логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ambient2.jpg

Кога организаторите на овој научен симпозиум, во рамките на Галичката книжевна колонија (август, 2008), ми ја јавија темата и мè поканија да земам учество во неа, синтагмата Каменот и копнежот ја доживеав како учество во полисемичен свет во кој - каменот и копнежот - иако амбивалентни, ги доживеав како спој на конкретното и апстрактното, од којшто треба да се вербализира едно доживување за вистината и смислата на поетското постоење како човечка задача, односно за нераскинливата врска меѓу животот и смртта. Се запрашав: што е тука каменот, а каде е тука копнежот? Дали каменот е животот или пак, каменот е можеби смртта? Дали каменот е ладен како што е студена смртта или пак, каменот е животот, како копнеж по оставање цврста трага на нашето човечко постоење? И така натаму. Конкретниот одговор како видливо сведоштво е невозможен, но е сепак достапен како напор, како копнеж по него.

Првите две асоцијации коишто ми ги предизвика оваа амбивалентна врска меѓу каменот и копнежот, се поврзани со сеќавањето на две историски личности, сосема различни по своето размислување и делување: првиот, според мене, една од најексцентричните личности на XX век, режисерот Луис Буњуел и втората личност, св. Симеон Столпник, јуродив монах од IV век. Нивната врска не е во тоа што Луис Буњуел снимил филм за Столпник (1965), ниту пак, нивната разлика е во тоа што припаѓаат на различни сфери на делување и животна философија. Нивната поврзаност ја наоѓам како антропо-семиотичка димензија на прашањето за вечноста на каменот и на копнежот, за животот и за смртта, цврсти како каменот, но во исто време апстрактни и недостижни како копнежот. Да објаснам зошто.

На врската меѓу каменот и копнежот ме навратија неколку реченици од мемоарските белешки на Луис Буњуел во Мојата лебедова песна (Mon Dernier Soupir, 1982). Тој, ја открива оваа врска како прашање за животот и за смртта: „Помислата на смртта ми е одамна блиска. Ќе умрам, а смртта за мене ќе остане тајна. Понекогаш себе си си кажувам дека би сакал да знам, но што да знам? Сепак, се прашувам како ќе умрам.“ (Beograd, 2004, 265)
Не постои живот без смрт, како што не постои смрт без живот. Сознанието за тоа е цврсто како камен. Но копнежот кој е желба, животна страст за сознание, но и како една големо жалење кога им се кажува збогум на сонцето, планините, водите (...), е човечко признание за она што останува како неосознаено – што ќе се случува после мене, после нас. Човековата неможност да го претвори копнежот во камен, во цврсто сознание - не го укинува тежнението за тоа кое е недостижно. Туку, уште повеќе поттикнува и го поздравува сознанието како камен да остане како копнеж по каменот, по трагата, по цврстината, по сигурноста, по патот и парадоксот на постоењето. Еве како Буњуел го решава каменот во копнеж и потоа копнежот во камен, како пат до својот мир, како природно измирување на антагонизмот меѓу животот и смртта, одлично режисерски, но човечки апсурдно и шегобијно: „Оваа љубопитност во врска со тоа што ќе биде после мојата смрт, порано не сум ја имал, или пак, била помалку изразена, бидејќи мојот свет не се менуваше така брзо. Морам и нешто да признаам: и покрај тоа што го мразам ширењето на информациите, би сакал да станам од мртвите на секои десет години, да отрчам до првата трафика и да купам весник. Ништо повеќе од тоа не би барал. Со весник под мишка, онака блед, би ударал по ѕидовите и би се вратил на гробишта да читам за почестите во светот. А потоа, би заспал повторно, задоволен што сум мирен и заштитен во гробот.“ (Beograd, 2004, 267)

Оваа превртена ситуација, како друга димензија на постоење, кажува за човечката сила колку е таа голема, но и трошлива во однос на носењето на животниот камен, за слабеењето на таа сила кога се станува уморен од копнежот за вечна будност. Она што особено импонира во сета оваа амбивалентост, е наоѓањето мир во сознанието дека ниту каменот е само камен, ниту цврстината е сама по себе само тоа, ниту пак копнежот е само тежнение, само сон или мечта како недофатлива категорија. Импонира менливоста на цврстината и копнежот по нејзината вечност, затоашто е природна категорија. Природата е каменот, природата е копнежот. Како што рекол Сенека1,  мудар човек е оној којшто ја сфаќа менливоста на нештата и заради тоа неодминливо мора да се занимава со самиот себе. И тоа е стоичка задача. Копнежот во овој случај е каменот, цврстото правило на менливоста на нештата за кои сме мислеле дека се цврсти како камен.


  1Сенека. Види Книга прва во: Писма пријатељу, (Београд: Дерета, 2003).

Метафотата за каменот и копнежот поврзана со св. Симеон Јуродив, е повеќе од илустративна: тој минува четириесет години од својот живот на врвот на еден висок камен столб во сириската пустина, во деноноќна молитва. Како јуродив монах своето мачеништво го минува како жртва Христа ради, односно во аскетски амбиент, којшто ќе го однесе во прегратките на Бога како највисока инстанца.

Каква е големината и цврстината на семиотиката на каменот за да се мине животот четириесет години на него, низ примерот на овој јуродив монах? Каква е големината на копнежот да се спои со Бога? Откриваме, кога тој на својата мајка й вели: „Не вознемирувај ме сега, мајко моја, ако се удостоиме, ќе се видиме во оној свет.“ (Пролог, 2001, 568)

Безумноста заради Христа претставува неодминливо висок квалитет за свест за животот, за вечно почитување на човековото јаство, што не е производ на интелектуален стремеж, туку на внатрешното esse,  како култура на срцето. Така, мотивот за одлуката на Столпник да го прифати патот на лажното лудило, е пред сè, напор за надминување на опасноста да биде сметан за свет човек, а во  нагласување на човечката понизност пред вечноста.

Секако дека современиот човек тешко дека би се согласил со јуродивиот подвиг, суров и отповеќе безумен, преку силата на божествениот повик, да го ’оди’ патот на каменот и копнежот. Но, како и во примерот со Луис Буњуел, така и овде, верувам дека ќе се согласиме, дека  играњето неразумен заради Христа, импонира во носењето висока теологија на постоењето. Таа се озаконува како дијалектичка игра меѓу каменот и копнежот, меѓу животот и смртта на човекот. Напуштањето на каменот, на земјата, на тлото – ја покажува менливоста, метаморфозата на човечкиот живот, чијшто постојан придружител е копнежот како активен принцип за повторно пронаоѓање на цврстината, на тлото, на каменот, на вечното, сакралното, трансцендентното.

Дијалектичката игра на каменот и копнежот низ примерите на Буњуел и Столпник, се олицетворува во еден вид на теологија на шегувањето, но и на парадоксот, апсурдот за тоа што е конечно (кога тоа би бил каменот) и што е беснонечно (кога тоа би бил копнежот).

Затоа, земајќи ги каменот и копнежот како поетски метафори за човековото битисување, разбираме дека тие го успокојуваат тежнението, го смируваат она што се труди да се дефинира, а нема дефиниција. Оттука, и поезијата како најран човечки говор е копнеж, желба, страст по истиот тој мир, по космизацијата (на духот, умот) на Буњуел и Столпник, и не помалку на секој еден од нас. И тоа од секогаш. А, зошто поезијата? Бидејќи науката нема одговор или пак, таа сака да го стесни одговорот на она кое е неодговорливо по својата природа. Бидејќи поетските метафори се и камен и копнеж во исто време за човечкото битие, чијшто копнеж да стане цврст како камен, се измолкнува и си олеснува токму преку истиот копнеж за вечна динамика. Игра.


Затоа што, она што сега е камен, утре станува копнеж. Копнежот утре – камен. И сè така.

 


 

Друго:

sv.Simeon.Stolpnik.jpg


Софија Грандаковска- КАМЕНОТ И КОПНЕЖОТ

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 446
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 947
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1172
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Митрополит Европски Пимен: "Од ближниот ни доаѓа и животот и смртта.“, Плаошник (09.08.2020)

Ако го избереме животот треба да се трудиме да бидеме семилостиви кон сите и кон сé. Семилостиви како оној кој го носел тоа име, како светиот Пантелејмон. Човекот кој ги...

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Ниту популизам, ниту индиферентност; туку пастирска грижа (08.08.2020)

Тоа, секако, зависи и од односот на луѓето кон Него: прво, Неговите ученици се во однос на послушание кон Него – тие се отворени кон Него и подготвени да прифатат...

БEСEДА  за лажнитe учитeли

БEСEДА за лажнитe учитeли

Чoвeкoт на oвoј свeт e вo вoјна. Бoрбата e нeпрeстајна, а нeпријатeлитe сe мнoгубрoјни. Пoмeѓу најoпаснитe нeпријатeли спаѓаат лажнитe учитeли. Самo акo чoвeчкиoт ум e впeрeн вo Бoга, чoвeкoт ќe...

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Митрополит Струмички Наум: Екстремно одрекување – екстремни дарови (01.08.2020)

Спомнатите и ветени од Бог екстремни дарови, не се однесуваат толку на материјалното колку на духовното. Тоа се даровите на умно-срдечната молитва, на суштинско просветлување на умот, на расудување, на...

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Митрополит Кумановско-осоговски д-р Григориј:Ние сме возљубени Божји созданија, кои имаат можност да создадат сопствен начин на постоење...“

Епископскиот чин што денеска преку вас го примам, го разбирам како служење, што во себе ги обединува и најголемата чест и свеста за сопственaтa немоќ. Има ли поголема чест и...

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Бесчувствителност (25.07.2020)

Инаку, ако дозволиме прелеста да навлезе во нас, дали преку страстите на срцето (сластољубие и среброљубие) или преку страста на паднатиот ум (славољубие), таа потоа станува сеопфатна состојба која ги...

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Викарен Епископ Јаков Стобиски:„Не плашете се да страдате...“

Се одрекуваме од Крстот Христов ако на прекорот враќаме со гнев и бунт, праведен или неправеден, без разлика. Се одрекуваат од Крстот Христов децата кои се непослушни кон родителите, оти...

БEСEДА  за спасeниe на душата какo крај на вeрата

БEСEДА за спасeниe на душата какo крај на вeрата

Никoј нe патува заради патoт туку заради нeкoј или заради нeштo, штo гo oчeкува на крајoт на тoј пат. Никoј нe гo фрла јажeтo вo вoдата вo кoја нeкoј сe...

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Прелест на умот и прелест на срцето (18.07.2020)

Како што рековме, има лажна состојба (прелест) на умот, но има и прелест на срцето. Првата прелест настанува поради прифаќање и усвојување лажни мисли, а втората од прифаќање и усвојување...

« »