Духовност
Научни трудови
Софија Грандаковска - КАМЕНОТ И КОПНЕЖОТ
| Софија Грандаковска - КАМЕНОТ И КОПНЕЖОТ |
|
|
|
Кога организаторите на овој научен симпозиум, во рамките на Галичката книжевна колонија (август, 2008), ми ја јавија темата и мè поканија да земам учество во неа, синтагмата Каменот и копнежот ја доживеав како учество во полисемичен свет во кој - каменот и копнежот - иако амбивалентни, ги доживеав како спој на конкретното и апстрактното, од којшто треба да се вербализира едно доживување за вистината и смислата на поетското постоење како човечка задача, односно за нераскинливата врска меѓу животот и смртта. Се запрашав: што е тука каменот, а каде е тука копнежот? Дали каменот е животот или пак, каменот е можеби смртта? Дали каменот е ладен како што е студена смртта или пак, каменот е животот, како копнеж по оставање цврста трага на нашето човечко постоење? И така натаму. Конкретниот одговор како видливо сведоштво е невозможен, но е сепак достапен како напор, како копнеж по него. 1Сенека. Види Книга прва во: Писма пријатељу, (Београд: Дерета, 2003). Метафотата за каменот и копнежот поврзана со св. Симеон Јуродив, е повеќе од илустративна: тој минува четириесет години од својот живот на врвот на еден висок камен столб во сириската пустина, во деноноќна молитва. Како јуродив монах своето мачеништво го минува како жртва Христа ради, односно во аскетски амбиент, којшто ќе го однесе во прегратките на Бога како највисока инстанца. Каква е големината и цврстината на семиотиката на каменот за да се мине животот четириесет години на него, низ примерот на овој јуродив монах? Каква е големината на копнежот да се спои со Бога? Откриваме, кога тој на својата мајка й вели: „Не вознемирувај ме сега, мајко моја, ако се удостоиме, ќе се видиме во оној свет.“ (Пролог, 2001, 568) Безумноста заради Христа претставува неодминливо висок квалитет за свест за животот, за вечно почитување на човековото јаство, што не е производ на интелектуален стремеж, туку на внатрешното esse, како култура на срцето. Така, мотивот за одлуката на Столпник да го прифати патот на лажното лудило, е пред сè, напор за надминување на опасноста да биде сметан за свет човек, а во нагласување на човечката понизност пред вечноста. Секако дека современиот човек тешко дека би се согласил со јуродивиот подвиг, суров и отповеќе безумен, преку силата на божествениот повик, да го ’оди’ патот на каменот и копнежот. Но, како и во примерот со Луис Буњуел, така и овде, верувам дека ќе се согласиме, дека играњето неразумен заради Христа, импонира во носењето висока теологија на постоењето. Таа се озаконува како дијалектичка игра меѓу каменот и копнежот, меѓу животот и смртта на човекот. Напуштањето на каменот, на земјата, на тлото – ја покажува менливоста, метаморфозата на човечкиот живот, чијшто постојан придружител е копнежот како активен принцип за повторно пронаоѓање на цврстината, на тлото, на каменот, на вечното, сакралното, трансцендентното. Дијалектичката игра на каменот и копнежот низ примерите на Буњуел и Столпник, се олицетворува во еден вид на теологија на шегувањето, но и на парадоксот, апсурдот за тоа што е конечно (кога тоа би бил каменот) и што е беснонечно (кога тоа би бил копнежот). Затоа, земајќи ги каменот и копнежот како поетски метафори за човековото битисување, разбираме дека тие го успокојуваат тежнението, го смируваат она што се труди да се дефинира, а нема дефиниција. Оттука, и поезијата како најран човечки говор е копнеж, желба, страст по истиот тој мир, по космизацијата (на духот, умот) на Буњуел и Столпник, и не помалку на секој еден од нас. И тоа од секогаш. А, зошто поезијата? Бидејќи науката нема одговор или пак, таа сака да го стесни одговорот на она кое е неодговорливо по својата природа. Бидејќи поетските метафори се и камен и копнеж во исто време за човечкото битие, чијшто копнеж да стане цврст како камен, се измолкнува и си олеснува токму преку истиот копнеж за вечна динамика. Игра.
Друго:
Е-пошта
|
|||||||||||
| Следно > |
|---|
| Дома |
| Духовност |
| Иконопис и фрескопис |
| Манастирски туризам |
| Наука, Култура |
| Нешто неформално |
| Премин Магазин |
| За Нас |
| Downloads |
| Галерии |
| Промоција на "{x} - невидливо бело". од Митрополит г. Мето... |
| Дуци беее, па ... |
| 21/11/08 15:40 Повеќе... |
| Од babuska |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| SIROK SOKAK=SIROK PAT |
| 21/11/08 15:15 Повеќе... |
| Од M16TIK |
| Несоборливиот аргумент на господинот Иларион |
| Ц, немам мисио... |
| 21/11/08 15:03 Повеќе... |
| Од Б. |
| Божествена Литургија во манастир Св. Прохор Пчински, А... |
| pozdrav do o.Gavril i od ... |
| 21/11/08 14:55 Повеќе... |
| Од sofija |
| Младите битолчани учат за верата од холивудски филмов... |
| Ova pokazuva deka zetvata... |
| 21/11/08 12:47 Повеќе... |
| Од p.h. |
![]() |
ФРЕСКОПИСУВАЊЕ НА ПАРАКЛИСОТ ФРЕСКОПУСУВАЊЕ НАДВОР ОД ОЛТАРОТ |