логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

УТРЕНА


Канон на господин Козма монах, чиј акростих еː
Крштението е очистување на гревовите на земнородните. Глас 2.


Песна 1.

Ирмосː Крепкиот Господ во борбите, го откри дното на бездната и Својот народ го преведе по суво, а во неа ги потопи непријателите, зашто се прослави.

Господ – Царот на вековиите, во Јорданските води го обновува Адама изгниениот, и ги смачкува главите на земните што се вгнездиле во него, зашто се прослави.

Господ, Кој се воплоти од Дева, откако со нематеријалниот оган на божеството се облече во материјално тело, се покрива со Јорданската вода, зашто се прослави.

Господ, Кој ги просветлува оние што се во темнина и ја мие човечката нечистотија, очистувајќи се во Јордан заради оние, за кои го прими нивното подобие, остана тоа што беше и порано, зашто се прослави.

Друг канон, творба на Јован Дамаскин. Глас 2.


Ирмосː Израил тргнува да ја мине брануваната морска бура, и веднаш им се покажува суво дно (на морето), но Црвеното море, како воден гроб, ги покри египетските војводи, со крепката сила на Господовата десница.


Кога светлото утро им се покажа на луѓето, од пустината кон водите Јордански доаѓаш, Господару на сонцето, и ја приклонуваш својата глава, за да го избавиш родоначалникот од мрачната земја, и созданието да го очистиш од секаква скверна.


Беспочетно Слово, оној што со Тебе го потопи во водите, Ти го обнови изгниен од измамата; а силниот глас на Отецот изјави непогрешливоː Овој е Мојот возљубен Син, Кој Ми е рамен по природа.


Песна 3.


Ирмосː Господ Кој на царевите наши им дава сила, и Кој достоинството на Своите помазаници им го издигнува, се раѓа од Дева и оди на крштевање. Нему, верни, да Му повикамеː Никој не е свет како нашиот Бог.

Денес се весели порано неплодната и бездетна Црква Христова, зашто преку вода и Дух ѝ се родија синови, кои со вера викаатː Никој не е свет како нашиот Бог.

Со силен глас во пустината вика ( Јован) Претечаː Пригответе Му го патот на Христа, израмнете ги патеките на нашиот Бог, викајќи со вераː Никој не е свет како нашиот Бог.


Друг канон.

Ирмосː Ние кои се ослободивме од древните замки, бидејќи се скршени забите на дивите ѕверови, да ги отвориме устите и да се радуваме, плетејќи слово (пофално) од слаткопојните зборови, за да Го прославиме Словото, Кое нѐ насладува со Своите дарови.

Оној што ја засади смртта во созданието, преправен во злобна ѕверка, се помрачува со телесното јавување; а кога се јави утрото, се судри со Господарот, за да ја скрши својата глава непријателска.

Тој ја влече кон себе богосоздадената природа, но паѓа во прегратките на мачителот; но пак се раѓа обновување на земнородните со моќното дело што Господ го изврши, зашто Он дојде за да ги очисти.


Ипакој, глас 5.

Кога со Твоето јавување ја просветли вселената, тогаш побегна соленото море на неверувањето, и Јордан што течеше надолу се врати назад, нас издигнувајќи нѐ кон небесата. Но со височината на Твоите божествени заповеди сочувај нѐ, Христе Боже, по молитвите на Богородица, и помилуј нѐ.


Песна 4.

Ирмосː Твојот глас, Господи, го слушна оној што го нарече Гласот на оној што вика во пустината, кога загрме над многуте води, сведочејќи за Твојот Син; целиот проникнат од Духот што слезе, тој извикаː Ти си Христос, Божјата Мудрост и сила.

Проповедникот викаː Кој виде да се очистува Сонце кое е пресветло по природа, да Те измијам со водите Тебе, Кој си светлина на славата на вечниот Отец? И јас, кој сум сено, да се допрам до огнот на Твоето Божество, зашто Ти си Христос, Божјата мудрост и сила.

Мојсеј, кога Те сретна, покажа набожност што Бог му ја вдахна, бидејќи штом го слушна Твојот глас во капината, тој веднаш го сврте своето лице. А јас како да Те видам јасно, или како да ја положам својата рака врз Тебе? Зашто Ти си Христос, Божјата мудрост и сила.

Иако обдарен со душа, збор и разум, се срамам од бездушните. Оти, ако Те крстам, ќе ме обвини гората што од огнот се дими, морето кое се разделува и Јордан што се врати назад, зашто Ти си Христос, Божјата мудрост и сила.

 


Друг канон.

Ирмосː Пророкот, откако се очисти со огнот на тајното созерцавање, пеејќи ја обновата на луѓето, со гласот што му трепери од Духот, го навестува неискажливото воплотување на Словото, Кое ја скрши моќта на силните.

Сесветлото Слово, испратен од Отецот за да ја растераш кобната сенка на ноќта, доаѓаш да ги искорениш и гревовите на луѓето, и со Твоето крштение, Благи, да ги привлечеш Твоите синови светли од водите Јордански.

Кога самиот Го виде нареченото Слово, проповедникот јасно ѝ вика на твартаː Овој е Тој што е пред мене, иако телесно доаѓа по мене; според Божјата сила стана сличен нам, за да го уништи нашиот грев непријателски.

Носејќи ја во Себе животворната паша, Бог Словото ги лови змиите во нивните гнезда со многу замки, и го фаќа оној што го рани целиот род човечки и, откако го уништи, го избавува созданието.

Песна 5.

Ирмосː Исус, Изворот на животот, доаѓа да го ослободи првосоздадениот Адам од осудата; иако како Бог немаше потреба од очистување, во Јордан го очистува паднатиот (Адама). Откако во него го уништи непријателството, Он дарува мир кој секаков ум надминува.

Јован застана сред насобраниот безброен народ за да се крсти од него, и му велешеː Кој ви кажа вам, непокорни, да бегате од гневот што иде? Покажете достојни плодови за Христа, Кој со Своето присуство уште сега мир дарува.

Творецот и Создател Кој стои меѓу нас, како еден од  нас, ги испитува срцата и, држејќи ја очистителната лопата, мудро го вее светското гумно, неплодните палејќи ги, а на доброплодните вечен живот им дарува.

Друг канон.

Ирмосː Измиени од темниот и валкан отров на непријателот, преку духовното очистување, тргнавме по нова неизвалкана патека, која нѐ воведува во радоста непристапна, до која имаат пристап само оние што Бог ги измирува.

Кога Создателот го виде оној што со своите прсти го вообличи, како во мракот на гревовите е држан со неизбежни окови, го крева високо и го става на Своите плеќи, за да го измие сега од древниот срам во надојдените води, што Адам беше го предизвикал со својот лош нарав.

Со вера да дотрчаме набожно кон пречистите извори на овој спасоносен бран, гледајќи Го Словото Кое од една чиста утроба ни го нуди пијалакот што ја гасне жедта божествена, како сладок лек што ја лекува болеста на светот.


Песна 6.

Ирмосː Гласот на Словото, светилникот на Светлината, ѕвездата Деница што му претходи на Сонцето – (Јован) Претеча во пустината им вика на сите луѓеː Покјате се, и очистете се, зашто, ете, доаѓа Христос Кој светот го избавува од распадливоста.

Роден нетлено од Бога Отецот, Христос се воплотува од Дева без никаква нечистотија, за Кого Јован Претеча учи дека не е достоен да му го одврзе ни ременот, односно единството на Словото со нашата природа, зашто е дојден да ги избави земнородните од измамата.

Христос ќе ги потопи со конечниот оган противниците кои не веруваат дека Он е Бог, но со Духот на благодатта ги обновува тие што го признаваат Неговото божество, избавувајќи ги од нивните прегрешенија.

 

Друг канон.

Ирмосː Со Својот себлажен глас, Отецот го објави Оној што го изговори од Својата утроба, велејќиː Овој е Мојот возљубен едносуштен Син, Кој светлозарно изникна од родот човечкиː Моето живо Слово, а и човек по промисла.

Пророкот кој необично три дена беше проголтан во утробата на морското чудовиште (китот), потоа излезе од него, за однапред  да ни го предвести на сите повторното раѓање, кое спасува од змијата човекоубиец во последното време.

Кога се отвори небото на сесветлите писма, Пророкот Го гледа Духот испратен од Отецот, и застанува на Пречистото Слово во вид на гулаб, на неискажлив начин, и им се покажува на луѓето кои дошле при Господа.

Кондак, глас 4.

Господи, денес ѝ се јави на вселената, и Твојата светлина, се покажа врз нас, кои разумно Ти пееме: Ти си дошол и си се јавил, Светлино непристапна.

Икос: На Галилеја незнабожечка, на земјата Завулонова и Нефталимова, како што рече пророкот, им засветли Христос - големата Светлина; на помрачените им се јави светол зрак, кој засветли од Витлеем, или поточно, на целата вселена Господ ѝ пушта зраци од Марија - Сонцето на Правдата. Затоа, вие кои сте соголени од Адама, дојдете сите да се облечеме во Него, да се стоплиме, зашто Он ги покрива необлечените и ги просветлува помрачените. Ти си дошол и си се јавил, Светлино непристапна.

Песна 7.

Ирмосː Набожните момчиња, фрлени во огнената печка, ги запази неповредени дувањето на еден росоносен ветар и слегувањето на ангел Божји. Затоа, поросени во пламенот, благодарствено пеејаː Највоспеан Господи и Боже на татковците, благословен си.

Ангелските сили на Јордан стоеја како на небесата, трепереа и се чудеа гледајќи го крајното Божјо снисходење, бидејќи оној што ги држи небесните води, во (Јорданските) води стоеше во тело – Он, Кој е Бог на нашите татковци.

Облакот и морето некогаш го предобразуваа чудото на божественото крштение, бидејќи во нив се крстија древните луѓе на законот, излегувајќи (од Египет)ː морето беше праслика на водата, а облакот на Духот; од нив восовршени, викамеː Благословен си, Господи, Боже во вековите.

Сите ние, верни, во нив примивме восовршување; благословувајќи непрестајно со ангелите, да Го прославиме Отецот и Синот И Светиот Дух, зашто Троица едносушна по ипостаси е еден Бог. Нему, пак, Му пеемеː Благословен си, Господи, Боже на вековите.

Друг канон.

Ирмосː Оној што го скроти високиот пламен во печката, во којашто се наоѓаа младите момчиња, ја изгоре и главата на змијата во реката. А со росата на Духот, Он ја чисти сета магла на гревот неподнослива.

Асирскиот пламен, што го изгасна претворајќи го во роса, е Твоја слика, Христе, зашто Ти сега се облекуваш со вода за да го запалиш во неа штетниот непријател, кој повикува да одиме по патот на погибелта.

Кога се раздели Јордан во она време, луѓето Израелски минуваа по суво, предобразувајќи Те Тебе, Семоќниот, Кој сега го преведуваш созданието низ водите, кон патот нераспадлив и полезен.

Ние знаеме дека во она време го пушти сепогибелниот потоп за да уништи сѐ, правејќи преголеми и необични дела. А сега, Христе, го потопи гревот поради милосрдие и заради спасение на луѓето.

Песна 8.

Ирмосː Вавилонската печка која испушти роса, покажа преславна тајна; но Јордан, во своите води требаше да Го прими духовниот Оган, и да Го покрие крштаваниот Создател по тело, Кого луѓето Го благословуваат и Го превозносат во сите векови.

Избавителот му рече на (Јован) Претечаː Отфрли секаков страв, и пристапи кон Мене Добриот, послушај Ме и крсти Ме, бидејќи Јас сум Тој Кој слезе во човечка природа, Кого што луѓето Го благословуваат и превозносат во сите векови.

Кога ги слушна зборовите на Господа, Крстителот со треперење ја пружи раката. Но кога со раката ја допре главата на својот Создател, на Оној што се крсти му викашеː Освети ме, зашто Ти си мојот Бог, Кого што луѓето Го благословуваат и превозносат во сите векови.

На Јордан се јави Света Троица, зашто самата пребожествена природа – Отецот возгласиː Овој што се крштава е Мојот возљубен Син, а Духот слезе врз подобниот (Нему), Кого што луѓето Го благословуваат и превозносат во сите векови.


Друг канон.

Ирмосː Созданието ја знае слободата, а помрачените стануваат синови на Светлината; плаче само првакот на темнината. Наследството на народите, сега далеку од бедата, нека Го благословува својот Создател.

Трите боговидни (момчиња) во огнот поросувани, озарувајќи се со Трите сесветли Светињи, Ја покажувааа јасно Врвната Природа, соединета со човечката природа, Која со роса милостиво погубува секаква штетна заблуда.

Нека се облече во бело секоја земна природа која, отпадната, сега на небото се возведува, очистена од течните води од Оној чијшто збор ја пази вселената, која побегна од поранешните прегрешенија, благодарејќи на пресветлото крштение.

Песна 9.

Величај ја, душо моја, Дева Пречиста Богородица, која е почесна од горните воинства.

Ирмосː Не умее секој јазик да те слави според достоинството и збунет е секој ум, па и небесниот, за да те воспее, Богородице; но, бидејќи си вистински добра, прими ја верата, зашто ти ја знаеш нашата љубов божествена. Бидејќи ти си застапница на христијаните, ние те величаме.

Величај Го, душо моја, Оној што од (Јован) Претеча бара крштение.

Величај Го, душо моја, Оној што дошол во Јордан да се крсти.

Давиде, дојди со духот при крстените и кажи им ја оваа песна, велејќиː Пристапете сега со вера во Бога и просветлете се. Паднатиот беден Адам повика и него го слушна Господ, Кој дојде во Јорданските води, за да го обнови изгниениот.

Величј Го, душо моја Посведочениот од гласот на Отецот.

Величај Го, душо моја, Едниот од Троица, Кој ја приклони главата и прима крштение.

Исаија говориː Измијте се, очистете се, лукавствата пред Господа оставете ги; вие жедните, појдете за жива вода, зашто Христос поросува со вода, обновувајќи ги оние што Му пристапуваат со вера и со Духот за вечен живот ги крштава.

Пророче, дојди при Мене, простри ја раката и веднаш крсти Ме.

Пророче, остави сега, и крсти Ме, зашто дојдов да исполнам секаква правда.

Со благодатта и со печатот (на Светиот Дух) ние верните се запазуваме. Како што Евреите во она време го избегна истребувањето, благодарејќи на вратите со крв попрскани, така и оваа бања за повторно раѓање, што Бог ни ја нуди, ќе ни биде за избавување. Оттука ќе ја видиме и незодната Светлина.

Денес  Господарот ја преклонува главата пред  раката Претечева.

Ирмосː О чудо, кое секаков ум надминува! Невесто Сечиста, Мајко благословена, преку која примивме сесовршено спасение, достојно те фалиме како Добротворка, носејќи ти за дар песна благодарствена.

Денес Јован Го крштава Господарот во водите Јордански.

Денес Господарот во водите го погребува гревот човечки.

Она што капината му го откри на Мојсеја, дознаваме дека се исполни според чудесната промисла; зашто Дева се спаси носејќи Го Огнот, кога Го роди светлоносниот Добротвор Кој се јави во водите Јордански.

Денес Господ е посведочен од небото како Син возљубен.

Денес Господ дојде да ја освети природата на водата.

Денес Господ прима крштение од раката Претечева.

Ти ја помазуваш човечката природа усовршувајќи ја, беспочетен Цару, преку општењето на Духот, откако ја изми во чистите води. И, откако ја посрами високата крепост на темнината, сега нѐ водиш во вечен живот.

Ирмосː Не умее секој јазик да те слави според достоинството и збунет е секој ум, па и небесниот, за да те воспее, Богородице; но, бидејќи си вистински добра, прими ја верата, зашто ти ја знаеш нашата љубов божествена. Бидејќи ти си застапница на христијаните, ние те величаме.

Ирмосː О чудо, кое секаков ум надминува! Невесто Сечиста, Мајко благословена, преку која примивме сесовршено спасение, достојно те фалиме како Добротворка, носејќи ти за дар песна благодарствена.

 

Подготви: Светланка Арсовска Трајчева


Изворː ИЗБОР НА МЕСЕЧНИ И ПРАЗНИЧНИ БОГОСЛУЖБИ  - ПРВ ТОМ (Септември – јануари)

 

Друго:

Bogojavlenie.N.jpg

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3220
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7713
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная