Синаксар на живоносниот извор на Пресвета Владичица Богородица
Бог се однесува како Оној што вистински љуби. Оној што вистински љуби не се наметнува над онаа, што ја љуби, не ја присилува да ја испие сета Негова љубов во еден здив, туку дискретно ја опсипува со дарови. Така Бог ја создал сета убавина на светот, сонцето, месечината, ѕвездите, целата складност на природата, во стремеж да го воодушеви човекот.
Адот царува над родот човечки, но неговата власт не е вечна. А кога легна во гробот, Сесилен, со Твојата животворна рака, си ги скршил клучевите на смртта, и на оние што од вечноста таму спиеле, Ти им го проповедаше вистинското избавување, Спасителе, Кој си првенец од мртвите.
Глас 2: Луѓето злочестиви и беззакони, зошто коваат завера против Христа? Зошто Го осудија на смрт животот на сите? Навистина големо чудо, зашто Создателот на светот во рацете на беззаконици се предава и на крст се издигнува Човекољубецот, за да ги ослободи од адот заробените кои викаат: Долготрпелив Господи, слава Ти.
Велики Петок е денот на Христовите страданија. Тие започнуваат уште ноќта, во Гетсиманија. Затоа гетсиманските настани ги вбројуваме во Велики Петок. Тие се случувале доцна во ноќта – по полноќ. Според европското мерење на времето – во петок.
Стихови на распнувањето:
О необлечен мртовецу и Слово на живиот Бог, Ти си, Боже, Кој живееш и на крстот си умртвен.
Стихови за распнатиот со Христа разбојник:
Клучот на покајаниот разбојник ја отклучи рајската врата, кога рече:
Спомни си за мене (Господи, кога ќе дојдеш во Царството Свое).
Во светиот и Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.
Бидејќи еврејската пасха требаше да биде жртвувана во петокот, беше погодно вистината да биде во согласност со сликата, односно во истиот ден да биде жртвуван и Христос, нашата Пасха.
Во светата и Велика Среда божествените отци ни заповедаа да го славиме споменот на жената блудница, која Го помаза Господа со миро, затоа што овој настан се случил пред страдањата на Спасителот. Откако Исус влегол во Ерусалим и бил во домот на Симон Прокажаниот, една жена пристапила до Него и излеала на Неговата глава скапоцено миро. Тоа, пак, се случило, според словото на Спасителот,
СИНАКСАР
Стихови:
Една жена, излевајќи миро врз телото Христово,
Го испревари Никодима кој носеше смирна за Покојниот.
Во овој свет и Велик Понеделник правиме спомен на блажениот и прекрасен Јосиф, и на исушената смоква. Бидејќи одовде добиваат почеток светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, за прв негов образ (слика) се зема Јосиф. Тој беше последниот син на патријархот Јаков, роден од Рахила, кому браќата му позавидеа
На Велики Вторник си спомнуваме и живееме две параболи:На десетте девојки (Мат. 25,1-13) која нѐ поучува да бидеме подготвени и полни со вера и човекољубие.За десетте таланти (Мат. 25, 14-30), која нѐ поучува на бидеме работливи и дека треба да ги обработуваме и умножуваме духовните дарови.
Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на страданијата Господови.
И Оној што за престол го има небото, седнат на осле, влегува во Ерусалим. Децата, пак, еврејски, пред Него ги постилаа своите облеки и палмови гранки, а некои носеа и во рацете и Го поздравуваа, викајќи: Осана на Синот
„Лазар, пријателот наш, заспал;
целото човештво заспало
но ќе отидам да го разбудам“