логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

А. С, Бочаров, А. В. Чернишев

men.jpg


МОТИВОТ НА ДЕПРЕСИЈА
ВО ПОЛИФОНИЈАТА НА ДУХОВНИОТ ЖИВОТ

 

Нека не ни биде здодевно.
Галатјаните 6:9

 


Кога говориме за претераната желба на човекот да најде „духовен отец“, треба да се истакне дека тоа не претставува склоност само на хистеричните личности.

3.angeli.so.trubaРаководејќи се со мотиви различни од мотивите на хистероидите, и околу вистинските и околу божемните духовници се собираат лица со депресивни црти на карактерот. За нив, „доминантен е стравот од губиток, манифестиран на различни начини  страв пред изолирачко дистанцирање, страв од незаштитеност и осаменост, страв од напуштеност. Тие бараат неограничена блискост и невообичаено силни врски што ги врзуваат со другите, зашто во тоа ја наоѓаат заштитата“ од своите стравови.

Треба да истакнеме дека „имавме среќа“ да воспоставиме блиски односи со верници со изразена депресивна акцентуација. Мора да признаеме дека воопшто не е едноставно да се комуницира со нив. Треба да се има не само особен такт, туку и силна внатрешна заштита, зашто тие несвесно се обидуваат да проникнат во сите сфери на животот на собеседникот, постојано поттикнувајќи го на отвореност со неочекувани знаци на особено расположение и внимание. Понекогаш тие долго време му се „вовлекуваат под кожа“ на избраниот човек, обидувајќи се да сраснат душевно со него, за да најдат  под сенката на неговите крилја  спокој за самите себе. Притоа, без оглед на тоа што многумина од нив мошне добро владеат со навиката за манипулирање со другите луѓе, самите лесно потпаѓаат под туѓо влијание и често стануваат жртви на безобѕирни личности, коишто ја користат нивната слабост.

Во нашиот случај, таквите безобѕирни луѓе се лажните пророци и лажните духовници коишто, да повториме, во најголем број се префинети психолози и манипулатори.

Степенот на изразеноста на депресивните растројства, секако, е различен. Почнувајќи од едвам забележлива склоност спрема созерцување, срамежливост, минувајќи преку претерана неодлучност и скромност, пасивност спрема животните ситуации, и завршувајќи со апатичност, меланхолија, малодушност, постојана празнотија и зачмаеност. Краен степен е  паѓање во грев на малодушност, целосна недоверба спрема Творецот, очај и, како граница  самоубиство .

На младите свештеници, коишто поради душевна простота и неразбирање дозволуваат таквите луѓе длабоко да навлезат во нивнот личен живот, не забележувајќи дека тие дури ни чевлите не ги избришале пред прагот  навистина им е тешко. Секако, целосната предаденост на таквите луѓе е вреден квалитет. Но, во дадениот случај таа предаденост, како прво, е погрешно насочена, и како второ, е претерана или, поточно кажано, несоодветна на конкретната ситуација. Сета активност на таквите луѓе е исполнета со длабоко сокриена тревога и со стравови, при што не е тешко да се уврди причината за тоа стремежот за богоопштење. Нивниот страв, кој како постојан фон е присутен во целиот нивен живот, произлегува од недовербата спрема Бога. Последица од тоа е  потрагата по заштита. „Депресивните личности бараат зависност којашто дава надеж за сигурност.“ 

 

Наместо свештеник, како „донор“ може да фигурира секоја личност којашто е макар и малку силна. Еве една карактеристична ситуација.
Длабоко во ноќта чита молитва пред спиење. Неочекувано се огласува ѕвоното на вратата. На вратата стои В. и вели:
- Мора итно да разговараме!
- Влези...
- Долго размислував и дојдов до заклучок ... (длабока воздишка), дека сум подготвен да се откажам од дружењето со речиси сите мои пријатели (пауза). Очигледно е дека врските постепено ослабнуваат. Зашто да се одржуваат празни односи? Но, двајца-тројца сè уште се мошне важни за мене... (воздишка).
З. е заинтригиран: кого В. ќе го усреќи? 
-И? (вели З. збунето).
- Мислам дека моите односи со тебе се мошне блиски. Единствено тебе можам да ти се доверам...
- Имаш ли некаков проблем? Во прва прилика појди кај отец Н. Раскажи му, исповедај се.
- Вчера вечер бев кај него, разговаравме три часа. Тоа беше мошне сериозен разговор... Но... (воздишка).
- Што, малку ти беше?  се досетува собеседникот.
Итн., итн.

 Да обрнеме внимание дека и овој разговор, и важниот разговор со свештеникот, се одвиваат во вечерно време, зашто токму тогаш се изоструваат сите проблеми на депресивните личности. Таквите долги разговори ретко водат кон подобрување на состојбата, бидејќи недостасува вистинската желба за извлекување од безизлезната ситуација.

Разговорот понатаму се одвива според типично сценарио, развлекувајќи се неколку часови. Притоа, В. е до таа мера обземен со своите проблеми, што околниот свет паѓа во втор план, се замаглува. Проблемите на неговата личност стануваат единствен повод за кој треба да се разговара.

 

Како една од најважните црти на духовниот портрет на депресивните личности може да се наведе вообразеноста, титанските усилби „да се стане свет со свои сопствени сили“. Таквите усилби единствено водат до брзи и длабоки разочарувања и го туркаат човекот во малодушност, состојба од која не може да излезе со свои сили (затворен круг). Оттука произлегува желбата да најде „помошник и покровител“, но, од одредени причини меѓу луѓето. За жал, се игнорира (не на зборови, туку на дело) Помошникот, способен да го исцели секој човек кој ќе Му ја довери до крај својата душа.

Авторот на книгата „Невидливата борба“ во врска со тоа укажува: „Грешат оние коишто го сметаат за добродетел претераното очајување што се јавува кај нив по сторениот грев, не разбирајќи дека тоа произлегува од гордоста и суетата што се вкоренуваат во нив поради нивното преголемо надевање на самите себе и на своите сили. Зашто, размислувајќи за себе како за нешто доволно големо, тие презеле врз себе многу работи, надевајќи се самите да се справат со нив. Гледајќи, пак, потоа  од личното искуство на својот пад  дека не располагаат со никакви сили, тие се запрепастени, како да се среќаваат со нешто неочекувано, се двоумат и паѓаат со духот; зашто, го гледаат паднат и спружен на земја истиот оној кумир, односно самите себе, во кој ги полагале сите свои надежи и очекувања“.

Испитувајќи го подлабоко внатрешниот свет на својата душа, тие се плашат да си признаат на самите себеси дека се такви какви што се, кукавички истиснувајќи ја вистината од сознанието.
Без сомнение, тоа не е единствениот механизам за развој на депресијата. Но, ние ќе зборуваме за депресивни личности, за луѓе со конкретна акцентуација, склони кон реализацијата на укажаните механизми.

Карактерна психолошка особеност на развојот на депресијата може да се смета променето восприемање на времето.
„...Од страна на депресивните болни времето се восприема како закочено, забавено. Според степенот на продлабочувањето на депресијата, болните си повторуваат: Колку бавно протекува времето.“Причините за депресијата се длабоко сокриени од самиот човек во пазувите на неговата душа. Кај депресивните личности механизмот на самоизмама, на истиснување, функционира автоматски. Тие луѓе сакаат отворено да се сретнат со разочараност, со неуспех, со тага, со болка. Треба искрено да се каже: „Да, јас сите свои надежи ги полагав во тие односи (во тие постапки), но јас, токму јас се покажав слаб, неспособен, и затоа нема никаков резултат од сето тоа. Самодовербата ме доведе до крах, и јас гледам дека без Божја волја ништо не може да се направи.“ Современиот психотерапевт Д. Хел забележува: „Ако човекот нема сили да си признае себеси дека го изгубил она што за него имало особена вредност, тој се затвора, се оддалечува од целта, се стреми да најде нови ориентири. Со самото тоа тој се изложува на опасност да доживее нови губитоци и разочарувања поради своите нереални очекувања“.

Мошне важен фактор во делот на духовната рехабилитација на таквите парохијани е личноста на духовникот. Искусен и чесен свештеник, секако, ќе се обиде да направи сè што е можно за да му помогне на страдалникот (депресијата е измачувачка!), не заклонувајќи го притоа Христа. Но ако на патот на таквиот барател се најде човек склон кон манипулирање со другите, може да дојде до трагедија.

Треба да се има предвид и следново: депресивните личности, како и хистероидите, се склони кон идеализирање на луѓето околу себе, особено на оние што се важни за нив (нереален свет). А тоа е предуслов за создавање психолошка зависност. Дури и ако разберат дека со нив се случува нешто лошо, тие не се способни за „праведен гнев“, ставајќи ја својата зависност на прво место и плашејќи се да го пројават својот карактер (волевите квалитети на тој карактер понекогаш се веќе атрофирани). Кај нив агресивноста се пројавува во замаскирани форми (таа ретко е насочена кон надвор): во бесконечни тажења, лелекања, жалења на судбината, сето тоа проследено со длабоки воздишки. Сето тоа се прави со цел да се предизвика сочувство и сострадање. Понекогаш тие ги мешаат смирението и жалењето  поради сторените гревови  со својата депресија. „Зарем не знаете дека Бог ни заповедал смирение и понизност?“  велат тие понекогаш. Всушност, тоа нивно смирение е фиктивно и во негова основа лежи префинето самољубие. „Тие бараат гершки само во своето сопствено однесување, и постојано се зафатени единствено со самите себе“, трансформирајќи го понекогаш чувството на вина во самоказнување.

Од пројавеното чувство на жалење треба да се искристализираат плачот за гревовите, тагувањето по Бога, отфрлајќи ги, притоа, песимизмот, замосожалувањето, експлоатирањето на чувствата. Чувствата, исто така, треба да се „воспитуваат“, ослободувајќи ги од непотребните наслаги. Дури тогаш, на просветлените чувства, ставени во служба на духот, треба да им се даде достојно место. Зашто, нашите чувства претставуваат „повеќе од фундамент, на кој се гради разумот облечен во вербална форма. Нашите чувства потесно нè поврзуваат со другите, одошто нашите мисли.“

Како што тоа може да го направи и секоја друга болест, и депресијата може да доведе до подлабоко разбирање на својот живот и на својата предодреденост. „Сите големи отци на црквата, почнувајќи од Павле, преку Августин, па сè до Лутер, минале низ душевна катастрофа. Укажувам на тоа, зашто не сакам нивните доживувања едноставно да ги поистоветам со клиничка депресија. Тие ја доживеале својата несреќа како најдлабока вистина“, пишува еден западен истражувач.

Но, запнувањето во фазата на непродуктивно самообвинување, карактеристично за таквите луѓе, не води кон излезот од слепата улица. Верникот кој со напнатост постојано бара од самиот себе едно и исто, не може едноставно да си каже: „Да, јас го направив тоа“. А од тој миг, всушност, и започнува спознавањето на својата вистинска состојба. Се јавува и надежта на Божјата милост, без која човекот не може да расте духовно.  Да повториме дека таквите парохијани сакаат да му досадуваат на свештеникот со бесконечни разговори, често за една иста работа, понекогаш засладувајќи ги деталите на свои доживувања.


Ф. М. Достоевски забележал дека депресивните луѓе „дури и во самото чувство на понижување се обидуваат да најдат насладување“.
Депресивната состојба треба да биде сигнал, знак за узбуна дека во душевниот и во духовниот живот на човекот постојат сериозни проблеми.
Навистина, ние често „и не настојуваме да ја излечиме нашата душа, туку само одвреме-наверме земаме таблети за ублажување на болката, со што за краток миг престанува постојаната болка. Ние ја затапуваме таа болка со алкохол, со наркотици, со разонода, но не се обидуваме да се излечиме. Зарем така треба да се однесува разумно битие?“

На К. Г. Јунг му се припишува следниот извонреден опис на депресијата. „Таа наликува  вели тој  на дама во години, во црна облека. Ако се појави, таквата дама не треба да се избрка. Напротив, треба да се седне со неа на маса и да се ислуша што таа сака да каже.“ Друг познат психотерапевт препорачува да се прифати депресијата како таква, и по можност на болниот да му се помогне да го прибере духот, за да може да живее со неа. „Не се работи за тоа на страдалникот да му се нагласи неговото страдање туку, напротив, тоа страдање да му се претстави како огледален лик на неговото постоење коешто, во своето безумие, настојува да ги избегнува животните проблеми“

Несакањето да се води сериозен разговор со таа „дама“ води до обиди да се одржува каква-таква рамнотежа. Тоа обично се прави со нечија помош.
Современиот психотерапевт Еми Гут (Emmy Gut) гледа во депресијата „позитивна потенцијална сила во дејство. Таа се држи до ставот дека во депресивната состојба ситуациите на неуспех и на губиток може да бидат преиначени, зашто депресивната опустошеност принудува на мирување и истовремено нуди можност да се согледа она што изнурнува од потсознанието. Во периодот на депресијата, во тишината и спокојот, може да се развие нешто ново. Со самото тоа, депресијата може да стане продуктивна.“

Но, не треба да се запаѓа во друга крајност и да ì се радува на депресијата.

Се среќаваат случаи кога човек навистина ужива во својата депресивна состојба. „Стереотипните претстави за тоа дека човекот не сака лоши расположенија се крајно погрешни. Нурнувајќи се во состојба на депресија, човекот стекнува некакво чудно задоволство поради својата тага. Често чувствува дека има дури и некакво превасходство над луѓето исполнети со животна радост и веселба.“ Меѓутоа, тоа превасходство е со мошне сомнителен квалитет. „Една млада жена го споредувала паѓањето во депресивна состојба со паѓањето во црна јама без дно. Гледаш удолу, во црна бездна: страшно, свеста ти се врти, а во исто време не можеш да го оттргнеш погледот и некоја несовладлива сила те влече таму, долу: „Оди таму таму владее спокој“. Не треба да се заборава дека за православниот христијанин „единствената грижа, којашто е дозволена, е грижата заради своите гревови. Но, светиите повлекуваат јасна граница меѓу страсната грижа и таговната грижа заради гревовите. Второто чувство, според сведоштвото на светите отци, носи со себе мир и спокој, а првото – непријатност, тага или тревога.“

И „како што болниот не може да носи тежок јарем, така и малодушниот не е во состојба внимателно да ги исполнува Божјите дела; зашто кај првиот телесните сили се растроиле, а вториот останал без душевни сили (преп. Нил Синајски).

Како да се свесни за тоа, депресивните личнсти обично за собеседници избираат луѓе коишто се, од една страна, доволно силни и кои, од друга страна, нема да допрат до вистинските причини за нивната малодушност и депресија. А на тоа барање соодветстуваат семожни лажни пророци и „старци“, во чии беседи и совети понекогаш е сокриено суптилно додворување и се присутни елементи на игра и на лукавство. Тие ги држат „во форма“ оние што им пристапиле, но не им дозволуваат да погледнат на себе и на околната реалност. Да ги спомнеме тврдењата на некои психолошки школи (делумно, психоанализата) за тоа дека причините на невротичните страдања можат да произлезат од детските проблеми. Во писмата на преп. Амвросиј Оптински може да се најде укажувањето дека се работи за етиолошки (причински) фактори на депресија. „Еден ѓакон, којшто страдал од непозната болест проследена со тагување и со страв (депресија?  автори), го молел преподобниот Амвросиј да се помоли за него. Со своето духовно око старецот ја согледал причината на болеста што го измачувала и му напишал одговор: „Почеток и прва причина за вашата болест се детските гревови коишто, најверојатно, во свое време не сте умееле или сте се срамеле да ги исповедате!“ Според наше видување, тука е присутен истиот механизам: „недозволена грижа“ за гревот, желбата да се сокрие од самиот себе и од другите, оттука и стравот да се исповедаат своите постапки.
Човек којшто се нашол во ситуација на изнудено блиско општење со депресивна личност треба, се разбира, да биде внимателен. Како што гледаме, таквите луѓе се склони да ги украсуваат проблемите, да ја преувеличуваат  тежината на ситуациите и долго да говорат за нив на граница на искреност. Со умешноста да се дружат така таговно, депресивните луѓе потсетуваат на шизоидите, коишто до таа мера се потонати  слично на нашите јунаци  во својот внатрешен свет, што околната средина за нив станува речиси неважна. И воопшто, шизоидната акцентуација отворено соодветствува со карактеристиките на депресивните личности. Затоа и спрема крајно личните раскажувања треба да се однесуваме мошне внимателно. Не треба да се заборава на ранливоста и на зависноста на тие луѓе. Св. Филарет Московски предупредува: „Личната искреност, којашто човек не е подготвен да ја бара во изобилство, треба да се прифати како резултат на слободно расудување, со такво уважување и со страв Божји, со кој треба да се прими тајната на христијанската душа, која е Божја“. Инаку, може да дојде до „интоксикација со тајната“. Таквата блискост здосадува, интимното се обезбојува, станува банална.
Игуменот Евмениј (Перистиј) го дава следниот совет на пастирите: „Најважната работа е  животот на таквиот човек да се исполни со смисла. И ако духовната смисла на постоењето за таквиот човек се покаже висока и премногу тешка, тогаш радоста на живеењето во жртвеното служење на другите луѓе, радоста на целосното дарување на самиот себеси на другите, може да даде надежен излез од депресивната темнина. Убеденоста дека е добро да се дава, да се биде од полза на другите, светот да се прави подобар за другиот  на човекот му дава нов, моќен извор на смисла. Сличен потенцијал за извлекување на човекот од депресивната темнина на светлината на одговорно однесување спрема самиот себе и спрема околината може да претставува и творештвото. Создавање нешто ново од страна на човекот, нешто што се истакнува со новина или красота и хармонија, претставува силен противотров за чувството на депресивна бесмисленост“.

Треба да се признаат уште две работи во врска со таквите личности. Како прво, во духовна смисла, тоа е една од најтешките категории на парохијани. Како второ, како што веќе укажувавме, токму од нивната средина произлегува најголемиот број самоубијци. „Луѓето коишто имаат суптилно душевно устројство, големо честољубие и префинетост, или страдаат од меланхолија, или завршуваат со самоубиство. Тие и самите се чувствителни, а ѓаволот ги прави уште почувствителни... Зашто, ѓаволот им попушта на нивните наклонетости.“ „Тешкотијата“ на тие луѓе е во тоа што, наоѓајќи се во состојба на очај (тоа се искажува преку своевидна мимика, со загрижена маска на лицето, со воздишки и сл.), па дури и искажувајќи помисла за самоубиство, тие покажуваат активно спротиставување на сите обиди на луѓето што се околу нив да им помогнат да излезат од ситуацијата, да се помират со реалноста, да растат духовно.

Ако човекот во сите ситуации во кои се наоѓа гледа само причина за своите страдања и не умее да прифати дека сето она што му се случува доаѓа од рацете на Творецот, тој ќе паѓа со духот при секој неуспех. Преподобниот Антониј Велики расудува вака: „Состојба во која некој се наоѓа без своја волја и не со драго срце, за него претставува темнина и казна. И така, биди задоволен со тоа што го имаш, инаку, пренесувајќи ја таа своја состојба без благодарење (со незадволство, без своја волја), ќе станеш тиранин на самиот себе, без да си свесен за тоа“.

Оваа светоотечка теза најдобро ја објаснува разликата меѓу „осаменоста“, којашто претставува проблем на сето човештво, и „болеста на осаменост“, којашто, фактички, означува крах на идеалните претстави за животот, раскинување на илузорните врски коишто некогаш изгледале мошне важни. Кризата на семејството, безвредното друшто, меланхоличното чувство за нешто светло, чувството дека на никого не сте му потребен, нереализирани творечки способности... Душата се обеспокојува и паѓа во очај.

На прашањето „како да живеам“, преподобниот Амвросиј Оптински одговорил: „Живеј без да се жалиш, никого не осудувај, никому не досадувај, и почитувај ги сите“. Биографот вака го објаснува овој шеговит одговор: „Ако посериозно се задлабочиме во оваа поука, ќе можеме во неа да ја согледаме подлабоката смисла. „Не жали се“  значи срцето да не се занимава со грижи и неуспеси небитни за човекот, туку да се насочува кон Единствениот Извор на вечната сладост  кон Бога; преку тоа човекот и при безбројни и најразлични неприлики може да се успокои, помирувајќи се со нив, односно смирувајќи се.“

Секој човек има некакви позитивни квалитети. Некој „од раѓање“ е несреброљубив, некој е кроток и попустлив. На секој тип личност соодветствуваат одредени карактерни црти коишто со успех можат да се применат во извршувањето добри дела. Преподобниот Серафим Саровски во својата позната беседа за целта на христијанскиот живот, го споредува животот со пазар на кој треба да се изложи најдорбата стока. Би било чудно, имајќи полн дуќан со чоја, да одмавнеме со раката и да се обидеме да „направиме бизнис“ со галоши, коишто во дадениот миг тешко дека ќе можеме да ги набавиме, а и тешко дека ќе можеме да ги продадеме. Секој човек треба да знае за кое добро дело најмногу е расположен. Притоа не треба да заборава дека стоката, којашто ја има во изобилство, и којашто се добива како дар (вродените својства), е мошне ефтина. А тоа што недостига ќе се продаде по повисока цена. Човекот што никогаш не водел сметка за пари, може спокојно да даде милостиња на бедниот или да даде позајмица на некој далечен познајник. Но ако тој се тресе над секоја пара, ако е скржав и ако на никого не дава на заем, тогаш секоја, дури и најмала жртва, дадена од сè срце, ќе се цени мошне високо. Така, користејќи се со вродената склоност за добри дела, човекот треба да ги знае своите силни и слаби страни, и да се труди околу нив.

Луѓето со депресивно устројство на својот карактер ги имаат квалитетите на еден христијанин, како што се сконцентрираност, склоност спрема задлабочување и созерцување. Кај нив е присутно длабоко доживување на својата вина. Воопшто, тоа се луѓе со длабоки чувства, со богат душевен свет, склони кон возвишени размислувања. Во секое дело тие се стремат да ја достигнат неговата длабочина. Поради тоа, тие брзо паѓаат во малодушност, им недостига надеж и смелост да се радуваат.

Ако самољубивите хистероиди и горделивите шизоиди треба почесто да го користат таквото ефикасно духовно оружје какво што е самопрекорувањето, депресивните личности, коишто веќе владеат со него (макар и во искривен облик), треба почесто да прибегнуваат кон мислата за величието Божјо и за Неговото милосрдие, за да ја негуваат надежта во себе.

Според учењето на светителот Тихон Задонски, „под терминот христијанска надеж треба да се подразбира чувство што го има еден христијанин кога тој со својот ум, срце и волја се препушта на едниот Бог, на Неговата највисока премудрост, совршената љубов спрема човекот, семоќноста и праведниот суд.“ На опишаниот тип луѓе им е својствен сериозниот однос спрема своите обврски, па макар и да се работи главно за оние обврски коишто реално го интересираат. Не е толку важно што притоа тие често застануваат на половина пат, што ги обзема песимизам и што креваат раце од сè. 

Ако тие ја надминат својата лабилност и склоност спрема грижи, ако се научат да го слушаат гласот на совеста и ако почнат да се надеваат во Бога, кај нив се отвора прекрасна можност да станат вистински христијани.

(продолжува)

 3.angeli.so.truba

Издавач: Премин доо

 3.angeli.so.truba

 

 Друго:

 

 
 

 А. С. Бочаров, А. В. Чернишев


ОГЛЕДИ ОД
СОВРЕМЕНАТА
ЦРКОВНА
ПСИХОЛОГИЈА

ПРЕДГОВОР

Да се каже дека живееме во сложено време, значи -  да не се каже ништо. Според зборовите на блажениот Августин, ние сме времиња. Имено, од нас зависи какво ќе биде нашето време. Но, сепак, не можеме, а да не забележиме дека односот на Црквата кон современиот свет е мошне сложен. Макар што е модерно, во информативните медиуми, грубо да се напаѓа православието, гледиштата на нашите сонародници, макар што и самите тие не се секогаш свесни за тоа, сепак, се свртени кон Православната Црква. И, макар што христијаните не се секогаш издигнати на доволно високо ниво, Исус Христос е ист вчера, и денес и во веки (Евр. 13, 8), а Црквата била и ќе биде Столб и Тврдина на Вистината (1 Тим. 3, 15).
Повод за пишување на оваа книга е пријателството со еден виден човек, кој во почетокот на својот црковен живот ја поминал „школата“ да служи на „младостарец“ . Направил анализа на односите на луѓето, коишто пристапуваат кон Црквата, во однос на многубројните феномени со коишто се сретнуваат на тој пат. Резултатот на извршената анализа е мало психолошко истражување, коешто ги одразува „сломовите на душата“, на современите православни верници. Ние се обидовме да ја истакнеме мислата дека Црквата е чиста и непорочна, и дека не треба да се поистоветуваат гревовите и проблемите на нејзините членови со некакво „разградување“ на Црквата. Затоа, не треба да нè чуди што во гледиштата изнесени во оваа книга има толку многу описи на негативните карактеристики на луѓето коишто пристапуваат кон Црквата. Тоа воопшто не е проблем на самото православие. Црквата е мајка, лекар, духовна тврдина кон која прибегнуваат оние што имаат потреба од исцелување. За луѓе со суштински проблеми и со аномалии во душевната сфера, само Православната Црква може да им даде сè што е неопходно за духот, без оглед на многубројните слабости на нејзините членови.
Гледано од страна, луѓе со различни отклонувања многу почесто се сретнуваат во православната средина отколку во другите христијански конфесии. Таквото тврдење е само делумно точно. Зашто, каде на друго место ќе сретнеш толку многу духовно здрави луѓе? Каде на друго место сме виделе да се пројавува дејствувањето на вистинските благодатни дарови? Истовремено, се чувствува потреба да се постави прашањето: а каде на друго место треба да појде болниот, ако не во болница? „Денес во светот има многу душевно болни луѓе. И, особено многу ги има во Црквата“ - смета протојереј Владимир Воробјов.
Но, на оваа појава може да се гледа и од друг аспект. Се работи за тоа дека семожните патопсихолошки феномени се во разногласие со духот на православието и јасно се видливи на неговиот фон. Навистина, карактеристично за Православната Црква е што јасно ги расветлува недостатоците и дисхармоничните црти на личноста. Како здрава средина, православието не може да поддржува и да одгледува во себе каква и да е патологија.
За нас е очигледно дека православието во целост го сочувало вистинското Христово учење и дека претставува најздрава заедница. Затоа, имено, во него - и никаде на друго место - јасно се забележуваат сите човечки слабости, меѓу кои и душевните, од кои произлегуваат пороците и телесните страдања (психосоматика).
И уште една теоретска премиса од која тргнавме. Разгледувајќи ги акцентуациите и, воопшто, аномалиите на личностите, можеме да истакнеме два важни момента.
Како прво, сите тие се развиваат врз основа на одредени гревовни страсти, растат според мерата на нивното продлабочување и се намалуваат според мерата на борбата со нив.
Како второ, сите аномални црти имаат механизми на заштита од нападите на совеста и на чувството за покајание. А таа заштита не може лесно да се совлада. Тука спаѓаат сублимацијата, потиснувањето, проекцијата -нешта, коишто не ги разбираме во смисла на фројдовската психоанализа, туку како психопатолошки механизми, коишто овозможуваат да ја избегнеме духовната работа.
И така, Православната Црква ја има полнотата на благодатта, којашто го храни човековиот дух. Меѓутоа, работите се посложени кога е во прашање организацијата на душевниот живот, зашто таа сфера директно зависи од оние луѓе коишто ја сочинуваат заедницата, парохијата, од личноста на духовникот.
Во процесот на пишувањето, оваа книга стана поопширна одошто планиравме. Во неа ги додадовме поглавјата за алкохолизмот и за психологијата на болеста. За жал, денес кај нас има многу малку целосни, завршени трудови од областа на православната психологија. Затоа и нашиот труд, кој ни најмалку не претендира на сеопфатност и на непогрешност, ги повикува читателите на размислување, па дури и на полемика.
