логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


Откривањето на македонскиот јазик од европските лингвисти


Македонија е присутна во европската наука многу години пред формирањето на државите по Втората светска војна. Дел од фактите, кои се од огромно значење за нас, наскоро ќе бидат печатени од МАНУ, во делото "Откривање и проучување на Македонија во европската наука до формирање на македонските државни институции". "ВЕЧЕР" ексклузивно пренесува делови од книгата што ќе се појави следната година, преку презентациите на научниците присутни на истоимениот меѓународен собир


Македонските говори, особено јужните, како периферни за словенскиот јазичен свет, и како претпоставена основа на старословенскиот (кирилометодиевскиот) јазик, го привлекле вниманието на научниците уште со зародишот на славистиката. Ова го тврди проф. д-р Коста Пеев од Филолошкиот факултет, во "Откривање на македонскиот јазик од европските лингвисти".

- Уште Вук Ст. Караџиќ, во Виена, 1822 година, напечатил 27 народни песни од пиринскиот дел (Разлошко) врз кои, и уште врз некои евангелски текстови, правел обид да ја претстави граматичката структура на споменатиот македонски говор, вели професорот Пеев. Тој ја потенцира и книгата на рускиот професор В.И. Григорович, која се појавила кон крајот на првата половина од 18 век. Во неа, според Пеев, се пишува за македонските говори, и уште тогаш се нагласува дека во Корчанско се чуваат остатоци од назализам.

- Само десетина години подоцна македонските говори од Солунско побудија интерес во славистичката наука со објавувањето на една дописка од солунското село Висока во весникот "С†ветник" (7.10.1863 г.). Овој текст упатуваше на многу архаичен говор, вели професорот.
Сепак, посериозното откривање на македонскиот јазик во европската наука се случило со истражувањата што при крајот на 18 век во Солунско ги вршел Словенецот Ватрослав Облак, односно со објавувањето на неговата книга "Macedonische Studien" (Виена, 1896 - посмртно издание).

Истражувањата на француски научници во 1920
Двајца француски научници во дваесеттите и триесеттите години на минатиот век, во Париз објавиле неколку сериозни публикации посветени на македонските говори. Професорот Пеев го споменува Андре Мазон (1923 година - "Contes slaves de la Macedoine sud-occidentale"), во кое дело ги претставува говорите на неколку села во Леринско и Костурско. Истиот автор напишал и трудови за македонските говори во југозападниот дел, од кои, по своето значење се изделува "Documents contes et chansons slaves de L'Albanie du sud" (Париз, 1936 г.), во кој го обработувал архаичниот говор на селата Бобошчица и Дреновени - Кочанско. Две години подоцна, тој од југозапад, заедно со А. Вајан одат на југоисток и го претставуваат говорот на солунското село Кулакија преку едно изборно евангелие: "L’evangeliaire de Kulaki, un parler slav du Bas-Vardar" (Париз, 1938 г.).

Истражувањата меѓу двете светски војни
Меѓу двете светски војни како најсериозен истражувач на македонските говори се јавува професорот од Краков, Мјечислав Малецки. Тој интересот го насочил кон периферните говори: солунскиот (Dwie gwary macedonskie. Sucho i Wysoka w Solunskiem – Krakow, 1934, 1936) и костурскиот (Tekst gwarowu z Kosturskiego – Krakow, 1934) и притоа забележал ред архаизми, но и иновации.

Дејан ТРАЈКОСКИ

Извор: ВЕЧЕР



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Јануари 12, 2020
Mudreci.pustina1

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше убеиен од Ирод.Наскоро Елисавета премина, а Св Јован остана сам во Пустината каде што Бог и Ангелите се грижеа негоСв Јован целиот свој живот ќе го наговестува народот за…
Ноември 24, 2019
7.Vselenski.sobor

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните култури. Динамиката на културните размени меѓу Скопје и Истанбул со овој проект се обележува низ значајните пунктови на тие релации (јазик – литература и историја – култура) со…

СИТЕ ТИЕ МУСТАЌЛИИ (од колекцијата на Националната Галерија на Р. С. Македонија)

Ное 07, 2019 Друго од култура 535
7.Vselenski.sobor
Портретната уметност од минатите епохи изобилува со слики и скулптури на луѓе со мустаќи…

Двеста години од раѓањето на Дичо,зографот кој почна нов правец во црковната уметност

Окт 19, 2019 Наука и Религија 605
Има една интересна случка поврзана со Дичо Зографот што ја раскажуваат неговите потомци.…

„АВИЈАТИЧАРОТ“ ОД ЕВГЕНИЈ ВОДОЛАЗКИН добитник на наградата „BookStar 2019“

Окт 08, 2019 Литература 560
Гостувањето на моментално рускиот писател број 1 на сите светски листи – Евгениј…

Беседи

 о. Горан Стојчевски:  МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

о. Горан Стојчевски: МАЈЧИНСКАТА ЉУБОВ И СИНОВСКИОТ ОДНОС

Во Светото Евангелие, како и на фреските и иконите што ги доловуваат сите искупителни и спасителни моменти од сведоштвото на Богочовекот, преку кои човекот и светот се спасени, наидуваме и...

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Отец Методиј Митановски: ЗА БЛУДНИОТ СИН

Кога го слушаме Евангелието за блудниот син најголем проблем е што го поврзуваме со други луѓе а не со самите нас.Така секогаш се сеќаваме на некој мал човек што прокоцкал...

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Митрополит Европски Пимен: Беседа за Блудниот син

Но да си споменеме и дека има браќа (како братот од денешната парабола) кои ќе стојат на вратата и ќе роптаат кон таткото зошто нè примил и кои ќе се...

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Беседа за блудниот син (втор дел) (29.02.2020)

Да дојдеш на себеси е да видиш дека без Бог си гол и бос, и дека без Бог си никој и ништо, и дека без Бог си ветер и магла,...

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

Беседа за блудниот син (прв дел) (16.02.2020)

 Бог и Отец на секого од нас подеднакво, без збор и без услов, ни ја дава полнотата на Својата благодат. Од нас самите, од нашата слободна волја зависи како ќе...

Св.  Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Св. Григориј Палама - Беседа за блудниот син

Ќе настане глад - рекол Пророкот, оплакувајќи го Ерусалим - но не глад за леб и вода, туку чулен глад за словото Божје (Ам. 8, 11). Глад, тоа е состојба...

 Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Неделата на блудниот син: Враќањето од прогонство (16.02.2020)

Во третата недела од подготовката за Великиот пост, ние ја слушаме параболата за блудниот син (Лк 15,11-32). Параболата и химните што се пеат тој ден, зборуваат за покајанието како за...

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

СРЕТЕНИЕ СО ТАЈНАТА ХРИСТОВА - Митрополит Струмички Наум

Заради соединувањето според Ипостас, Богочовекот Христос немаше потреба, Он лично како Бог – како една сложена Божествена Ипостас која во себе содржи две природи неразделно, неслиено, неразлучно и непроменливо соединети...

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

БEСEДА за Чoвeкoт кoј никoј нe Гo знаe

Кадe и да сe сака нeкoe дoбрo вo свeтoт да сe надгради, Oн e пoчeтoк. Бeз Нeгo нe сe мoжe. Акo сe сака да сe искoрeни нeслoгата и злoбата вo...

« »