логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 

Promoc.Monografija3.jpg



ПРОМОЦИЈА ВО МАНУ

 

Promoc.Monografija3.jpg

Promoc.Monografija3.jpg

Во Македонската академија на науките и уметностите на 21 ноември 2012 година, беше промовирана   монографијата под наслов Minerals from the Republic of Macedonia with an Introduction to Mineralogy (Минералите од Република Македонија со вовед во минералогија). Монографијата е дело на два¬есет¬годишна континуирана и систематска работа врз собирање, изучу¬вање и идентификација на минера¬лите од Македонија од страна на авторите Глигор Јовановски, Блажо Боев и Петре Макрески. Монографијата е напишана на англиски јазик и во себе, покрај другото, содржи краток вовед во минералогијата, потоа опис на четирите геолошки зони во Република Македонија и на вкупно 66 локалитети во Репуб¬ли¬кава од кои се собрани минералите, како и  комплетен опис на 80-тина изучени и иден¬ти¬фи¬кувани минерали, а наведени се и 50-тина минерали што допрва треба да се соберат и изучат. Станува збор за уникатна научна и популарна монографија којашто целосно е печатена во боја и содржи околу 750 ексклузивни фотогра¬фии на минералите. Изданието е наменето за запозна¬вање на светската и домашната научна и стручна јавност како и на сите други ентузијасти и заинте¬реси¬рани лица со непро¬ценливото природно минерално богатство на Република Македонија. Покрај дру¬гото, монографијата се оче¬кува да послужи и за попу¬ларизација на фирмите кои се зани¬маваат со експло¬атација на минералното богат¬ство во нашата земја, а ќе претста¬вува и полезна лите¬ратура за студентите кои изу¬чу¬ваат дисциплини како што се геологија, рудар¬ство, геохемија, минера¬ло¬гија, кристало¬графија, кристалохе¬мија и слично.
Инаку, досега собраните и изучени мине¬рали вклучени во монографијата ја чинат Збирката на минерали по потек¬ло од Република Македо¬нија што е поставена на Инсти¬тутот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во Македонија, инаку, посто¬јат и неколку други некомп¬летни збирки на минерали, како што се онаа на Факул¬тетот за природни и технички науки во Штип и при Природно-научниот музеј во Скопје.

 

Promoc.Monografija3.jpg

Promoc.Monografija3.jpg

 Promoc.Monografija3.jpg

 Promoc.Monografija3.jpg

Извор: МАНУ



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 226
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 676
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 891
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »