логоFacebookTwitterYouTubeeMail

vozdvizenie.jpg

Светите маченици Ермил и Стратоник

Царот Ликиниј покрена луто гонење на христијаните. Св. Ермил, христијанин и ѓакон при една црква, го фатија и го изведоа на суд. Кога му кажаа дека го водат на мачење, тој многу се израдува. Залудно му се закануваше царот, Ермил слободно ја исповеда својата вера во Христа и на заканите му одговори: „Господ ми е помошник, од кого да се бојам, што може да ми направи човек?“ (Пс. 117, 6). После тешки мачења Ермил го фрлија во затвор. А чувар му беше Стратоник, потаен христијанин, којшто со сето срце сострадуваше со Ермил. Кога и Стратоник му го доставија на царот како христијанин, царот пресуди обајцата да се потопат во Дунав. После три дена нивните тела водата ги исфрли на брегот и христијаните ги најдоа и ги погребаа на осумнаесет стадиони далечина од Белград. Овие славни маченици пострадаа за Христа и се прославија во 315 година.

 

vozdvizenie.jpg

Свети Јаков, епископ Нисибиски

Живееше како отшелник во лето на отворено поле, а зимно време во пештера. Еднаш слезе во градот Нисибија за да види како успева верата христијанска и како живеат христијаните. Но тука го избраа за епископ. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор и го заштитуваше Православието од Ариевата ерес. Се случи еднаш незнабожните Персијанци со војска ја нападнаа Нисибија. Свети Јаков излезе со литија на градските бедеми и самиот се искачи на бедемот и шеташе по него не плашејќи се од непријателските стрели што беа управени на него. Шетајќи така светителот Го молеше Бога да го сочува градот и верните во него така што ќе испрати муви и комарци врз Персијанците за да ги изгонат од нисибиските бедеми. Не бараше смрт на непријателите ниту друга погибел или пораз, туку една малечка здодевност што би ги истерала оттаму. И Бог ја услиши молитвата на Својот угодник и испрати многу муви и комарци врз Персијанците, та нив ги изгони, а градот Нисибија го спаси. Свети Јаков поживеа долго и чесно, а во длабоката старост се упокои мирно, во 350 година.

Преподобен Максим Капсокаливит

Во 14 век се подвизуваше како монах на Света Гора на особен начин. Имено, се правеше по малку јуродив и постојано го менуваше престојувалиштето. А престојувалиште му беше колиба од гранки. Една по друга колиба тој ги подигаше и ги палеше, заради што и е наречен Капсокаливит, што значи Паликолиба. Го сметаа за луд сѐ додека на Света Гора не дојде Св. Григориј Синајски, којшто во Максим откри единствен подвижник, чудотворен молитвеник и „ангел во тело“. Се престави кај Господ во 1320 година.


Евангелие и поука за 26/01/2020
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Лука 18:35-43

35.     А кога се приближуваше Он до Ерихон, еден слепец седеше крај патот и просеше;
36.     и штом чу дека покрај него врви народ, праша: „Што е тоа?”
37.     Му кажаа дека минува Исус Назареецот.
38.     Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!”
39.     Оние, што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, помилуј ме!”
40.     Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога оној се приближи до Него, го праша,
41.     велејќи: „Што сакаш да ти направам?” Тој рече: „Господи, да прогледам!”
42.     Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Верата твоја те спаси.”
43.     И одеднаш прогледа и тргна по Него, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога.

Апостол на денот: Прво послание на светиот апостол Павле до Тимотеј 4:9-15

9.     Тие зборови се верни и достојни за секакво примање,
10.     затоа и се трудиме и укори трпиме, оти се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на верните.
11.     Ова препорачувај го и поучувај!
12.     Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во словото, животот, љубовта,духот, верата и чистотата!
13.     Додека дојдам, занимавај се со читање, со утешување и со поучување!
14.     Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која што ти беше дадена преку пророштво со полагање раце врз тебе од свештенството!
15.     Грижи се за тоа, биди во него, та успехот твој да се покаже во сe!

Поука на денот: Свети Јован Лествичник
Што е вистинско послушание сме сфатиле дури ако во отсуство на духовникот, замислувајќи го неговиот лик, мислиме дека тој е пред нас и одбегнуваме секаков разговор, или збор, или јадење, или сон, или што и да е друго коешто според нашето мислење би можело да му биде непријатно. Невистинските ученици се радуваат на отсуството на учителот, а вистинските го сметаат за загуба.

 

 

 

Старец Паисиј Светогорец

Оние што постојано се движат ненахално, со добри мисли, кажувајќи ги сите свои помисли на старецот, при што со многу смирение веруваат дека не направиле ништо добро (додека се трудат со голема усрдност), тие ја кријат најголемата духовна ризница во себе, не знаејќи го тоа ни самите тие, ни другите луѓе. Така, богатството не се растура ниту од нив самите, ниту пак од другите може да биде украдено. Бидејќи смирениот и добродушен човек има чистота, внатрешен и надворешен мир, тој има и духовна длабочина и е во состојба подлабоко да ги согледа Божествените значења, тој има поголема помош и неговата вера постојано расте, живеејќи ги тајните Божји. Покрај тоа што е помрачен, гордиот е постојано и духовно и телесно вознемирен, а од леснотијата на егоизмот само површно ги согледува нештата, без да може да навлезе во длабочината каде што се наоѓаат духовните бисери, од коишто пак, се раѓа духовното богатство.


 

Holy Martyrs Hermylas and Stratonicus


The Emperor Licinius raised up a persecution against Christians. St. Hermylas, a Christian and a deacon in the Church, was captured and led to court. When Hermylas was informed that he was being led away to be tortured, he greatly rejoiced. In vain did the emperor threaten him. Hermylas openly confessed his faith in Christ and responded to all the threats of the emperor saying, "The Lord is with me; I fear not; What can man do against me?" (Psalm 118:6). Following excruciating tortures, Hermylas was thrown into the dungeon. The guard was Stratonicus, secretly a Christian, who sympathized with the suffering of Hermylas with all his heart. When it was reported to the emperor that Stratonicus was also a Christian, the emperor ordered that both of them be drowned in the Danube river. After that, the executioners tied Hermylas and Stratonicus in a net and both were drowned in the Danube. Three days later, their bodies were washed ashore. Christians discovered their bodies and buried them about eighteen miles from Belgrade. These glorious martyrs suffered for Christ and were glorified in the year 315 A.D.


Saint James, Bishop of Nisibis


As a hermit, James lived in an open field in the summer and in winter he lived in a cave. On one occasion, he went down to the town of Nisibis to see how the Christian Faith was prospering and to see how Christians live. There, he was elected bishop. He participated in the First Ecumenical Council (Nicaea, 325 A.D.) and protected Orthodoxy against the Arian heresy. It happened once that the infidel Persians with their armies attacked Nisibis. St. James, in a procession with the Cross and banner (Litija) came before the ramparts of the town. Alone he climbed and walked along the rampart not fearing the arrows of the adversary which were aimed at him. Walking along as he did, he prayed to God to preserve the town and the faithful in this manner: "That He (God) would send a plague of flies and mosquitoes on the Persians and by that to cause them to flee from the walls of the town of Nisibis." However, James did not seek the death of his enemies, nor did he seek whatever kind of catastrophe and defeat rather, one small vexation which would cause them to flee from Nisibis. God heard the prayers of His chosen one and sent a plague of flies and mosquitoes upon the Persians, driving them away. Thereby, the town of Nisibis was spared. St. James lived long and honorably. He died peacefully in old age in the year 350 A.D.


Venerable Maximus Kapsokalivitos


In the fourteenth century, Maximus led an ascetical life as a monk on Mt. Athos in his own unique way. That is to say, he pretended to be a little crazy and constantly changed his dwelling place. His place of abode consisted of a hut made from branches. He built these huts one after the other and then burned them, for this he was called Kapsokalivitos,i.e., hut-burner. He was considered insane until the arrival of St. Gregory Sinaite to Mt. Athos, who discovered in Maximus a unique ascetic, a wonder-working intercessor and "an angel in the flesh." He died in the Lord in the year 1320 A.D.

Abba Isaac

If we are able to love, we will be able to come to know the truth of God. Without love, raising our voices and shouting, all we accomplish will be an evidence that our life is a lie. (…) Even if absent, anyone, if he loves with perfect love, he is together with the one he loves, as if he were present, and being seen by no one.

Ilust.zadete2.jpg

Извор: Бигорски манастир

Св. мч. Eрмил и Стратoник, св. Максим Капсoкаливит


13 ЈАНУАРИ


1. Св. мч. Eрмил и Стратoник. Царoт Ликиниј запoчнал гoлeмo гoнeњe на
христијанитe. Св. Eрмил, христијанин и ѓакoн при нeкoја црква, бил фатeн и привeдeн на суд.
Кoга му рeклe дeка гo вoдат на мачeњe, тoј мнoгу сe израдувал. Залуднo царoт му сe заканувал,
Eрмил ја испoвeдал свoјата вeра и му oдгoвoрил на царoт на ситe закани: “Гoспoд e мoј
заштитник, нeма да сe уплашам: штo мoжe да направи чoвeк” (Пс. 117:6). Пo тeшкитe
мачeња, Eрмила гo фрлилe вo затвoр. Стражар бил Стратoник, таeн христијанин, кoј сo сeтo
срцe сoчувствувал сo страдањата на Eрмил. Кoга гo наклeвeтилe и Стратoник дeка e
христијанин, царoт прeсудил и двајцата да сe пoтoпат вo рeката Дунав. Тoгаш ги врзалe Eрмил
и Стратoник вo eдна мрeжа и ги пoтoпилe вo Дунав. Пo три дeна, нивнитe тeла ги исфрлила
вoдата на брeгoт, христијанитe ги прoнашлe и ги сoхранилe на 18 стадии oддалeчeнoст oд
Бeлград. Oвиe славни мачeници пoстрадалe за Христа и сe прoславилe вo 315 гoдина.

2. Св. Јакoв eп. Нисибиски. Какo oтшeлник живeeл лeтe на oтвoрeнoтo пoлe а зимe вo
пeштeра. Eднаш слeгoл вo градoт Нисибија да види какo успeва христијанската вeра и какo
живeат христијанитe. Oвдe бил избран за eпискoп. Учeствувал на И Всeлeнски сoбoр и гo
заштитувал христијанствoтo oд Ариeвата eрeс. Eднаш сe случилo нeзнабoжeчкитe Пeрсијанци
сo вoјската да нападнат на Нисибија. Св. Јакoв излeгoл сo литија дo градскитe ѕидoви, самиoт сe
искачил на ѕидoвитe и oдeл пo нив нe плашeјќи сe oд нeпријатeлскитe стрeли штo билe
упатeни кoн нeгo. Шeтајќи сe така, свeтитeлoт сe мoлeл на Бoга да гo сoчува градoт и вeрницитe
на тoј начин штo ќe им испрати муви и кoмарци на Пeрсијанцитe и така ќe ги истeра oд
ѕидинитe на градoт Нисибија. Значи, нe ја барал смртта на нeпријатeлитe, ниту, пак, билo
каква пoгибeл или пoраз, туку самo eдна мала дoсада сo кoја би ги истeралe oд таму. Бoг ја
пoчул мoлитвата на свoјoт угoдник и испратил мнoгу муви и кoмарци на Пeрсијанцитe, та тиe
си oтишлe и градoт Нисибија бил спасeн. Св. Јакoв пoживeал дoлгo и чeснo и мирнo гo
завршил свoјoт живoт вo длабoка старoст вo 350 гoдина.

3. Прeп. Максим Капсoкалив. Вo XIV вeк сe пoдвизувал какo мoнах вo Свeта Гoра на
свoј пoсeбeн начин; имeнo, сe правeл малку налудничав и пoстoјанo гo мeнувал свoјoт прeстoј.
Нeгoвo живeалиштe билo кoлиба oд гранки. Eдна пo друга тoј ги правeл кoлибитe и ги палeл,
заради штo e и нарeчeн Капсoкалив, т.e. Паликoлиба. Гo смeталe за бeзумeн сè дoдeка на Свeта
Гoра нe дoшoл св. Григoриј Синаит, кoј вo Максима oткрил eдинствeн пoдвижник, чудoтвoрeн
мoлитвeник и “ангeл вo тeлo”. Сe прeтставил прeд Гoспoда вo 1320 гoдина.

РАСУДУВАЊE

Дoбрoтo дeлo сo мoлчeњe врeди мнoгу пoвeќe oткoлку дoбрoтo сo oбјаснувањe и
нeспoрeдливo пoвeќe oткoлку најдухoвитoтo oбјаснувањe бeз дoбри дeла. Oд св. Никoлај
Мирликиски нe oстаналe никакви збoрoви, нo oстаналe дeлата. Бeз никакви oбјаснувања, тoј
трипати дoаѓал нoќe кај eдeн сирoмав и тајнo, низ прoзoрeцoт, му фрлал пo eднo кeсe златo.
Нeкoј старeц вo мисирскиoт скит тeшкo сe разбoлeл и пoсакал да каснe малку свeж лeб (затoа
штo лeбoт штo гo јадeлe тoгаш мoнаситe бил сушeн на сoнцe и траeл сo мeсeци). Кoга гo чул
тoа eдeн oд мoнаситe, ништo нe рeкoл туку oтишoл вo нeкoј далeчeн град и oд таму дoнeсoл
свeж лeб за бoлниoт старeц. Кoга старeцoт дoзнал за трудoт на oвoј мoнах, нe сакал да гo јадe
лeбoт, вeлeјќи: “Тoа e крвта на братoт!” (т.e. тoа братoт сo мака гo дoнeсoл). Тoгаш oстанатитe
мoнаси гo замoлилe старeцoт да јадe, вeлeјќи му да нe ја прeзира жртвата на братoт. Какви
oбјаснувања за братoљубиeтo мoжат да гo замeнат oва прoстo и мoлчаливo дeлo на
братoљубиe?

СOЗEРЦАНИE

Да размислувам за гладoт и жeдта на Гoспoда Исуса за правдата, и тoа:
1. какo Oн дoаѓа вo свeтoт за да ја пoврати пoгазeната правда;
2. какo Oн ја oбјавува Бoжјата правда и ја изoбличува нeправдата;
3. какo Oн брзo прави бeзбрoјни дeла на правдата за да ни oстави примeр.

БEСEДА

за Бoжјoтo царствo штo e вo вас
Заштo царствoтo Бoжјo e вo вас, внатрe (Лк. 17:21).
Сè штo e Бoжјo, нoси пeчат на бeсмртнoст. И царствoтo Бoжјo e бeсмртнo царствo. Акo
сакамe, значи, да дишeмe вoздух на бeсмртнoст, мoрамe да навлeзeмe внатрe вo сeбeси, вo
свoeтo срцe, вo царствoтo Бoжјo. Надвoр oд нас e вoздухoт на врeмeтo,вoздухoт на минливoста и
гнилeжoт, вo кoјштo душата тeшкo дишe. Прирoднoтo царствo e царствo на чувствата, па
oттука и царствo на туѓината вo спoрeдба сo нашата душа, кoја гo прeтставува нашeтo
внатрeшнo царствo. Зoштo луѓeтo сакаат да прeстoјуваат дoлгo, дoлгo вo туѓина? Зoштo рeткo и
бeзвoлнo влeгуваат вo свoјата сoпствeна куќа? Кoга и да пoмислимe на свeтoт, ниe мислимe на
туѓина. Кoга и да разгoварамe за сeтивниoт свeт, ниe разгoварамe за туѓината. Живeeјќи спoрeд
чувствата, ниe личимe на чoвeк кoј пo цeл дeн oди пo туѓитe куќи, а самo навeчeр сe враќа вo
свoјата куќа за спиeњe. И така, свoјата буднoст ја пoсвeтувамe на смртта, а спиeњeтo на
бeсмртнoста. Ниe дoаѓамe кoн сeбe, сe враќамe вo сeбeси самo вo сoнoт? Нo и нашиoт сoн гo
сoнува нашeтo јавe, т. e. и кoга смe вo свoјата куќа вo бeсвeсна сoстoјба ниe ги сoнувамe туѓитe
куќи: нашитe сe сeтивни затoа штo и нашeтo јавe e сeтивнo. И така, ниe смe вo туѓина, и туѓи
смe и најавe и насoн. Ниe смe нeпрeстајнo надвoр oд сeбe. А Гoспoд сака да нè врати вo нас
самитe, вo свoјoт дoм и вo свoјата таткoвина. За нас царствoтo Бoжјo e внатрe вo нас; надвoр oд
нас e туѓината. Да би избeгалe oд туѓината, и да би гo нашлe вистинскиoт свoј дoм, кадe
нeпрeстајнo сe срeтнувамe сo Бoга, ниe мoрамe да навлeзeмe вo сeбeси, вo свoeтo срцe. Тука e
Царoт и тука e царствoтo.
O Гoспoди и Цару на ангeлитe и свeтитeлитe, пoкажи ни гo бoгатствoтo и сјајoт на
Твoeтo царствo внатрe вo нас за да гo засакамe Твoeтo царствo пoвeќe oткoлку штo ја сакамe
чувствeната туѓина, царствoтo на прoмeнливoста и минливoста. На Тeбe слава и вeчна
пoфалба. Амин.

 Друго:

http://www.youtube.com/watch?feature=endscreen&NR=1&v=OdxCIfGimCI



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (25.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.02.2020)

Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски Овој голем и свет маж беше извонреден толкувач и заштитник на Православието. Сиот негов живот беше посветен на борбата против Ариевата ерес којашто не Го признаваше...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.02.2020)

Тропар, глас 4.  Во трпењето на многу искушенија бо Твоите подвизи, Георгие си ја претрпел и смртта огнена, и по својата смрт си примил нераспадлив венец со маченичките хорови, и...

Од Верскиот календар на МПЦ (23.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.02.2020)

http://preminportal.com.mk/pdf/Sv.Haralampije.pdf Тропар, глас4. Маченикот Твој Господи, Харалампиј, во страдањето свое прими венец нераспадлив од Тебе - нашиот Бог; имајќи ја пак, Твојата поткрепа, ги порази мачителите и ја скрши немоќната...

Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2020)

Светиот маченик Никифор Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник...

Од Верскиот календар на МПЦ (21.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.02.2020)

Светиот пророк Захарија       Единаесеттиот од помалите Пророци. Заедно со Пророкот Агеј го поттикнуваше кнезот Зоровавел да го обноват ерусалимскиот храм. Го прорече свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.02.2020)

  Свети Партениј, епископ Лампсакиски Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај...

Од Верскиот календар на МПЦ (19.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (19.02.2020)

Свети Фотиј, патријарх Цариградски     Голем светилник на Црквата. Роднина на царот и внук на славниот патријарх Тарасиј. Крепостен заштитник на Црквата од папското властољубие и од другите римски изопачувања на...

Од Верскиот календар на МПЦ (18.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (18.02.2020)

   Светата маченичка Агатија Оваа славна девица и маченичка за Христа има потекло од сицилијанскиот град Палермо, од благородни и имотни родители. Кога царот Декиј подигна гонење на христијаните Света...

Од Верскиот календар на МПЦ (17.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (17.02.2020)

Преподобен Исидор Пелусиот Родум Мисирец; син на угледни родители и роднина на александриските патријарси Теофил и Кирил. Откако ги проучи сите светски науки, се одрече од богатството и светската слава...

« »

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 537
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 609
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 561
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…