Кратките поглавја „Ако заминуваш - заминувај“, „Пијанството и алкохолизмот“, „Гласот на песимистот“, „Психологија и психопатологија на духовното раководство“ и „Некои аномалии на личноста од гледна точка на православната психологија“, коишто влегоа во оваа книга, се посветени на анализата на дисхармоничните црти на личноста, со цел да се помогне во понатамошниот избор на правилен пат и на правилни средства за исправање на состојбите.  
Описите на растројствата на личноста ги наведуваме како според одделните симптоми, така и според крупните синдроми, користејќи ги термините „хистероиден“, „параноиден“ или „депресивен“ тип на карактерот. Но, во практиката ретко се сретнуваат апсолутно чисти типови. Најчесто во секој од нас, во чудни комбинации, се помешани аномалните и штетните својства, така што можеме да воскликнеме заедно со св. Теофан Затворник: „Еве го редот на гревовната сфера! Секој грешник е целиот во неа, но главно се држи за едно нешто!“. Не треба да се заборави и на заострените црти на карактерот кои се резултат на одредени ситуации. Така, научник што работи на нова статија може со месеци да остане заглавен во својата тема, претставувајќи на тој начин упорна личност. Човек што претрпел тешка загуба, може долго време да пројавува црти на депресивна личност и сл.
Прашањето за тоа што се смета за норма, а што за патологија, секогаш било мошне сложено. Методолошкиот арсенал на православниот психолог е збогатен со такви јасни аскетски поими како што се грев, страст, гревовни навики и сл. Тоа знаење го става во поповолна положба, во споредба со световните научници, коишто не ги разграничиле нормата и патологијата. Да се потсетиме дека во современото општество постои тенденција психичкото растројство да се смета како некаква варијанта на нормата, со тоа што таа не е применлива на доминантно општествен стереотип .
Уште една премиса од којашто тргнавме. Еден од важните поими во православието е преобразбата - не претворањето, туку одухотворувањето, возвишувањето, облагородувањето на сè што е природно, на сите нешта што се во човекот, меѓу другото и на неговите душевни сили. Ова пресудно влијаше врз утврдувањето на насловот на книгата.
Како автори, не направивме ниту најмал обид да ги класифицираме аномалиите користејќи се со веќе познати термини и поими. Не си го поставивме како цел ниту описот на сите можни патокарактеролошки феномени. Темите на нашите поглавја се ограничени на проблемите на патопсихологијата во контекстот на православниот поглед на душевниот живот на човекот. Тоа се нафрлени анализи на портрети на аномалните, невротичните, акцентуираните „стилови“ на егзистирање во ентериерот на црковниот начин на живеење, нацртани со перо на православен психолог.
Меѓу задачите на оваа книга е и утврдувањето како се формираат одредени акцентуирани карактери, како личностите со таков карактер дејствуваат во условите што владеат во црковната заедница, со какви тешкотии се сретнуваат, кои се патиштата на хармонизација на личноста и на преобразувањето на душата.
Во сферата на нашиот интерес најчесто влегуваа акцентуирани личности . Ние се обидувавме да ја разгледаме врската на акцентуацијата со гревовните навики, не заборавајќи дека и „здравиот“ човек може да биде голем грешник, без притоа да покажува знаци на растревоженост или грижа на совеста. Од друга страна, човек со сериозно нарушено психичко здравје може да биде значително почист и подлабок од т.н. просечен, „нормален“ човек.
Авторите воопшто не претендираат на оригиналност и на систематичност на излагањето. Оваа книга попрво претставува зборник со огледи, обединети во една општа идеја. Освен тоа, ние намерно не го упростувавме материјалот, зашто за длабоките појави најдобро може да се зборува на јазикот на професионалниот психолог. Се смета дека е полезно секој човек, којшто се интересира за православната психологија, да влезе во светот на најдобрите достигнувања на психолошката наука. Од друга страна, сите психолошки феномени во книгава се разгледуваат од гледна точка на православната антропологија, затоа во текстот има толку многу повикувања на богословски текстови. Соодветно, оваа книга е наменета за луѓе коишто размислуваат и творат.

 

15ти февруари 2020 лето Господово

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1903
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2414
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

21/11/2024 - четврток

Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Свети Ангел Лерински;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Тропар на светите Христови Маченици Јерон и другите 33 Мелитински маченици 7 ноември / 20 ноември 2024

Сила Ти даде на телото човеково, о, Господи, но верата во човека планина преместува, секое безумие го победува и кон...

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Тропар на св. Павле патријарх Цариградски 6 ноември / 19 ноември 2024

Со исповедувањето на Божествената вера,Црквата те покажа како втор Павле,ревнител меѓу свештениците:со тебе повикува и Авел кон Господа,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная