логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TVIT98

 

АКО НЕМАТЕ СТРАВ...

Дали навистина сакаме да живееме со Бога, дали сакаме од Бога да добиеме само нешто во овој свет, времено и дали се задоволуваме со работите од овој свет. Приближувајќи му се на Бога, ние не добиваме ништо земно, туку губиме сè, па дури и самите себеси, но тогаш го пронаоѓаме Бога, вечниот живот и стекнуваме внатрешна слобода.


TVIT97

Ако сè во нашите животи би било убаво, слатко и едноставно, ќе станевме ужасни! Токму нашите таги, неуспеси и падови нè отрезнуваат, па почнуваме поинаку да гледаме на нашите слабости и луѓето кои се со нас.
Суштината на нашето приближување кон Бога не е во тоа да стануваме се подобри, достојно да пристапуваме кон Причеста, да се молиме повеќе, да постиме строго, туку секој ден да сфаќаме колку сме грешни.
             Надежта во Бога не не напушта и ние се укрепуваме во верата, не затоа што велиме: „Колку сум добар!“, туку: „Колку смирен Бог имам , како Бог мене ме сака!“ Не размислуваме: „ Денеска сум подготвен да пристапам на Путирот“, туку веруваме: „Господ ме чека и секогаш ќе ме чека, не можам а да не пристапам, бидејќи не можам да живеам без таков Бог, во кој има толку многу љубов и смирение“. Никој на овој свет не може да ме сака како што Христос ме сака, и само во Неговата љубов можам да најдам сила да се борам со самиот себе, со гревовите што ме спречуваат да го љубам  Бога“.


Целта

TVIT96

Сè започнува со мали чекори. Човек го зема молитвеникот, пали кандило или свеќа и започнува наутро и навечер да твори молитвено правило, да разговара со Бога, да бара, да благодари, да прашува како да постапи во овој или оној случај. Тој разговор постепено преминува во тоа целиот наш живот да стане разговор со Бога. „Покажи ми го, Господи, патот по кој треба да одам, зашто кон Тебе ја воздигнувам душата своја“ (Пс. 142:8).
Човекот постепено сфаќа дека ако се расејува и заборава на Бога, неговиот ум станува игралиште на демонски мисли и помисли, демонот почнува да го мачи, се создава тага, потоа се создава грев и секакви искушенија. Затоа животот на христијанинот е борба, стекнување на Светиот Дух, кој ни го просветлува умот, ни го очистува срцето, а нашиот живот станува Богоопштење.
           Ние сме должни да си поставиме цел. Човекот во светот си поставува себеси цел: „Ќе се запишам на факултет, ќе учам, ќе имам добра работа“, и се обидува да оди кон таа цел, надминувајќи ги сите препреки и тешкотии. Христијанинот си поставува себеси цел: „Сакам Бог да живее во мене, како би бил мојот живот во Божји раце“ и започнува тоа да го претвора во живот.
          Се случува, се разбира, ништо да не се оствари. Сакаш се да оставиш, ти се чини дека никој не те слуша, дека никому не си му потребен, дека никој не ја забележува твојата љубов и на сите си им досадил со својата побожност. Ќе ти говорат: „Оди си одовде, не ни се мешај во животот“, и тоа е нормално – можат да се потсмеваат и клеветат, што е исто така нормално. Не смееме да се откажеме: „Господи, сакам да бидам со тебе, без разлика на се“.
На тој начин се проверува нашата желба, дали навистина сакаме да живееме со Бога, дали само сакаме од Бога да добиеме нешто овоземно, времено и дали се задоволуваме со работите од овој свет. Приближувајќи му се на Бога, ние не добиваме ништо од овој свет, туку губиме сè, дури и самите себеси, но тогаш пронаоѓаме вечен живот и стекнуваме внатрешна слобода.


Што е тоа љубов?

TVIT95


Целиот наш живот е воспоставување на однос со Бога, воспоставување на таа убавина што сме ја  изгубиле заедно со Божјиот лик? Односот со Бог е љубов. Како можеме да се сакаме еден со друг ако Бог не е меѓу нас?
Страшно е кога човек има доверба во своето внатрешно битие и вели „Јас љубам“. Кого он тоа љуби? Самиот себе? Оној човек што тој самиот го создал според својата имагинација? Кога другиот не ги исполнува неговите услови, кога не одговара на неговите ставови и мислења, љубовта завршува и многу лесно се претвара во омраза.
Нашата љубов е непостојана, зарем не? А што е „постојана љубов“? Тоа е Христовата љубов . Тебе никој не те сака, но ти секако љубиш. Те навредуваат, но ти сепак љубиш. Те убиваат, а ти се молиш за тие луѓе и велиш: „Оче, прости им, не знаат што прават!“ (Лк. 23,34).
              Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.“. (Јн. 13:34, 35). Можеме ли во овој момент да кажеме дека сме Христови ученици и дека имаме љубов меѓу себе? Лично кажано - не. Јас немам таква љубов. Можам да кажам и дека е страшно да се љуби, бидејќи љубовта во овој свет е крст. Тоа не е некоја бурна енергија и инспирација, туку крст.
Луѓето често говорат: „Сеедно ми е, на никој не сум му потребен, никој не ме сака“. Зошто? Бидејќи човекот се наоѓа  во границите на својот егоизам, во завист, постојано е незадоволен, бара другите да го сакаат и вели: „Се разбира, заслужувам поголема љубов и почит од моите ближни.“ Таквиот став доведува до саможивост и самотија. Се разбира, кој има желба да сака друг човек, кому му е потребна љубов, и притоа да чувствува обврска?
Кого да сакаш? Оној кој  и самиот се сака себеси. Беше лесно да се сака преподобниот Серафим Саровски, бидејќи неговата љубов ги инспирираше другите луѓе. Никој не останува рамнодушен на таквата убавина, а ние самите посакуваме да бидеме такви.


Ако немате страв

TVIT94


Ако не се плаште и ако немате што да изгубите, треба да го следите Христос. Ако се плашите и имате што да изгубите, размислете дали сакате да изгубите сè но да го најдете Бога. Не можете да го поделите животот на некак сегменти: сега ќе се причестам, а потоа  можам да продолжам и сам.
Секој од нас мора да дојде до таа крајна точка во која станува немоќен и потполно изнемоштен. Тогаш ќе дојде Оној, Кој ќе ни подаде рака и ќе рече: „Дојди, оди по Мене“.
Колку си храбар
           Господ вели: „Следете ме, ќе ви дадам љубов, но знајте дека ќе умрете за неа“. Ова е одговорот на прашањето: „Колку често треба да се причестувате?“ На ова прашање обично одговарам: „Зависи од храброста на вашата душа“. Ако не се плашиш од страдање, ако си решен да се бориш до крај со својата падната природа, тогаш никој не може да те спречи да се причестиш, доколку од Причеста не ве одлачи (оддели)  самиот архиереј“.
Човек мора да разбере дека секоја Причест ги согорува грешните делови на нашето срце. Во срцето треба да има љубов, а љубовта се стекнува со голем труд и смирение. Треба да бидете подготвени за тоа дека после Причеста нема да биде полесно, туку потешко, и колку повеќе време и сила му даваме на Бога, толку повеќе гревовите ќе не туркаат низбрдо.
           И уште нешто треба да си кажеме самите на себе: „Не, јас сепак ќе одам кај Христа, бидејќи без Него нема живот, бидејќи на овој свет, освен Христос, нема да најдам никој што ќе ме сака и кој ќе може да ме научи да ги сакам сите мои ближни, моите деца, сите луѓе кои ќе бидат во моето опкружување“.

 


Протоереј Андреја Лемешонок -  Од книгата „Не можеме да живееме како другите“
Извор prijateljboziji.com
За Преминпортал Симеон Стефковски

 21 јануари 2023 лето Господово

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5851
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6656
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6459
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5644
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

27/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (пост на масло)

Лазарова сабота; Свети Мартин Исповедник папа Римски; Светите маченици Антониј, Јован и Евстатиј; Светиот маченик Ардалион Глумец;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на влегување  на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

Тропар на влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим Цветници 2024

глас 1Христе Боже,  за да  нé увериш во општото воскресение, пред Твоето страдање  го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и...

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Тропар на светиот Мартин Исповедник папа Римски 14 април / 27 април 2024

Исповедниче на вистинската вера која спасува,Мартине свети мачениче,прими од нас пофалба и благодарност.Од Бога со благодатна вистина исполнет,на патот исповеднички...

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Тропар на св.Христов новомаченик Димитриј Пелопонески 13 април / 26 април 2024

Исповедник на верата Христова постана,откако Спасителот Го повика кога се најде сред морските бранови,о Димитрие новомачениче.Надеж стана за паднатите кои во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная