логоFacebookTwitterYouTubeeMail

И античките Македонци, како битолчани денес, не ги членувале именките со гласот „т“ на крајот. Ова го тврдат нашите научни работници kamenot.odrozeta.jpgТоме Бошевски и Аристотел Тентов, кои го проучуваа и дешифрираа средниот текст на Каменот од Розета.

На Каменот, пронајден во 18 век во местото Ел-Рашид во Египет, запишана е фараонска наредба од 196 година пр. н.е. од кралот Епифан Петти од династијата на Птоломеите, која потекнува од античка Македонија. Бошевски и Тентов тврдат дека средниот текст е пишуван со писмото на јазикот на античките Македонци. Корените на овој јазик потекнуваат од татковината на Птолемеидите кои живееле во јужна Пелагонија, кај ископините на денешниот град Птолемаида, кој се наоѓа 60 километри јужно од Битола.

Со анализирањето на текстот запишан на Каменот од Розета, Бошевски и Тентов дошле до сознание дека јазикот на античките Македонци оставил големи траги во денешниот македонски јазик. „Има околу 20 граматички правила, како што се формирањето еднина и множина, суперлативот кај придавките, формирањето пасивна форма на глаголот. Тука ја сретнавме и карактеристиката на битолскиот говор во однос на членувањето на именките. Имено, за битолчани се вели дека не знаат да зборуваат литературно, дека не ставаат 'т‘ на крајот од именките, на пример, столо, моливо и слично. Докажавме дека оваа неправилност што им се припишува, во суштина, води корени од античко-македонскиот јазик“, тврди Бошевски.

Интересно е и следново мислење. Според Бошевски и Тентов, античкиот јазик е променет во 10 век со појавата на кирилицата. Од Кирил и Методиј сега нè делат околу 1.200 години. Кога тие ја формирале кирилицата, од Каменот од Розета, исто така, ги делеле 1.200 години. „Значи, тие во свое време го знаеле античко-македонскиот јазик како што ние денес го знаеме јазикот на Кирил и Методиј. Анализиравме артефакт кој никој не може да го оспори и да нè обвини дека сме го измислиле. Тој е значаен за писменоста во целиот свет“, нагласуваат тие.

Трудот на Бошевски и Тентов е ставен на веб-страница на интернет: http://rosetta-stone.etf.ukim.edu.mk/. Според датотеката на „Google“, интересот за него е голем. Во последните четири-пет месеци, според посетеноста, е на првите места. „Пред извесно време дознавме дека нашиот труд може да се најде и како печатен материјал во книжарниците во Велика Британија и во САД, а искрено не знаеме како стигнал таму“, вели Тентов.

Инаку, домашната научна јавност многу е скептична за резултатите на Бошевски и Тентов, особено лингвистите. „Тие не можат да се ослободат од теоријата која е сосема погрешна за нас, дека Македонците заедно со другите Словени во 5 век дошле од зад Карпатите. Ние сметаме дека нашите корени се длабоко на Балканот. Негирање има априори без аргументи, но конкретни забелешки или критика со укажување на пропусти кои би можеле да ги најдат во нашиот приод нема. Зашто она што го направивме не е измислување некоја комплицирана математика. Резултатите се едноставни. За дешифрирање на текстот, место египетскиот јазик, ние го применивме македонскиот и дојдовме до резултати“, подвлекуваат Бошевски и Тентов.

Соња Тантарова-Груевска



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…
Март 28, 2019

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 161
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 169
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Срамота е младите да знаат повеќе странски, отколку македонски јазик

Фев 22, 2019 Литература 247
Foto
Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »