логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Воведение на Пресвета Богородица    4 декември Лето Господово

Кога Пресвета Дева Марија наполни три години од раѓањето, нејзините свети родители Јоаким и Ана ја доведоа од Назарет во Ерусалим, за да ја предадат, според своето ветување, на служба на Бога. Од Назарет до Ерусалим има три дена пат, но одеа на богоугодно дело и патот не им беше тежок. Се собраа и мнозина роднини на Јоаким и Ана за да земат учество во таа свеченост, во којашто невидливо учествуваа и ангелите Божји. Напред одеа девиците со запалени свеќи во рацете, потоа Пресветата Дева, водена од едната страна од Јоаким, а од другата од Ана. Беше украсена со царска благолепна облека и со украси, како што ѝ прилега на царска ќерка, на невеста Божја. Зад нив одеа многубројни роднини и пријатели, сите со запалени свеќи.

Пред храмот имаше петнаесет скалила. Родителите Ја кренаа Дева на првото скалило, а Таа тогаш сама брзо се искачи на врвот, кај што Ја дочека првосвештеникот Захарија, таткото на Св. Јован Предвесник. Кога првосвештеникот Ја зеде за рака, Ја воведе не само во храмот туку и во Светињата на светињите, каде што никој никогаш не влегуваше, освен архиерејот. Св. Теофилакт Охридски вели дека Захарија бил „надвор од себеси и обземен од Бога“ кога Ја воведувал Дева во најсветото место во храмот, зад втората завеса, поинаку не би можела да се објасни оваа постапка. Во онаа прилика родителите на Дева Марија според Законот, Му принесоа жртви на Бога примија благослов од свештеникот и се вратија дома, а Пресветата Дева остана при храмот. Таа пребиваше во храмот цели девет години. Родителите Ја посетуваа често додека беа живи, особено блажената Ана. А кога нејзините родители беа повикани да се престават кај Бога, Пресветата Дева остана сираче и не сакаше до нејзина смртта да се оддалечува од храмот ниту да стапи во брак. Бидејќи тоа беше спротивно на Законот и на обичајот во Израилот, кога наврши дванаесет години му ја дадоа на Св. Јосиф, нејзиниот роднина од Назарет, за под вид на свршеница да живее со него во девственост и привидно да го задоволи Законот. Зашто во тоа време не се знаеше во Израилот девојките да се заветуваат на девственост до крајот на животот. Пресвета Дева Марија беше прва таква доживотно заветувана девојка и Нејзе потоа Ја следеа незнајно мнозинство девственици и девственички.

 

Глас четврти:

Денес е почеток на Божјата милост и на проповедта за за спасение на луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите Го предвестува. Нејзе и ние велегласно и извикуваме: Радувај се исполнување на промислата на Создателот!

Евангелие и поука за 28/11/2008

Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 70)

Во тоа време дојдоа некои пред Исуса и Му кажаа за Галилејците, чија крв Пилат ја смешал со нивните жртви. Исус им одговори и рече: „Мислите ли дека тие Галилејци беа најгрешни од сите Галилејци, та така пострадаа? Не, ви велам: ако не се покаете, сите така ќе изгинете? Или мислите дека оние осумнаесет души, врз кои падна Силоамската кула и ги уби, беа најгрешни од сите жители на Ерусалим? Не, ви велам: но ако не се покаете, сите така ќе изгинете.“ И ја кажа оваа парабола: „Некој човек имаше во своето лозје посадена една смоква, па дојде да бара од неа плод, и не најде. Тогаш му рече на лозарот: ,Ете, три години доаѓам и барам плод на оваа смоква, и не наоѓам; пресечи ја; зошто само да ја испостува земјата?’ А тој му одговори и рече: ,Господаре, остави ја и оваа година, дури да ја опкопам и и ставам ѓубре; па, ако роди, добро; ако ли не, тогаш в година ќе ја пресечеш’.“

 

Друго:

 

Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување - ‘безмолвие на умот', оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон Божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел'. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку коешто би можел да се соедини со Бога. …Пресветата Дева престојувајќи во храмот се ослободи од сите тварни окови и ги отфрли сите врски, истовремено воздигнувајќи се над сожалувањето кон сопственото тело и собирајќи го умот во сосредоточеност кон него самиот, со внимание и во непрестајна молитва. И преку неа (молитвата), Таа целата Своја стана и се воздигна над разнородното мноштво помисли, воспостави нов и неискажлив пат кон Небото, којшто јас ќе го наречам ‘молчание на умот'. И предавајќи го Својот ум на ова молчание ја наткрили сета твар, и подобро од Мојсеј ја виде славата Божја и беше посветена во Божествената благодат, којашто никако не е подложна на силата на чувствата, туку претставува прекрасно и свештено созерцание, својствено за непорочните души и умови. Бидејќи причесна на ова созерцание, Пречистата, како што пеат црковните химни, стана светлоносен облак на навистина Живата вода, зора на таинствениот ден и огнена кочија на Логосот. ...Оние кои така чинат, кои со свештено тихување ги очистиле срцата и на неискажлив начин Му се приближиле на Оној Којшто Е над секое чувство и мисла, во себе како во огледало Го гледаат Бога. Тихувањето е значи брз и директен патеводител, успешен и соединувачки со Бога, особено за оние коишто во сè и потполно го практикуваат. А што да кажеме за Богородица, Која од детството престојуваше во исихија? Молитвено тихувајќи натприродно, од најраните години, Таа токму затоа - не знаејќи за маж - и ја стекна благодатта да Го роди Богочовекот Христос.-  Свети Григориј Палама

 
 Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 82)

Рече Господ на Јудеите што беа дошле кај Него: „Вие се прикажувате пред луѓето за праведни, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост. 3аконот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовествува и секој со усилие влегува во него. Но полесно им е на небото и на земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне. Секој, што ја остава жената своја и се жени со друга, прељубодејствува, и секој, што се жени со напуштена, прави прељуба. И им рече Исус на учениците Свои: „Не е можно да не дојдат соблазни, но тешко на оној, преку кого доаѓаат; за него би било подобро да му обесат воденички камен на вратот и да го фрлат в море, отколку да соблазни еден од овие помали. Пазете на себе. Ако згреши против тебе братот твој, скарај го, и ако се покае - прости му. И ако седумпати на ден згреши против тебе и седумпати на ден дојде и ти рече: ,Се кајам’ - прости му.“

Свети Григориј Палама

Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бога, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување - ‘безмолвие на умот', оддалеченост од светот, заборав на сè земно и стремење кон Божествените откровенија, избор на ‘подобриот дел'. Открива дека ако умот не се расејува кон земните работи, би можел да се оддаде на подобро и повозвишено дејствување, што значи да се сврти кон самиот себеси: единственото дејствување преку коешто би можел да се соедини со Бога. …Пресветата Дева престојувајќи во храмот се ослободи од сите тварни окови и ги отфрли сите врски, истовремено воздигнувајќи се над сожалувањето кон сопственото тело и собирајќи го умот во сосредоточеност кон него самиот, со внимание и во непрестајна молитва. И преку неа (молитвата), Таа целата Своја стана и се воздигна над разнородното мноштво помисли, воспостави нов и неискажлив пат кон Небото, којшто јас ќе го наречам ‘молчание на умот'. И предавајќи го Својот ум на ова молчание ја наткрили сета твар, и подобро од Мојсеј ја виде славата Божја и беше посветена во Божествената благодат, којашто никако не е подложна на силата на чувствата, туку претставува прекрасно и свештено созерцание, својствено за непорочните души и умови. Бидејќи причесна на ова созерцание, Пречистата, како што пеат црковните химни, стана светлоносен облак на навистина Живата вода, зора на таинствениот ден и огнена кочија на Логосот. ...Оние кои така чинат, кои со свештено тихување ги очистиле срцата и на неискажлив начин Му се приближиле на Оној Којшто Е над секое чувство и мисла, во себе како во огледало Го гледаат Бога. Тихувањето е значи брз и директен патеводител, успешен и соединувачки со Бога, особено за оние коишто во сè и потполно го практикуваат. А што да кажеме за Богородица, Која од детството престојуваше во исихија? Молитвено тихувајќи натприродно, од најраните години, Таа токму затоа - не знаејќи за маж - и ја стекна благодатта да Го роди Богочовекот Христос. 

The Entry into the Temple of the Most Holy Mother of God


When the Holy and Most Pure Virgin Mary had reached the age of three, her holy parents Joachim and Anna took her from Nazareth to Jerusalem to consecrate her to the Almighty in order to keep the promise they had made. It took three days from Nazareth to Jerusalem, but as they had set out to God-pleasing endeavour, the journey presented no difficulty to them. Many relatives of Joachim and Anna accompanied them in order to take part in the solemnity, in which also participated invisibly angels of God. First went virgins carrying flaming torches in their hands and the Most Holy Virgin followed with Joachim and Anna by her sides. She was adorned with wonderful royal dress and with jewellery, as befits the royal daughter, the bride of Christ. Behind them followed numerous relatives and friends, all holding burning candles. There were fifteen stairs that led to the entrance of the Temple. Her parents lifted the Most Holy Virgin to the first stair and then she alone run forward to the top, where the High Priest Zacharias, the father of Saint John the Baptist, was waiting for her. The High Priest took her hand and brought her not only into the Temple, but also into the Holy of Holies, where no one was allowed to enter except for the High Priest. Saint Theophilact of Ohrid would write that Zacharias “fell into ecstasy of the nous” when he brought the Holy Virgin into the holiest place in the Temple, behind the second curtain, for otherwise this act of his cannot be explained. On this occasion, the parents of the Most Pure Virgin offered sacrifices to the Lord according to the Law, received blessing from the priest and returned home, leaving the Most Holy Virgin in the Temple. She dwelt in the Temple for the next nine years. Her parents had paid her frequent visits before they departed this world, especially the blessed Anna. When her parents were called to present themselves before God, the Holy Virgin was left orphan and she refused to leave the Temple or marry until the end of her life. As this was against the Law and tradition of the Israel, when she reached the age of twelve she was given to Joseph, a relative of hers from Nazareth, in order to live with him in chastity as his betrothed and seemingly obey the Law. For in those times it was not common for the maidens of Israel to take a vow of chastity until the end of their lives. The Most Holy Virgin Mary was the first maiden to take the vow of chastity and to become an example of the multitudes of young man and women who were to follow.


St. Gregory Palamas

Seeking in quest of what is most necessary for one praying to converse with God, in what way does prayer come, the Lady Theotokos finds the sacred stillness—‘stillness of the mind’, detachment from the world, all earthly things below forgotten and sharing the secrets above, laying aside conceptual images for ‘what is better’. She discovers that if the mind does not scatter over earthly matters, it could devote itself to a better and higher pursuit, that is—turn towards itself: the unique activity through which it could unite with God.

 

 Воведение на Пресвета Богородица во храм – Пречиста
21 НOEМВРИ


Вoвeдeниe на Прeсвeта Бoгoрoдица. Кoга на Прeсвeта Дeва Марија ѝ сe навршилe
тритe гoдини oд раѓањeтo, нeјзинитe свeти рoдитeли Јoаким и Ана ја дoвeлe oд Назарeт вo
Eрусалим за да ја прeдадат на Бoга на служба спoрeд свoeтo прeтхoднo вeтувањe. Три дeна пат
има oд Нзарeт дo Eрусалим, нo oдeјќи на бoгoугoднo дeлo, тoј пат нe им бил тeжoк. Сe сoбралe
и мнoгу рoднини на Јoаким и на Ана за да зeмат учeствo вo oваа свeчeнoст, вo кoја нeвидливo
зeлe учeствo и ангeлитe Бoжји. Напрeд oдeлe дeвицитe сo запалeни свeќи вo рацeтe, па пoтoа
Прeсвeта Дeва, вoдeна oд eдната страна oд свoјoт таткo а oд другата oд мајката. Дeва била
украсeна сo прeкрасни царски oблeки и украси какo штo ѝ прилeга на царска ќeрка, на нeвeста
Бoжја. Пo нив oдeлe мнoгу рoднини и пријатeли, ситe сo запалeни свeќи. Прeд храмoт ималo
15 скали. Рoдитeлитe ја пoдигналe Дeва на првата скала, а пoтoа таа самата брзo сe искачила дo
врвoт кадe штo ја прeсрeтнал првoсвeштeникoт Захариј, таткoтo на св. Јoван Прeтeча. Кoга тoј
ја зeл вo свoитe рацe ја вoвeл нe самo вo храмoт, туку и вo Свeтињата над свeтиитe, вo кoја никoј
никoгаш нe влeгувал oсвeн архиeрeјoт, и тoа eднаш гoдишнo. Св. Тeoфилакт Oхридски вeли
дeка Захариј “бил надвoр oд сeбe и бил oд Бoга oбзeмeн” кoга ја вoвeл Дeва вo најсвeтoтo мeстo
вo храмoт, зад дoлгата завeса, инаку таа пoстапка нeгoва нe би мoжeла да сe oбјасни. Тoгаш
рoдитeлитe принeслe жртва на Бoга, спoрeд закoнoт, примилe благoслoв oд свeштeникoт и сe
вратилe вo свoјoт дoм, а Прeсвeта Дeва oстанала при храмoт. И таа прeстoјувала вo храмoт
пoлни 9 гoдини. Дoдeка ѝ билe живи рoдитeлитe, чeстoпати ја пoсeтувалe, а пoсeбнo
блажeната Ана. Кoга, пак, нeјзинитe рoдитeли билe oд Бoга пoвикани oд oвoј свeт, Прeсвeта
Дeва oстанала какo сирачe и никакo нe сакала дo свoјата смрт да сe oддалeчува oд храмoт, ниту
да стапува вo брак. Бидeјќи тoа билo спрoтивнo на закoнoт и на oбичаитe на Израилoт, пo
навршувањeтo на 12 гoдина, ја далe на св. Јoсиф, рoднина oд Назарeт, какo свршeница да живee
вo дeвствeнoст, така штo и свoјата жeлба ја испoлнила и привиднo закoнoт гo задoвoлила.
Заштo вo тoа врeмe нe сe знаeлo вo Израилoт за дeвoјки завeтeни на дeвствo дo крајoт на
живoтoт. Прeсвeта Дeва Марија била прва таква дoживoтнo завeтeна дeвoјка и пo нeа пoтoа
слeдувалe вo Христoвата Црква илјади и илјади дeвствeнички и дeвствeници.


РАСУДУВАЊE
Пoкoри ѝ сe на вoлјата Бoжја и нe испитувај ги прeмнoгу судoвитe Бoжји, бидeјќи
мoжeш oд умoт да сe мрднeш. Судoвитe Бoжји сe бeзбрoјни и нeдoстижни. Нeкoј мoнах вo
пустината, мислeјќи за сeбe дeка дoстигнал сoвршeнствo, сe мoлeл на Бoга уштe Бoг да му ги
oтркиe Свoитe различни судoви вo чoвeчкиoт живoт. Бoг му ставил на ум да пoјдe нeкадe
далeку кај нeкoј старeц духoвник и да гo праша за тoа. Кoга мoнахoт бил на пат, му сe
придружил ангeл Бoжји вo вид на oбичeн чoвeк и му рeкoл дeка и тoј сака да oди кај тoј старeц.
Патувајќи така, застаналe на кoнак кај нeкoј бoгoљубив чoвeк, кoј ги нагoстил дoбрo, давајќи им
да јадат oд срeбрeна чинија. Oткакo сe најалe, ангeлoт ја фатил чинијата и ја исфрлил вo
мoрeтo. На мoнахoт тoа му станалo и чуднo и кривo, нo мoлчeл. Втoриoт дeн застаналe на
кoнак пак кај нeкoј гoстoљубив чoвeк, кoј дoбрo ги примил и свoјски ги нагoстил. При
тргнувањeтo тoј чoвeк гo извeл свoјoт син eдинeц да гo благoслoват патницитe. Ангeлoт Бoжји
гo фатил дeтeтo за гуша и гo удавил. Мoнахoт сe разлутил и гo прашал ангeлoт кoј e тoј и
зoштo прави такви нeдeла. Ангeлoт му oдгoвoрил крoткo: “Oнoј првиoт чoвeк вo сè Му e угoдeн
на Бoга и нeма ништo вo нeгoвиoт дoм штo e сo нeправда спeчалeнo, oсвeн oнаа срeбрeна
чинија. Пo Бoжјиoт суд јас ја фрлив таа украсна чинија, та чoвeкoт вo сè да бидe прав прeд Бoга.
И oнoј другиoт чoвeк Му бил угoдeн на Бoга и ништo нeмалo вo нeгoвиoт дoм штo би гo
привлeклo гнeвoт Бoжји, oсвeн нeгoвиoт син, кoј, акo пoрастeшe, ќe бeшe гoлeм злoстoрник и
ѓавoлски сад. Затoа пo Бoжјиoт суд гo удавив тoа дeтe да му ја спасам душата за врeмeтo на
таткoвата дoбрина, а и таткoтo да гo сoчувам oд мнoгу бeди. Eтe тoа сe и такви сe таинствeни и
нeдoстижни судoвитe Бoжји. А ти, старeцу, oди вo свoјата кeлија и нeмoј да сe трудиш залуднo
да гo испитуваш oна штo e пoд власта на eдиниoт Бoг.
СOЗEРЦАНИE
Да размислувам за чуднoтo сoздавањe на свeтoт, и тoа:
1. какo Бoг гo сoздал чoвeкoт oд прав зeмeн;
2. какo му дувнал вo лицeтo дух живoтeн;
3. какo чoвeкoт пoстанал душа жива.


БEСEДА
за вeрницитe какo eднo тeлo и eдeн дух
Eднo тeлo стe и eдeн дух (Eфeс. 4:4).
Вeрницитe да сe трудат да бидат eднo тeлo и eдeн дух, тoа гo прeпoрачува апoстoлoт. Пoд eднo тeлo сe пoдразбира eдна вeра, бeз расцeпувања, бeз eрeси, бeз самoвoлиe: цeлата Црква e eднo тeлo на кoe глава e Христoс. Пoд eдeн дух сe разбира љубoвта, oгнeната љубoв на
ситe вeрници кoн Христа oд Кoгo прoизлeгува заeмната љубoв. Мнoзинствoтo да бидe какo eдинка; мнoгу луѓe какo eдeн чoвeк. Тoа e чудoтo на христијанската вeра и на христијанската љубoв. Нeма таква сила вo свeтoт штo мoжe да бидe пoсилна врска мeѓу луѓeтo. Ниту истата крв, ниту истиoт јазик, ниту истoтo oгништe, ниту иститe рoдитeли, ниту билo какви матeријални интeрeси - ништo oд тoа нe e ни oддалeку oнаква силна врска какo вeрата сo христијанската љубoв. Сo таа цврста и нeoдoлива врска сe пoврзани ситe члeнoви на Црквата пoмeѓу сeбe. И Црквата Бoжја стoи какo eдeн чoвeк вo врeмeтo и вo вeчнoста - eднo тeлo, eдeн дух. На oва чуднo eдинствo ништo така нe му прoтиврeчи какo гoрдoста на пoeдини луѓe.
Гoрдoста ја искривува вeрата, ја oладува љубoвта; гoрдoста сoздава eрeси, ја расцeпкува Црквата, гo жртвува дoбрoтo на цeлината заради лична угoднoст. Гoрдoста вo суштина e oтсуствo на вeрата и на љубoвта. Бoг, браќа, нeка нè сoчува oд гoрдoста, прастара бoлeст на чoвeчкиoт рoд за да бидeмe сeкoгаш eднo тeлo и eдeн дух вo нашиoт Гoспoд Исус Христoс. 
На Тeбe Гoспoди Исусe, на Тeбe Главo на Црквата, на Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Верски календар

Од Верскиот календар на МПЦ (29.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (29.02.2020)

 Светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на Диоклецијан; Свети Марут; Преподобниот маченик Роман; Преподобен Доситеј, ученик на Ава Доротеј;     Житие: Светите Дванаесет маченици што пострадаа во времето на...

Од Верскиот календар на МПЦ (27.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (27.02.2020)

  Преподобен Авксентиј Мошне угледен богаташ меѓу големците и дворјаните на царот Теодосиј Помладиот. Горејќи со љубовта Христова Авксентиј се замонаши и пребиваше уште недолго време во Цариград. Кога почнаа...

Од Верскиот календар на МПЦ (26.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (26.02.2020)

  Преподобен Мартинијан Житието на овој светител е чудесно и прекрасно. Што сѐ не претрпе за да ги исполни Господовите заповеди! Во својата осумнаесетта година се оддалечи во планината наречена...

Од Верскиот календар на МПЦ (25.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (25.02.2020)

Свети Мелетиј, архиепископ Антиохиски Овој голем и свет маж беше извонреден толкувач и заштитник на Православието. Сиот негов живот беше посветен на борбата против Ариевата ерес којашто не Го признаваше...

Од Верскиот календар на МПЦ (24.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (24.02.2020)

Тропар, глас 4.  Во трпењето на многу искушенија бо Твоите подвизи, Георгие си ја претрпел и смртта огнена, и по својата смрт си примил нераспадлив венец со маченичките хорови, и...

Од Верскиот календар на МПЦ (23.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (23.02.2020)

http://preminportal.com.mk/pdf/Sv.Haralampije.pdf Тропар, глас4. Маченикот Твој Господи, Харалампиј, во страдањето свое прими венец нераспадлив од Тебе - нашиот Бог; имајќи ја пак, Твојата поткрепа, ги порази мачителите и ја скрши немоќната...

Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (22.02.2020)

Светиот маченик Никифор Житието на овој маченик јасно покажува дека Бог ја отфрла надменоста и со слава го овенчува смирението и братољубието. Во Антиохија живееја двајца блиски пријатели, учениот свештеник...

Од Верскиот календар на МПЦ (21.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (21.02.2020)

Светиот пророк Захарија       Единаесеттиот од помалите Пророци. Заедно со Пророкот Агеј го поттикнуваше кнезот Зоровавел да го обноват ерусалимскиот храм. Го прорече свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим...

Од Верскиот календар на МПЦ (20.02.2020)

Од Верскиот календар на МПЦ (20.02.2020)

  Свети Партениј, епископ Лампсакиски Син на некој ѓакон од градот Мелитопол. Уште како дете добро ги помнеше зборовите на Евангелието и се трудеше да ги исполни. Се насели покрај...

« »

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 558
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 625
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 587
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…