логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Светиот свештеномаченик Ипатиј, епископ Гангрски

Роден во Киликија, а епископ во градот Гангра. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор. На сите страни прочуен заради благочестивиот живот и дарот на чудотворство. Царот Констанциј нареди да се изобрази ликот на Ипатиј уште за време на животот на овој светител и тој лик царот го држеше во својот дворец како оружје против секаква непријателска сила. Враќајќи се еднаш од Цариград Ипатиј беше нападнат во еден теснец од еретиците новатијани и турнат од друмот во некоја кал. При ова една жена од таа дружина го удри со камен во главата и вака светителот го заврши својот земен живот. Но жената одеднаш полуде и го зеде истиот оној камен и со него се удираше самата себеси. Кога ја доведоа на гробот на Свети Ипатиј и Му се помолија на Бога за неа, по големата милосрдност на Свети Ипатиј таа се исцели и остатокот од животот го помина во покајание и молитва. Свети Ипатиј пострада и се пресели во Царството на Христос во 326 година.

Свети Јона, митрополит Московски

Родум од Костромската губернија. Во дванаесеттата година стана монах и како таков долго поживеа во Симоновиот манастир во Москва. За време на митрополитот Фотиј стана епископ Рјазански, а кога Фотиј умре, го избраа Јона за митрополит и го испратија кај патријархот во Цариград за да го посвети и утврди. Но тогаш некој Исидор, Бугарин по потекло, го претекна Јона , стигна пред него во Цариград и беше посветен за митрополит руски. Јона се врати на својата столица во Рјазан. Но зломислениот Исидор лошо заврши со своето митрополитство. Отиде на Флорентинскиот собор и се врати во Москва дури после три години. Сите се кренаа против него како отстапник од Православието и го прогонија. Не се знае каде го заврши животот. На митрополитската столица дојде добриот и мудар пастир Јона. Голем чудотворец, проѕорливец, духовник. Кога Агарјаните ја опколија Москва, со својата молитва Јона ги изгони. На старост посака да го снајде некоја болест, да се помачи и со маките наполно да се очисти пред да замине од овој свет. По неговите молитви Бог допушти рана на неговата нога, а за ова му беше претходно јавено во видение на еден свештеник Јаков. Од оваа рана светителот умре и отиде меѓу небесните граѓани на 31 март 1461 година. Над неговите мошти се извршија многубројни чуда. Еден нем човек, Јован, го доведоа над моштите на светителот. Тој ја целиваше раката на Св. Јона и како што раскажуваше отпосле, таа рака го фатила за јазикот од што почувствувал силна болка. Кога му се ослободил јазикот и се свртел кон своите, прозборел како никогаш да не бил нем.

Светиот свештеномаченик Авда

Епископ на градот Суза. Убиен за Христа во 418 година во Персија од царот Издегерд. Неговиот ѓакон Св. Венјамин мачителите го пуштија под услов повеќе да не го проповеда Евангелието. Тој најнапред се согласи со овој услов, но не можеше да му одолее на срцето и продолжи по народот да ја распростира верата Христова. За ова беше фатен и убиен, три години после Свети Авда, во 421 година.

Преподобен Аполониј

Прочуен мисирски пустиник. Во петнаесеттата година се одрекол од светот и се повлекол во некоја гора, каде што проживеал четириесет години, хранејќи се само со полски растенија. Потоа основа манастир во кој имаше петстотини монаси. Се упокои мирно во 395 година.

Евангелие и поука за 13/04/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 24:3-35

3.     И кога седеше во Елеонската Гора, дојдоа при Него учениците Негови насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа, и каков ќе виде знакот за Твоето доаѓање и за свршетокот на светот?”
4.     А Исус им одговори и рече: „Пазете се, да не ве излаже некој;
5.     зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: »Јас сум Христос!« и ќе прелажат мнозина.
6.     Ќе слушате боеви и гласови за војни. Гледајте да не се уплашите, оти сето тоа треба да биде; ама тоа уште не е крајот.
7.     Зашто ќе се дигне народ против народ, и царство против царство; и на места ќе има глад, помор и потреси;
8.     а сето тоа е почеток на болките.
9.     Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убијат; и ќе бидете мразени од сите народи, заради Моето име.
10.     Тогаш мнозина ќе се соблазнат и еден со друг ќе се предаваат, и еден со друг ќе се мразат;
11.     многу лажни пророци ќе се појават и ќе прелажат мнозина;
12.     и бидејќи беззаконијата ќе се умножат, кај мнозина љубовта ќе се олади.
13.     А кој претрпи до крај, тој ќе биде спасен.
14.     И ќе биде проповедано ова Евангелие за царството по целиот свет, за сведоштво на сите народи; и тогаш ќе дојде крајот.
15.     Па така, штом ја видите мерзоста на запустението да стои на свето место, за која е зборувано преку пророкот Даниил – кој чита, нека разбере,
16.     тогаш оние, што се наоѓаат во Јудеја, да бегаат по планините;
17.     кој е на покрив, нека не слегува да земе нешто од куќата своја;
18.     и кој е на нива, нека не се враќа дома за да ги земе алиштата свои!
19.     Но тешко на бремените и на оние што дојдат во тие дни.
20.     Затоа молете се да не стане бегањето ваше зиме, или во сабота;
21.     оти тогаш ќе биде мака, каква што не била од почетокот на светот па досега, а и нема да биде.
22.     И, ако не се скратат оние дни, никој не би се спасил; но заради избраните ќе се скратат тие дни.
23.     Тогаш, ако ви каже некој: »Еве, овде е Христос, или таму е«, не верувајте!
24.     Оти ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, и ќе покажат големи знаци и чуда, за да ги прелажат, ако е можно, избраните.
25.     Ете, однапред ви кажав.
26.     И така, ако ви речат: »Ете, во пустината е Он« – не излегувајте;, Ете, во тајната соба е« – не верувајте!
27.     Зашто, како молњата што излегува од исток и се гледа дури до запад, така ќе биде доаѓањето на Синот Човечки.
28.     Оти, каде што е трупот, таму се собираат и орлите.
29.     И веднаш, по маките на тие дни, сонцето ќе потемни и месечината нема да ја дава својата светлина, и ѕвездите ќе попаѓаат од небото, и силите небески ќе попуштат.
30.     Тогаш ќе се јави на небото знакот на Синот Човечки и ќе се расплачат сите земни племиња, и ќе Го видат Синот Човечки како иде на небеските облаци, со голема слава и сила;
31.     и ќе ги испрати Своите ангели со голем трубен глас, и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот до другиот крај на небесата.
32.     Со смоквата направете споредба: штом се подмладат нејзините гранки и пуштат лисја, знаете дека е близу летото;
33.     така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу, пред вратата.
34.     Вистина ви велам: нема да премине овој род, додека сето тоа не се исполни.
35.     Небото и земјата ќе преминат, но зборовите Мои нема да преминат.

Поука на денот: Авва Варсануфиј
Смирението е скратено спасение.

 

Свети Силуан Атонски

Христос се молеше за оние коишто Го распнуваа: “Оче, не им го земај ова за грев, тие не знаат што прават”. Архиѓаконот Стефан се молеше за оние што го засипуваа со камења, за Господ да не им го земе тоа за грев. И ние, ако сакаме да ја сочуваме благодатта, должни сме да се молиме за непријателите. Ако ти не го сожалуваш грешникот, којшто ќе се мачи во оганот, значи дека во тебе ја нема благодатта на Светиот Дух, туку во тебе живее зол дух. И додека си уште жив, труди се да се ослободиш од него со покајание.


Priestly-Martyr Hypatius the Bishop of Gangra


Hypatius was born in Cilicia and was the bishop of Gangra. He was present at the First Ecumenical Council (Nicaea, 325. A.D.) and was renowned throughout because of his pious and saintly life and his miracle-working. The Emperor Constantius ordered that a likeness of Hypatius be made during the saint's lifetime. The emperor kept this likeness in his palace as a weapon against all adverse powers. Once upon returning from Constantinople, Hypatius was attacked in a narrow gorge by Novatian heretics and, along with others, was hurled to the ground in mud. At that moment a woman from that group struck him in the head with a stone and, thus, the saint died. Immediately that woman went insane and took that same stone and struck herself with it. When they took her to the grave of St. Hypatius, he interceded before God on her behalf. She was healed by the great compassionate soul of Hypatius and lived the remainder of her life in repentance and prayer. St. Hypatius died and took up habitation in the eternal Kingdom of Christ the God, in the year 326 A.D.


Saint Jonah, Metropolitan of Moscow


Jonah was born in the province of Kostrom. In his twelfth year he was tonsured a monk and as such lived for a long time in the Simonov Monastery in Moscow. At the time of Metropolitan Photius, Jonah became Bishop of Ryazn. When Photius died, Jonah was elected as metropolitan and sent to the patriarch in Constantinople for approval and consecration. At the same time, Isidorus, a Bulgarian by descent, outwitted Jonah and arrived before him in Constantinople and was consecrated as the Metropolitan of the Russians. Jonah returned to his cathedral in Ryazn. Isidorus, the malicious one, ended his incumbency of the Metropolitan See nefariously. Isidorus attended the Council of Florence (1439 A.D.) and then, after three years, returned to Moscow. Everyone attacked him as an apostate from Orthodoxy and banished him. It is unknown where he ended his life. Jonah, the good and wise shepherd, ascended the throne of the Metropolitan See. He was a great worker of miracles, "a discerner," and a spiritual director. When the Agarians surrounded Moscow, Jonah repelled them through his prayers. In his later years he wished that he could be afflicted by an illness so that he could suffer pain and that, through pain, completely purify himself before his departure to the other world. According to his wishes, God permitted a sore on his foot, which was preceded by a vision to a certain priest, James. The saint died from these wounds and took up habitation among the heavenly citizens on March 31, 1461 A.D. Many miracles have occurred over his relics. A certain mute, John by name, was brought before the relics of the saint. John kissed the hand of Jonah and, as he related later, the hand grabbed him by the tongue and he felt a sharp pain. When the hand released his tongue, John returned to those people who brought him and began to talk as though he was never a mute.


Priestly-Martyr Audas


Audas was a bishop of the city of Susa. He was beheaded for Christ in the year 418 A.D. in Persia by Emperor Yezdegird. His deacon, St. Benjamin, was released by the tormentors with the understanding that he would never preach the Gospel again. In the beginning he agreed, but Benjamin could not sustain this in his heart and continued to spread the truth of Christ among the people. For this Benjamin was captured and killed three years after St. Audas in the year 421 A.D.


Venerable Apollonius


Apollonius was a renowned Egyptian ascetic. In his fifteenth year he renounced the world and withdrew to a mountain where he lived for forty years feeding on vegetation. After that, he established a monastery in which five-hundred monks lived. He died peacefully in the year 395 A.D.

from the life of St. Gregory Palamas

One day on the Holy Mountain, when Gregory was engrossed in prayer to God, suddenly in front of him stood a radiant man with mild features, Saint John the Theologian, and meekly looking in his direction asked him: "Why do you, praying to God, every time ceaselessly repeat: enlighten my darkness, enlighten my darkness?" Gregory answered: "What else could I ask for except that: to become illumined and to apprehend how to perform His Holy will?" Then the Holy Evangelist told him: "By the will of the Sovereign Lady of all, the Mother of God, from now on I shall be with you at all times and in all ways.

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (09.06.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.06.2020)

Светиот свештеномаченик Терапонт, епископ Сардиски Мнозина Елини ги обрати во верата Христова, заради што од незнабожците беше луто мачен со глад, затвор и ќотек. Гол го положија на земја, го...

Од Верскиот календар на МПЦ (08.06.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (08.06.2020)

 ДУХОВДЕН (Ден на Светиот Дух); Пренос на мошт. на св. Георгиј Кратовски; св. ап-ли Карп и Алфеј; св. новомч. Александар Солунски   Светиот апостол Карп Еден од Седумдесеттемина. Следбеник и...

Од Верскиот календар на МПЦ (07.06.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (07.06.2020)

 ПЕДЕСЕТНИЦА (Слегување на Светиот Дух); † III наоѓање на главата на св. Јован Крстител    Слегувањето на Светиот Дух – Педесетница Новозаветната Педесетница е денот на славното исполнување на ветувањето за...

Од Верскиот календар на МПЦ (06.06.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (06.06.2020)

Преп. на Педесетница; Преп. Симеон Столпник; преп. Никита Столпник (Задушница) Преподобен Симеон Столпник Дивногорец     Овој прекрасен светител се роди во Антиохија во 522 година, во времето на царот Јустин Постариот....

Од Верскиот календар на МПЦ (05.06.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (05.06.2020)

Одд. на Вознесение; Св. Михаил Синадски; преп. Ефросинија Полоцка    Вознесение Христово – Спасовден Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот...

Од Верскиот календар на МПЦ (04.06.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (04.06.2020)

Светиот праведен Мелхиседек, цар Салимски     Современик на праотецот Авраам. Според зборовите на Светиот апостол Павле, како цар и свештеник Мелхиседек е праобраз на Господ Исус Христос (Евр. 7).   Светиот...

Од Верскиот календар на МПЦ (03.06.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (03.06.2020)

  Светиот цар Константин и Светата царица Елена Родители на Константин му беа царот Констанциј Флор и царицата Елена. Флор имаше уште деца и други жени, но од Елена го...

Од Верскиот календар на МПЦ (02.06.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (02.06.2020)

Светиот маченик Талалеј Родум од Ливан, од татко Верукиј и мајка Ромилија; осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Лекар по занимање. Пострада за Христа за време на царувањето...

Од Верскиот календар на МПЦ (01.06.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (01.06.2020)

-------------------------------------------------------------------------------- Светиот свештеномаченик Патрикиј, епископ Бруски, со тројцата презвитери: Акакиј, Меандар и Полиен Пострадаа за верата Христова во времето на Јулијан Отстапник, во Бруса Азиска. Царскиот намесник Јуниј ги доведе...

« »

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 235
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 684
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 903
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…