логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

7.Vselenski.sobor

КОГНИТИВНО v.s. ИНСТИНКТИВНО


Кон „Свадбениот пат“ на Кристина Пулејкова

7.Vselenski.sobor
М-р Ана Франговска, виш кустос

Кога станува збор за новомедиумската уметност во Македонија, ретки се примерите на примената на најновите технологии, а уште помалку сме навлезени во доменот на интер и трансдисциплинарноста на уметноста со други области. Еден од сјајните случаи за овие најсовремени визуелни изрази во уметноста кај нас е примерот на младата уметничка Кристина Пулејкова која е стационирана во Лондон каде живее, работи, истражува и се надообразува. Таа има завршено Академија за ликовна уметност во Виена, одделение за сликарство и анимација, а потоа магистрирала на Универзитетот Сент Мартин во Лондон, на смерот за уметност и технологии. Самата нејзина обука го дефинирала пристапот на Пулејкова во кој ништо во ликовната уметност неможе да се претстави само и единствено преку ликовна форма, без притоа да се истражи и потпре на одредени други научни дисциплини кои во својот сплет ќе создадат неприкосновен визуелно-концепциски амалгам кој е повеќеслоен и не само што е трансмедијален и трансдисциплинарен, туку и анализира актуелни проблеми од доменот на политиката, екологијата и технологијата.
Проектот е насловен „Свадбен пат“ и претставува комплексна мултимедијална инсталација која вклучува видео дела снимени во студио со актери врз основа на претходно сценарио напишано од Пулејкова и кореографија изготвена од соработникот на проектот Џорџиа Тегоу кои се проектираат на водени екрани; холограмска проекција и видео во 360̊ - виртуелна реалност.
Концептот околу кој се дефинира и обликува наративот на проектот е приказната за европската јагула, која е ставена на листата на загрозени видови, а паралелно на европската јагула, Пулејкова локално, ја вклучува и охридската јагула, која природно се вбројува во редот на европските, но бидејќи патот на миграција и е вештачки спречен, таа сега артифициелно се мрести. Јагулата е мошне специфичен вид кој минува низ три животни фази созревајќи, од мала проѕирно-стакласта, преку возрасна жолта и сексуално зрела единка со сребрено „руво“. Таа, за да ја оствари својата репродукција, мигрира до Саргаското море, водена од сопствениот инстинкт, каде се случува љубовниот чин, кој истовреме е и последената карика на патешествието наречено егзистирање, т.е. потоа настапува нејзината смрт, а малите единки, носејќи го кодот на потеклото се враќаат назад по патот по кој поминале нивните родители. Чудесно патешествие дадено од природата кое на еден специфичен начин говори за миграцијата генерално, видена и низ перспектива на човекот, го третира чувството на мигрантот, дилемите, прашањата, припадноста, носталгијата, себе-идентификацијата. Охридската јагула требала да го има истиот пат, да го изнајде сопствениот одос на репродукцијата и опстанокот, но за жал во 1962 година на трасата на јагулата била изградена брана спрема Република Албанија, а денес се наоѓаат на таа линија уште 5 други брани. Со тоа природниот репродуктивен систем на јагулата е присилно запрен и од тогаш Охридското езеро вештачки се мрести со јагули. Овој дискурс го поставува на сериозно рамниште прашањето за човекото влијание врз еколошките катастрофи, од една страна, а исто така и политичкиот удел или перспектива од друга страна. Ги отвора дискурзивите за блокирање или отворање на границите, за различните типови на национализми, за честите човечки мигрирања на трасата Албанија – Македонија во разнодопски услови, од пребегнувањата во минатото од страна на албанската популација која се обидувала да се спаси од режимот на Енвер Хоџа или пак, поновите, трагични пребегувања на сириските бегалци кои го бараат сопствениот пат кон местото за посветла иднина за себе и своите деца (слично како и самите јагули).
Овој наратив, или концепт визуелно, Пулејкова го срочува во подвижни слики, така што во студио, снима танчари кои го интерпретираат таканаречениот „свадбен пат“ на јагулата. Две видеа со по три танчари (од кои секој претставува јагула во своето различно доба: дете, девојче и зрела мома) го интерпретираат магичниот танц, едните на јагулата од реката Темза од Лондон, Велика Британија, а другите на охридската јагула. Снимките се постпродукциски анимирани и дообработени компјутерски со ефекти на вода и чудесни водени светови. На овие видеа звучниот дизајн е на Анди Коутон, а надодаден е и текст, читан на англиски и македонски – своевиден дијалог помеѓу двете јагули – онаа од Темза и охридската, разменувајќи ги искуствата за своите различни патешествија.
Визуелната презентација на видеата на водени екрани –„површини“ создадени од тесно поставени компресирани млазови вода кои креираат своевидна треперлива, стакласта површина – еманира ефект на проектирање на проѕирна, холограмска слика или проекција која може да се гледа од двете перспективи (напред и назад). Од друга страна пак, видеото презентирано преку 360̊ – виртуелна реалност сетот, му овозможува на реципиентот да стане активен учесник и да се соочи со оваа чудесна и трагична приказна за охридската јагула. Иницира дебата за свесноста за катастрофалната состојба со охридската јагула, порачува да се создаде платформа за спречување на еколошките катастрофи, да се влијае врз климатските промени, да се проникнат билатералните разговори на кои би се дискутирал овој горлив проблем, би се срушиле браните и би се стопирале многубројните апсурдни состојби во еко-системот итн.
Овој проект говори за потрагата по заедничко тло, за човековото тежнение да досегне една идилична состојба на заедништво, на разбирање, на свет без пречки и бариери, свет на компромиси и решавања на проблеми и ситуации, а не нивно продлабочување. Со јазикот на визуелните прикази Пулејкова ја проектира македонската перспектива и стремење кон европската иднина – слично како онаа на нашата јагула, со цел индивидуата да се реализира на ниво на едукација, работа или потрага по подобар живот, никогаш не заборавајќи го своето потекло, својот корен, својата припадност. И таа самата, како мигрант, ги живее предностите и недостатоците од битисување далеку од сопствената земја. Овој проект е своевиден спекулативен прагматизам, бидејќи го надминува радикалниот емпиризам и философските премиси на Вилијам Џејмс, според кој разноликоста и искуството ги прават работите важни. Пулејкова ги собира искуствата од науката и сознанијата , ги преработува преку нови технологии, правејќи ги знаењата попристапни и потранспарентни, на тој начин директно поттикнувајќи продлабочени дискурси за општествено-политички состојби, екологија и други клучни проблеми на современите општества.
Феноменот за миграциите на јагулата и сагата на охридската јагула е тема обработувана и во други уметнички медиуми, како на пример во романот на Луан Старова „Патот на јагулата“ кој е исто така земен како клучна метафора во наративот за човековите премрежја и миграциите и бремињата на народите од Македонија и Албанија, како во минатото, така и во продолжените политики на сегашните времиња видени низ видоизменети перспективи и дискурси. Оттука, аналогијата јагула-човек е инспиративна парабола за современите миграции и трансферзали на потрага за егзистирање.
И наместо заклучок, во проектот „Свадбен пат“ на Пулејкова би го апострофирала аспектот на дивергентност и опонентност на човековата когнитивност и свесност, наспроти инстинктивноста на животинскиот свет предаден преку приказната за јагулата. Овој дуалитет дава ексклузивитет во наративот за вторите, бидејќи тенденцијата да се направи измена на вроденото сознание и природен процес е свесен обид на првите да се биде соучесник во природните катастрофи и изумирањата на видовите. Во преносна смисла ова може да се стави и во поинаква конотација, т.е. да се поистовети со релацијата на поголемите и поразвиени држави и народи, наспроти помалите и зависни општества и нивните граѓани, инстинктивно желни за слобода на мисли и утописко – безгранични простори.  

7.Vselenski.sobor

„Помислуваш за дома“

7.Vselenski.sobor

 7.Vselenski.sobor

 Национална галерија

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 10, 2020
3.angeli.so.truba

Емануел Рембер: Читањето е убава мрзеливост и вистински лек

-Чудно е тоа што изолацијата ја доживувам како миг во кој сè е замрзнато. Секако дека сè уште пишувам дневник. Но, во суштина малку пишувам. По неколку реченици на врвот од изолацијата. Ме обзема некое нерасположение. Оваа нова состојба ме води кон некоја…
Април 29, 2020
3.angeli.so.truba

„Ако има волја има и начин“ – Џорџ Бернард Шо

Бидете секогаш чисти. Бидејќи вие сте прозорот низ кој го гледате светот. Демократијата е процес кој ни гарантира дека никој нема да владее подобро од тоа што заслужуваме. Кога човек сака да убие тигар, тоа се нарекува спорт. Кога тигар сака да убие човек,…

Вангел Наумовски уметник кого Салвадор Дали го нарече „сликар од бајките“

Апр 06, 2020 Ликовна уметност 229
3.angeli.so.truba
Со името на охридскиот сликар Вангел Наумовски (22. 3. 1924, Охрид – 13. 6.2006, Охрид),…

Мала Историја на Христијанството и на Светот

Јан 12, 2020 Друго од култура 678
Mudreci.pustina1
Св Јован Крстител е дете на Првосвештеникот Захарије и Елисавета. Захарие веднаш беше…

Скопје и Истанбул се среќаваат во јазикот, литературата, историјата

Ное 24, 2019 Литература 894
7.Vselenski.sobor
– Градовите ја имаат функцијата на поврзување луѓе, вери и народи, како и нивните…

Беседи

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепиот (23.05.2020)

Бог е праведен. Сепак, на оние кои се одрекле од светот и световните работи им ветил стократно повеќе уште во овој живот, а плус и Царство Небесно: „Вистина ви велам:...

Храмот е срце

Храмот е срце

До тој Ден, којшто ние сме собрани данеска да го празнуваме. До денот, во којшто светлото Сонце на Правдата дошло да го осветли овој свет и да изгрее од гробот...

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Митрополит Струмички Наум: Пробивање низ темнината (18.05.2020)

Но, бидејќи над вистинската вера, низ вековите, незабележливо се наталожиле и одомаќиниле уште неколку темнини, денес, оној што ќе поверува, ќе треба да се пробие и низ овие темнини; а...

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Како се сведочи Човекот (16.05.2020 )

Откако ја стекнува нејзината доверба, Богочовекот Христос ѝ ја покажува и вистинската вера: „Жено, верувај Ми дека иде часот, кога ни во оваа планина, ниту во Ерусалим ќе се поклонувате...

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски: БЕСЕДА во Недела на Самарјанката(17.05.2020)

Телото ја прима онаа храна, која во суштина е еднаква со телото. Телото е од земјата и храната за телото е од земјата. Затоа телото во овој свет се чувствува...

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БEСEДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Слoвoтo Бoжјo e какo oган на кoјштo сe радува правeдникoт прeмрзнат вo студeнилoтo на oвoј свeт; и слoвoтo Бoжјo e какo oган кoј гo изгoрува нeправeдникoт, кoгo oвoј матeријалeн свeт...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Викарен Епископ Јаков Стобиски - Немам човек...

Да го фрлиме фенерот на Диоген, да се откажаме од потрагата по човек во темнината на овој свет и во сеопштата расчовеченост. Таа потрага за нас заврши во оној миг...

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

„Мрзливитe рацe брзo ги врабoтува ѓавoлoт а врeднитe - ангeлoт“

Вo oвoј свeт на нeпрeстајнo движeњe и нeпрeстајни прoмeни, чoвeкoт, сакал или нe, мoра да бидe врабoтeн, билo сo дoбрo, билo сo злo дeлувањe. Мрзливиoт чoвeк, всушнoст, нe e врабoтeн:...

« »