логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Утрена
Тропар, глас 1.
Кога се крштеваше во Јордан, Господи, на светот му се откри Света Троица: зашто гласот на Родителот сведочеше за Тебе, именувајќи Те возљубен Син. И Духот, во вид на гулаб, ја потврдуваше вистинитоста на Неговите зборови. Христе Боже, Кој се јави и светот го просветли, слава Ти. (3-пати)


Седален, глас 3.
Кога се јави во Јордан, Спасителу, и кога се крсти од (Јован) Претеча, Христе, си бил посведочен за возљубен Син. Затоа се покажа и како собеспочетен на Отецот, а Светиот Дух на Тебе слегуваше. Од Него, пак, проветлени, викаме: Слава Му на Бога Кој е во Троица.


Слава, и сега, глас 4:
Христе Боже наш, Ти си ги осветил Јорданските води и си ја скршил силата гревовна. Си ги преклонил дланките пред (Јован) Претеча и родот човечки си го спасил од лагата. Затоа Те молиме: Спаси ги душите наши.
Седален, глас 5.
Откако се покри со Јорданските води, Ти Којшто преславно се облекуваш во светлина, во нив си ја обновил Адамовата природа која се уништи со прекршувањето на заповедта. Затоа, Слово Божјо, Те фалиме и Твоето свето јавување сите го прославуваме.
Слава, и сега, глас 4:
Јордане реко, зошто се исплаши? – Го видов Невидливиот необлечен, рече тој, и затреперив; и како да не затреперам и да не исчезнам пред Него? И неговите ангели се исплашија гледајќи Го; се исплаши и небото, а затрепери и земјата, и морето се разбранува, и сè видливо и невидливо. Христос се јави на Јордан да ги освети водите.


Величание: Те величаме, Христе, Извору на животот, Кој заради нас денес се крштеваш од Јован Претеча, во водите Јордански.

 

Избран псалм:
Боже, биди милостив кон нас и благослови нè. Осветли нè со лицето Свое. Кон Него погледнете и разведрете се. И лицата ваши нема да се посрамат. Речните потоци го веселат Божјиот град. Гласот Господов е над водите; Господ над силните води. Ги издигнаа реките, Господи, ги издигнаа реките гласовите свои. Но од бучењето на многуте води, од големината на морските бранови. Поради тоа ќе си спомнувам на Тебе од земјата Јорданска, од Ермон. Зашто во Тебе е изворот на животот: во Твојата светлина ние гледаме светлина. Морето виде и избега; Јордан се врати назад. Со силата Своја Ти го расече морето. И ги сотре главите на водните страшила. Ти ги отвори изворите и потоците. Те видоа, Боже, водите, Те видоа водите и се разбрануваа. Товојот пат водеше низ морето, Твоите патеки преку моќните води. Колку се многубројни делата Твои, Господи! Сè си направил премудро. Слава, и сега: Алилуја (3-пати)


Седален, глас 4.
Дојдете, верни, да видиме каде Христос се крсти! Да го проследиме тоа што се случи на реката Јордан, кон гласот на оној што вика во пустината, и да го видиме таму Создтелот на Адама, како се крштева од раката на слугата, поради Неговото неискажливо човекољубие, и кон Него велегласно да извикаме: Ти си дошол и си се јавил во Јордан да ги осветиш водите.
Стихира, самогласна, глас 6.
Бог Словото му се јави на родот човечки, стоеше во Јордан да се крсти, и (Јован) Претеча Му говореше: Како да ја пружам раката и да ја допрам главата на Оној што ја држи вселената? Иако си дете на Марија, јас знам дека си Бог предвечен; по земјата одиш воспеан од серафимите, а јас не научив дека слуга може да крштева Господар. Недостижен Господи, слава Ти.
Кондак, глас 4.
Господи, денес ѝ се јави на вселената, и Твојата светлина, се покажа врз нас, кои разумно Ти пееме: Ти си дошол и си се јавил, Светлино непристапна.
Икос: На Галилеја незнабожечка, на земјата Завулонова и Нефталимова, како што рече пророкот, им засветли Христос - големата Светлина; на помрачените им се јави светол зрак, кој засветли од Витлеем, или поточно, на целата вселена Господ ѝ пушта зраци од Марија - Сонцето на Правдата. Затоа, вие кои сте соголени од Адама, дојдете сите да се облечеме во Него, да се стоплиме, зашто Он ги покрива необлечените и ги просветлува помрачените. Ти си дошол и си се јавил, Светлино непристапна.
Светилен.
Се јави Спасителот, благодатта и вистината во водите Јордански, и ги просветли оние што спијат во темнина и сенка, бидејќи дојде и се јави непристапната Светлина. (3-пати)
Хвалитни стихири на 4, глас 1.
(од патријархот Герман)


Светлина од Светлина – Христос нашиот Бог и Спасител се јави и на светот му зсветли. Нему, луѓе, да Му се поклониме.
Како, Христе, ние Твоите слуги, достојна почит да Ти оддадеме, зашто во водите сите нас нè обнови.
Спасителу наш, кога се крсти во Јордан, ги освети водите, прифаќајќи еден слуга да ги положи своите раце врз Тебе, за да го исцелиш светот од страстите. Голема е тајната на Твоето јавување! Човекољупче Господи, слава Ти.
Вистинската Светлина се јави, и на сите просвештение им дарува. Со нас се крштева Христос, Кој е повозвишен од секаква чистота. Он ги осветува водите, и тоа за душите станува очистување; тоа што се јавува е земно, но она што се разбира е повисоко од небесата. Преку бањата ни доаѓа спасението, а преку водата – Духот. Преку потопувањето ( во водата ), станува нашето искачување кон Бога. Чудни се делата Твои, Господи, слава Ти.

Слава, глас 6: (Анатолиева)
Со водите Јордански се облече, Спасителу, Кој со светлина се облече како со облека, и на (Јован) Претеча му ја приклони главата, Ти Кој небото си го измерил со дланката, за да го одвратиш светот од лагата и да го спасиш како Човекољубец.
И сега, глас 2:
Денес Христос дојде на Јордан да се крсти, денес Јован се допира до главата на Господа. Силите небесни се исплашија, гледајќи го преславното таинство. Морето виде и побегна, а Јордан, кога виде, се врати назад. Ние, пак, просветлени, викаме: Слава Му на Бога Кој се јави и беше виден на земјата, и светот го просветли.

 18-ти јануари 2017 год.

 

Подготви: Т.С.

Изворː ИЗБОР НА МЕСЕЧНИ И ПРАЗНИЧНИ БОГОСЛУЖБИ – ПРВ ТОМ (Септември – јануари)

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…
Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 395
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…