логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Магистерски труд на Софија  Грандаковска

 

3. Молитвата и жртвата

 

 3.1. Иако божјите херои биле слични со луѓето според своите страсти, сепак човекот ја барал нивната наклонетост. Боговите не се одликувале со етичка светост (Џемс, 1990, 295-296), но сепак, во свеста на Хелените постоело сознанието дека од Бога се бара само добро. Затоа, треба да подвлечеме: молитвата и во хеленската книжевност е барање добро. Таа е тесно поврзана со жртвата. Кога еден хеленски автор ќе напишел молитва или упатувал молитва, тоа по автоматизам значело жртвување. Овој момент го носи единството во разбирањето на хеленската молитва. Оттука молитвата и жртвата се јавуваат како единствени облици на богослужење преку коишто дури и Хомеровите јунаци остваруваат врска со своите богови.  

3.2. Како конкретен пример го посочуваме дијалогот меѓу Хектор и неговата мајка (270-275), кој ѝ вели да ги собере тројанските жени да се упатат кон храмот на Атена и да ѝ принесат жртва и молитви: 

„Туку собери ги ти старичките смерни и појдиСега во храмот н’Атена пленачката с’темјан и кадеж;Сајата, што ти се чини најголема и најарна тебе,И што од сите што г’имаш во куќата најмила ти е,На краснокосата Атена на кољена да и ја кладеш,И да је жртва во храмот дванаесет јунички ветиш,Млади, невпрегнати в јарем за милости д’има кон градот...“[1] 

Извадокот ни открива на кој начин и со какви дополнителни ритуали биле вршени жртвувањата и молитвите. Во самата молитва која била притоа упатувана, забележуваме дека таа била проследена со извесни гестови, како што е: „тие со тажења сите подигнале раце н’Атена.“[2] Молитвената структура започнува со инвокација: „Силна заштитнице градска, о богињо дивна Атено!“,[3] продолжува со давање аргумент за молитвата и завршува со барањето, како трет конститутивен елемент на молитвената структура, а тоа е барањето милост за заштита на градот, како и на тројанските жени и на нивните деца. 

3.3. Семантизмот на молитвата во нејзината етимологија открива синонимност со поимите колење и убивање. Во контекст на нашите истражувања врзани со значењската димензија на молитвата, нејзиното потекло и говор, можеме да констатираме дека молитвата во себе ја содржи, без исклучок, бинарната опозиција на нештата. „Постојаното гонење и убивање дивеч, најпосле создало систем на односи sui generis помеѓу ловецот и отепаните животни.“ (Елијаде, том I, 2005, 10) Оваа врска Елијаде уште ја нарекува и мистична солидарност меѓу ловецот и дивечот преку чинот на убивање, кога пролеаната крв не е различна од онаа на човекот. Извесната сродност на овој план зборува за жртвување, каде жртвите меѓу себе се менуваат. Ваквото верување е од неизмерна важност во контекст на еволуцијата на молитвата и пред-религиозниот говор, како говор за осознавањето на човекот во младиот палеолит. Во продолжение на овие податоци, не смее да се одмине од системот на значења: самиот лов како носител на семиотичкото поле владеење со далечината и семантичката длабочина на висината, далечината, упатувањето молитва кон [...] Овие атрибути ги носат и значењскиот ситем на молитвата.  

3.4. Од друга страна, пештерското сликарство и ритуалното убивање на животното, говорат за најраната ритуална кореографија на верувањата како систем на знаци кој ги одбележува најраните молитвени повици на човекот. Симулакрумскиот гест, од своја страна говори за верување во душа способна да го напушти телото. Телото на животното кое ја напушта душата станува храна за човекот. Иако тој систем со сигурност ниту може да се реконструира, ниту да се објасни до крај, сепак таквиот симболичен јазик говори за еден систем во кој се препознава молитвата како првичен крик за себеконцептуализација на човекот. Палеолитската археологија дава значаен аргумент за магиско-ритуалната функција на молитвата која била практикувана во пештерите. Синкретичниот обред кој го обединува танцот, ритуалот и магиската формула составена од гласовни и фразеолошки обрти при изговарањето на името на животното, се постигнувал ефект на оддек (Павловић, 1996, 19) или ехо во пештерската внатрешност како одговор на принесеното барање за добар лов. Во тој симулакрумски одек е содржана релацијата ’јас-ти’ како елемент на молитвениот говор. 

 



[1] Хомер. Илијада. Шеста песна: Средба на Хектор и Андромаха, 1982, 124.
[2] Иб.,стр.125.
[3] Хомер. Илијада. Шеста песна: Средба на Хектор и Андромаха, 1982, 124.


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 235
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 684
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 902
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Повторување (30.05.2020)

За неделата на Светите отци од Првиот Вселенски Собор имав намера да пишувам за молитвата што ги опфаќа сите луѓе и секој човек што конкретно страда, ама за кого... Денешните...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

« »