логоFacebookTwitterYouTubeeMail


ЦРНА АТЕНА, МАРТИН БЕРНАЛ (4) 
Валканите Грци и Дорците
 
 
 

 

Филхелените повеќе се интересирале за класичните Грци одошто за нивните херојски, но празноверни христијански и валкани „потомци“, а некои од нив дури и се обидувале да ги отпишат овие како „византизирани Словени“. Филхелените ја барале чистата суштина на Грција, пред таа да се извалка со расипаноста на Ориентот, а со нивната апотеоза дури и самите Антички Грци не успевале да ги достигнат новите високи стандарди. Тие стандарди сè повеќе почнале да бараат културна, јазичка и, конечно, „расна“ чистота и Фридрих Шлегел открил такви нови примери веќе во последната деценија од18 век, во Спартанците или во пошироките племенски групирања на кои тие им припаѓале, т.е. Дорците. Еве како Елизабет Росон, современ историчар за претставувањето на Спарта, ги опишува писанијата на Шлегел за Спартанците:

Од самиот почеток, Шлегел ги опишува Дорците со јазик што нè потсетува на јазикот што Винкелман го употребувал за општо опишување на Грците; слушаме за нивната милде Гроссхеит, „спокојна големина“, и вистина, за разлика од Јонците, кои полесно може да се поврзат со Ориентот, Дорците се постарата, почиста и поавтентична хеленска гранка, на која се должат двете суштински постапки на грчкиот дух, музиката и гимнастиката.

Забележете дека Шлегел и голем број подоцнежни автори ги изделуваат токму како суштински овие два невербални, ирационални и, ќе се дрзнам да кажам, „германски“ аспекти на грчката култура. Делото на Ниче под наслов „Раѓањето на трагедијата“, објавено во 1872 година, во кое музиката и дионисиската трагична страст се нагласуваат над аполонскиот разум, честопати се смета за радикално раскрстување со гледиштето на Винкелман за „спокојната големина“ на Грците. Тоа, всушност, и припаѓа на една германска традиција, која се навраќа преку поемите на Хајне во четириесеттите години од 19 век, до Хејне и до драмскиот писател Виланд во 18 век.

Во текот на 19 и 20 век германскиот култ кон Дорците и кон Лаконците, како и поистоветувањето со нив, и понатаму растело и го достигнало својот врв во Третиот рајх. Кон крајот на 19 век некои „фолкише“ (популистички, националистички) писатели сметале дека Дорците биле чистокрвни Аријци од север, можеби дури и од Германија, а секако биле гледани како многу блиски до Германците според својата ариевска крв и ариевски карактер.

Интересно е да се забележи дека голем број од водечките британски класичари од крајот на 19 век, вклучувајќи ги и Џон Пентланд Мејхафи и Вилијам Риџвеј, потекнувале од протестантска лоза од Ирска. Сите тројца со воодушевување гледале кон чистата северна, можеби и германска, крв на Дорците. Па така, настрана од учеството во општиот расизам својствен на времето, јасно е дека тие гледале аналогија меѓу односот на тевтонските Англичани со Ирците, кои ги сметале за „гранични Европејци“, и односот меѓу Дорците и народите што им биле подредени, домородните Пелазги и Хелотите. Риџвеј бил сосема доследен расист, кој, и покрај тоа што неговото семејство живеело во Ирска веќе 200 години, се фалел дека немал „ниту капка келтска крв во неговите вени“. Па така, до 1900, Спартанците, „вистинските“ Грци, се сметале за чисти во расна смисла и прилично северни. Состојбата не била толку екстремна на почетокот од 19 век, но притисоците се зголемувале.

Првиот непосреден напад врз античкиот авторитет и античкиот модел дошол од Карл Отфрид Милер. Милер е припадник на едно од првите поколенија кои учеле според образовниот систем на Хумболт. Тезата на Милер била локална историја на островот Егина. Иако делумно вдахновен од мермерните парчиња што неодамна пред тоа биле донесени од Егина во Германија, проектот бил совршен пример за романтичарски позитивизам. Како прво, како што посочува Гуч, првата локална историја на античка Грција личела на првата германска историја: таа на Оснабрик, напишана од страна на романтичарскиот конзервативец Јустус Мезер. Како второ, Егина е остров ‡ совршен ограничен простор згоден за исцрпно истражување. Уште поважен е фактот што на него живееле Дорци и што гледал кон Атина, главниот град на „расипаните“ Јонци.

Занимавајќи се со античкиот модел, Милер честопати упатува на комбинации и врски меѓу Грците и варварските свештенства. Тие, сметал Милер, говореле за некакви темелни односи меѓу различните религиозни системи и митови. Токму овие „подоцнежни“ контакти го создале погрешниот впечаток според кој Грција ја презела својата религија, своите митови и својата цивилизација како целина од Блискиот Исток; неговата главна техника за отстранување на овие доцнежни сраснувања бил „аргументот од тишина“. Тој во начело признавал дека автентично древни традиции понекогаш се јавувале само во „доцнежни“ извори ‡ впрочем, и самиот понекогаш се потпирал врз такви извори. Оттука, за одрекување на автентичноста на одредена легенда, му бил потребен некаков дополнителен критериум: мора да постоела некаква силна причина од самото време за измислување на легендата. Меѓутоа, во практика, самото непостоење на сведоштво се сметало за обвинувачко, особено кога Милер го напаѓал античкиот модел. Впрочем, тој и неговите следбеници ги користеле Хомер и Хесиод, но не како поети со широк спектар, туку како енциклопедии.

За нас, највпечатливото обележје на делото на Милер е фактот дека тоа во целост се базира врз традиционални материјали, кои отсекогаш им биле на располагање на учените луѓе. Во него ги нема доградбите на знаењето од 19 век. Античкиот модел паднал не поради нови откритија во самата област, туку затоа што тој не одговарал на доминантниот светоглед. Да бидам попрецизен, тој бил несомерлив со парадигмите на раса и напредок од почетокот на 19 век.

(Продолжува)

 


Демистификација на митот

Книгата „Црна Атена: Афроазиските корени на класичната цивилизација, Фабрикацијата на античка Грција 1785-1985“ од Британецот Мартин Бернал, која на македонски ја објави книгоиздателството „Табернакул“, е исклучително значајна студија што со научни аргументи потврдува дека постоењето на елинска или грчка култура и цивилизација е чиста фабрикација.

Првпат објавена во 1987 година, „Црна Атена“ како ретко која друга книга предизвикува многу научни дискусии, дебати и полемики, кои ја брануваат научната јавност во САД и во Западна Европа. Бернал, како што вели самиот, втората половина на својот живот му ја посветил на проектот „Црна Атена“, во кој со научни факти и аргументи докажува дека потеклото на античка Елада е афроазиско. „Нова Македонија“ ќе објави неколку продолженија од оваа книга.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 326
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 792
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 1032
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Слово за фарисеите (03.07.2020)

Кој им е проблемот на фарисеите, тогашни, денешни и на сите времиња? Тоа што постојано бараат грешка; но не баш кај секој, туку посебно кај оној на кого се фиксирани....

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како да ја достигнеме молитвата на срцето (01.07.2020)

И најважно од сѐ е – на секое зло да враќаме со добро, со љубов. За да ни биде дозволено да ја кажуваме оваа молитва треба и во мислите и...

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

О.Методиј Митановски: Беседа за 3-та недела по Педесетница

Важно е да напомнеме дека и покрај големите и епохални откритија на науката, животот на денешните луѓе не ѐ подобар. Напаротив создаден ѐ кај луѓето страв и немир, наместо радост...

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

Митрополит Струмички Наум: Кој се гневи, без причина, на братот свој (27.06.2020)

И така, не оди да се причестуваш со Светите Тајни Христови ако не си побарал прошка од братот свој, ако не си му одговорил со љубов или ако не си...

« »