логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 


http://cooltura.mk/?p=48631

 drzavna nagrada goce delcev 1

 На конкурсот за државната награда „Гоце Делчев“ за 2013 година пристигнале вкупно 12 научни трудови. Избрани се „Македонија туристички бисер – туристички потенцијали и културно-историски знаменитости“ од авторите Тодор Чепреганов, Ратомир Гроздановски, Благоја Марковски и Дејан Николовски, „Learning and Ressoning in Cognitive Radio Networks“, од професорите Лилјана Гавриловска и Владимир Атанасовски и трудот „Медицинска генетика“ од д-р Мирјана Кочова, Гордана Илиева, Елена Шокарова Ангеловска, Светлана Кочева и Виолета Атанасовска.

Ова високо општествено признание за истакнати научни работници, на денот на одбележувањето на 111 години од смртта на најистакнатиот македонски револуционер, ја врачи претседателот на Одборот за доделување на наградата и претседател на МАНУ, академик Владо Камбовски.

Честититајќи им го високото признание на добитниците тој подвлече дека највисоката државна награда за научно дело го носи името на Гоце Делчев како признание дека неговата идеја за културната и свесната акција како најсилна движечка енергија претставува трајна заложба на македонската современост. Наградата, подвлече е и синоним на стремежот на севкупниот општествен научен и културен развој да се потпира врз сопствени сили и знаења, давајќи поттик на домашната наука да се фати во костец со предизвиците на иднината.


drzavna nagrada goce delcev 2

 Според академик Камбовски, Република Македонија стои пред вториот најголем предизвик од нејзиното осамостојување и независност од 1991 година – да се интегрира во европскиот простор на знаење, образование, наука и истражување и економски развој, кои, како што рече, се доминантна цивилизациска одлика на современото општество.

На доделувањето присуствуваше и министерот за образование и наука Спиро Ристовски, кој изрази задоволство од фактот што Комисијата во рамки на Министерството за образование и наука, предводена од академик Камбовски, која што ги утврдуваше сите трудови за постигнувањата во науката, денеска ќе ги додели трите признанија на носителите на државната награда и тоа во областа на здравството, во општествените науки и во областа на технолошко-техничките науки.

- За мене тоа претставува дополнителна потврда како министер за образование, во интерес на државата дека науката е оној двигател, кој што може да го обезбеди целокупниот раст и развој на Македонија во следниот период, посебно со особен фокус на развојот на научно-истражувачките дејности во делот на иновациите, рече Ристовски.

Наградата се состои во паричен дел од пет просечни плати по награден труд и статуетка со ликот на Гоце Делчев која годинава прв пат се доделува.

 


04.05.2014 | 16:51
Македонија

Македонија денеска одбележува 111 години од загинувањето на револуционерот Гоце Делчев. Македонската православна црква манифестацијата ја започна со панихида и литургија во црквата Свети Спас.

Владини делегации и делегации на Армијата, Ману, Советот на град Скопје, општина Центар,  политичките партии и неколку институти положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата Свети Спас и споменикот во центарот на Градот.

За историчарите ликот и делото на Делчев има непроценливо значење за Македонија бидејќи како идеолог организатор и водач во тоа време тој бил единствениот кој го обединил народот за сопствена победа.

Граѓаните се со поделени во мислењата дали денеска по еден век и една деценија од загинувањето на најголемиот револуционер Гоце Делчев Македонија достојно го почитува неговиот лик и дело.

Во негова чест во Собранието пак беше доделена и државна награда „Гоце Делчев“ за значајно остварување во областа на науката. Признанијата годинава беа доделени во областа на здравството, општествените науки и во областа на технолошко-техничките науки.

Докторите кои ја добија наградата паричните средства ќе ги вложат во набавка на литература од медицинска генетика за Клиниката за детски болести, со цел да се поттикне интересот кај младите лекари.

Годинава за првпат покрај паричната награда које во вреднст од пет просечни плати, беа доделени и статуетки со ликот на Гоце Делчев.

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Наука и Култура

Април 08, 2019

Како може да им се помогне на оние кои размислуваат за самоубиство?

Според проценката на Светската Здравствена Организација во просек 1 милион луѓе умираат годишно како резултат на самоубиство. Во позадина на суицидалноста најчесто стои екстремна нелагодност, неиздржлива емоционална болка и неподносливо страдање на кое…
Март 28, 2019

Светските научници и НАСА тврдат дека Македонија ја крие тајната за бесплатна енергија!

Алшар е единственото наоѓалиште на талиум во светот. Tалиумот е цврст сив метал и е токсичен. Употребуван е во електронската индустрија и за изработка на стакло. Исто така е употребуван и во отров за глувци и инсектициди. Лорандит или талиумов арсеничен…

95 години од раѓањето на Вангел Наумовски – уметникот кој за Салвадор Дали беше „сликар од бајките“

Мар 24, 2019 Ликовна уметност 161
Со името на охридскиот сликар, кого Салвадор Дали воодушевено го нарече „сликар од…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународен поетски зборник во Италија

Мар 07, 2019 Литература 169
Поетското дело насловено Брзина на сонот (итал. Il ritmo di un sogno) од македонскиот…

Срамота е младите да знаат повеќе странски, отколку македонски јазик

Фев 22, 2019 Литература 247
Foto
Младите подобро ги познаваат странските јазици одошто македонскиот јазик. Со цел да си…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »