логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на Диоклецијан; Свети Марут; Преподобниот маченик Роман; Преподобен Доситеј, ученик на Ава Доротеј;

    
Житие: Светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на Диоклецијан

 
Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста. Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше фрлен во оган за Христа. Освен нив уште петмина браќа по тело и дух, родум од Мисир, се враќаа од осуда од рудникот Киликиски во својата татковина, но на портата од градот Кесарија изјавија дека се христијани, заради што ги изведоа на суд. На прашањето како се викаат, рекоа: „Незнабожечките имиња што ни ги даде мајка ни ги отфрливме и се нарековме Илија, Исаија, Еремија, Самуил и Даниил“. На прашањето од каде се, рекоа: „Од Горниот Ерусалим“. Сите беа убиени, а со нив пострада и момчето Порфириј, кое ги побара нивните тела за да ги погреба. Тие беа убиени со меч, а него го изгореа во оган. Уште и Селевкиј, кој пријде и ги бакна мачениците пред мечот да падне врз нивните глави. Пред ова Селевкиј беше офицер. И старецот Теодул, слуга на римскиот судија, бидејќи при погребната поворка бакна еден од мачениците. Најпосле и Јулијан, кој ги целиваше мртвите тела на мачениците и ги фалеше. И така дадоа мало за големо и евтино за скапоцено и смртно за бесмртно и се преселија кај Господ во 308 година.

    
Житие: Свети Марут

 
Епископ на градот Тагрита во Месопотамија. Прочуен по верата и добрината. Го ублажи гневот на персискиот цар Издегерд кон христијаните, ги испроси од него моштите на четиристотини маченици во Персија и основа посебен град, Мартиропол, каде што ги положи тие Свети мошти. Во тој град се упокои и самиот во 422 година и замина кај Господ.



    
Житие: Преподобниот маченик Роман

Прост и неписмен селанец од Карпенис. Кога дозна за славата и јунаштвото на Христовите маченици, а беше млад - и самиот посака мачеништво. Отиде во Солун и почна да Го фали Христа по улиците, а Мухамед да го нарекува празнословец. Турците жестоко го изнамачија, па му го продадоа на некој капетан на една галија. Христијаните го откупија од капетанот и го испратија на Света Гора, каде што Роман стана монах кај прочуениот Старец Акакиј. Но тој и понатаму беше желен за мачеништво за Христа. Со благослов на Старецот отиде во Цариград, се направи луд и почна да води куче по турските улици. На прашањето што прави, одговори дека го храни кучето како што христијаните ги хранат Турците. Турците го фрлија во сув бунар и таму помина четириесет дена без леб. Потоа го извадија и го заклаа. Од неговото тело три дена избиваше светлина. Еден Англичанец го зеде телото и го однесе во Англија. А еден монах натопи една крпа со крвта на маченикот. Па таа крпа и денес се чува во манастирот Дохијар. Овој славен Христов војник пострада во 1694 година.

    
Житие: Преподобен Доситеј, ученик на Ава Доротеј

 
Преподобен Доситеј, ученик на славниот ава Доротеј, кој живеел во скитот на преподобните Серид, Јован и Варсануфиј Велики. Доситеј му бил роднина на некој војвода и бил во посета на Ерусалим за да се поклони на светињите. Кога ја гледал иконата на Страшниот суд во една црква, му се приближила една жена во порфирна облека, објаснувајќи му ја фреската. Најпосле, при разделбата, таа му рекла дека ако сака да се спаси, треба да пости, да не јаде месо и често да Му се моли на Бог. Тоа била Пресвета Богородица. Се разгорело срцето на младиот Доситеј, па му се родила желба за монашки живот. Доротеј го примил како послушник и му наредил потполно да се откаже од својата волја и да го слуша својот духовен отец. Неколку дена му давал да јаде колку што сака, по извесно време му ускратувал по една четвртина, па по некое време повторно една четвртина помалку, додека не го научил да поминува со најмала количина на храна, секогаш говорејќи му: „Јадењето е навика и колку кој навикне, толку и ќе јаде“.Доситеј се прославил со потполно послушание и е пример за монашката послушност и предаденост на својот духовен отец. Овој млад светител живеел во 6 век.

 

 

 

 

   
Евангелие и поука за 29/02/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 6:1-13

1.     Гледајте да не ја покажувате својата праведност пред луѓето, за да ве видат; инаку нема да имате награда од вашиот Отец небесен.
2.     И така, кога даваш милостина, не разгласувај, како што прават лицемерите по синагогите и по улиците, за да ги фалат луѓето. Навистина ви велам, тие веќе ја добиле својата награда.
3.     А ти, кога даваш милостина, да не знае твојата лева рака што прави десната,
4.     за да биде твојата милостина тајна; и тогаш, твојот небесен Отец, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.
5.     И кога се молиш, не биди како лицемерите, што сакаат да стојат по синагогите и раскрсниците за да се молат и да се покажуваат пред луѓето. Вистина ви велам дека тие веќе си ја добиле својата награда.
6.     Но ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба и, откако ќе ја затвориш вратата, помоли Му се на твојот Отец, Кој е во тајност; и Он, Кој гледа тајно, ќе те награди јавно.
7.     Кога се молите, не говорете многу како незнабошците, зашто тие мислат дека за своите многу зборови ќе бидат услишени;
8.     вие, пак, немојте да бидете како тие, оти вашиот Отец небесен знае од што имате нужда уште пред да сте Го помолиле.
9.     Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое;
10.     Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата;
11.     лебот наш насушен дај ни го денес;
12.     и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштаваме и ние на нашите должници;
13.     и не нe воведи во искушение, но избави нe од лукавиот, зашто Твое е царството, и силата, и славата во сите векови. Амин!

Апостол на денот: Послание на светиот апостол Павле до Римјаните 14:19-26

19.     И така, да го бараме она, што служи за мир и заемно подобрување еден на друг.
20.     Поради јадење не уривај го делото Божјо. Сe е чисто, а тешко е за оној човек, кој јадејќи се соблазнува;
21.     подобро е да не јадеш месо, да не пиеш вино и да не правиш ништо, од кое братот твој се сопнува, или се соблазнува, или, пак, слабее.
22.     Имаш ли вера? Имај си ја за себе пред Бога. Блазе на оној, кој не се осудува себеси за она што нашол дека е добро.
23.     А кој се сомнева, ако јаде, осуден е; зашто не јаде со вера; а сe што не е според верата, грев е.
24.     А на оној, Кој може да ве утврди според моето благовестие и проповедта за Исуса Христа, според откровението на тајната што е замолчувана досега од вечни времиња,
25.     а објавена сега, преку Писмата пророчки, и по заповед на вечниот Бог известена на сите народи поради покорност на верата,
26.     односно на Единиот премудри Бог, а преку Исуса Христа, нека е слава во сите векови. Амин!

Поука на денот: Свети Симеон Нов Богослов
Да ги очистиме своите срца за да можеме во себе да Го пронајдеме сегдеприсутниот Господ. Да ги очистиме своите срца со огнот на Неговата благодат за во себе самите да ја видиме светлината на Неговото Божество.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Во почетокот беше Словото. Без Него ништо не постои. Катадневно го вкусуваме болниот и беден живот во нашето тело. А сепак, создадени сме според образот на Христа, Апсолутниот. Проблемот, тајната на нашиот живот, е во преминот од релативното во Апсолутниот. Ако битието е создадено од Бога, не треба да умре. Бог го создаде животот, не ја создаде смртта. Нашата цел е животот во Христа Бога, во бесмртноста, во вечноста. Согласно Откровението, возможно е вечноста Божја да ни се подаде.

Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Во условите што владеат во современиот свет молитвата бара натчовечка храброст, бидејќи ? се спротивставуваат севкупните космички енергии. Да се сочува молитвата нерасеана значи победа на сите нивоа на природното постоење. Овој пат е долг и трнлив, но доаѓа моментот кога зракот на Божествената Светлина ја пробива густата темнина и пред нас се отвора простор низ којшто можеме да Го видиме Изворот на таа Светлина. Тогаш Исусовата молитва добива космички и метакосмички димензии.

Поука на денот: Свети Серафим Саровски
Бог е оган, кој ги затоплува и разгорува срцата. Кога во нашите срца го чувствуваме студот што доаѓа од демонот, - бидејќи демонот е студен, - да Го призовеме Господа и Он ќе дојде и ќе го затопли нашето срце со љубовта кон Него и кон ближниот. И пред топлината на Неговото лице, ќе биде истеран студот на непријателот.

Старец Ефрем Филотејски

Послушанието има вредност единствено кога низ страдање и труд се отсекува самоволието. Страсните навики наликуваат на трнливи корења и природно е дека секој што сака да ги искорне ќе почувствува болка, ќе се боцне и од раката ќе му потече крв. Истото се случува и кога заради послушание кон духовниот отец се искоренуваат лошите навики.

 

 

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (14.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (14.07.2020)

Светите маченици Козма и Дамјан Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат...

Од Верскиот календар на МПЦ (13.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (13.07.2020)

Собор на Светите славни и сефални апостоли Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник...

Од Верскиот календар на МПЦ (12.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (12.07.2020)

Светиот апостол Петар Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или...

Од Верскиот календар на МПЦ (11.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (11.07.2020)

   Икона на Пресвета Богородица „Троеручица“    Пренос на моштите на Светите маченици Кир и Јован Се празнуваат на 31 јануари. Под тој датум е опишано нивното житие и страдање....

Од Верскиот календар на МПЦ (10.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (10.07.2020)

Свети Сампсон Странопримец     Овој светител е роден од богати и прочуени родители во стариот Рим, каде што го изучи сето светско знаење на тоа време, а особено ѝ се посвети...

Од Верскиот календар на МПЦ (09.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (09.07.2020)

Преподобен Давид    Родум солунјанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку...

Од Верскиот календар на МПЦ (08.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (08.07.2020)

ИСУС ХРИСТОС СПАСИТЕЛ И ЖИВОТОДАВЕЦ Иконопис: Митрополит Јован Зограф од с. Зрзе Прилепско.1384 год.   Преподобната маченичка Февронија       Ќерка на сенаторот Просфор од Рим. За да избегне брак со...

Од Верскиот календар на МПЦ (07.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (07.07.2020)

Тропар, глас 4. Пророче и Претечо на пришествието Христово, не умееме достојно да те пофалиме, ние што со љубов те почитуваме. биделќи со твоето чесно и славно раѓање се разреши...

Од Верскиот календар на МПЦ (06.07.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (06.07.2020)

  Светата маченичка Агрипина Родена и воспитана во Рим. Од детството се подвизуваше да живее евангелски, одгонувајќи ја од срцето смрдливоста на страстите и налевајќи го со благоухание на девствена...

« »

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 311
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 771
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1005
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…