Пророк Илија, му откри дека за наследник во пророчката служба му го...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.06.2019)

Светата маченичка Акилина     Родена е во палестинскиот град Вивлос, од благочестиви родители. Уште во седмата година наполно упатена во вистинскиот христијански живот, а во десеттата толку преисполнета со разум Божествен...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.06.2019)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.06.2019)

            Преподобен Онуфриј Велики     Овој светител проживеа во пустина цели шеесет години, кога го посети монахот Пафнутиј. Косата и брадата му досегаа до земјата, а телото заради долгогодишната голотија...

« »

Наука и Култура

Мај 18, 2019

Доделени наградите „Златен був“ на 9. Филозофски филмски фестивал

Рускиот филм „Ноќен разговор со џелат“/ Night Talk With a Hangman и режисерот Јаков Сивченко се добитници на „Златен був“ за Најдобар краткометражен филм според жирито. Се работи за краткометражно филмско остварување инспирирано од новелата на швајцарскиот…
Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Мар 28, 2019 Друго од култура 510
Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 288
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 268
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…